Евровизија 2010 () беше 55. натпревар за најдобра песна на Европа. Се одржа во Норвешка, чија победа ја донесе Александар Рибак, којшто победи во 2009 година со песната „Бајка“ (англиски: Fairytale). Двете полуфиналиња се одржаа на 25 мај и 27 мај, а финалето, на 29 мај 2010. Победник беше Германија со песната „Satellite“ на Лена Маер-Ландрут. Второто место го освои Турција, а третото Романија.

Европската радиодифузија објави дека ќе се обиде оваа година да ги врати назад Италија, Монако и Австрија, но сепак тоа не се случи оваа година. На прес-конференцијата на 13 мај 2009 година, потврди дека земјите како Казахстан, Палестина и Катар не можат да се натпреваруваат, бидејќи географски се сместени надвор од европските граници. Новост на оваа Евровизија беше тоа што гласањето започна на почетокот и траеше за време на целиот натпревар, а заврши 15 минути подоцна од претставувањето на последната земја-учесник. Ваквиот начин на гласање беше застапен во двете полуфиналиња и во финалето. Оваа година 10 земји од двете полуфиналиња кои се пласираа во финалето беа избрани и од телефонското гласање, но и од стручните жириа. Вкупно 39 земји земаа учество на манифестацијата, со Грузија која се врати во натпреварот, додека Андора, Чешка, Унгарија и Црна Гора се повлеоа. Литванија на почетокот најави дека се откажува од учеството оваа година, но подоцна EBU објави официјален извештај во кој стои дека 39 земји ќе учествуваат на овогодинешната манифестација во кои е вклучена и Литванија.

Победата на Лена Мејер-Ландурт, ја носи Евровизија 2011 во Германија

Арена Норвешкиот министер за култура Тронд Гиске и директорот на НРК објавија дека во натпреварот ќе вложат 17 милиони евра (или 150 милиони Норвешки круни). Износот е помал од оној кој е потрошен во 2009 за Евровизијата во Москва, но е поголем од оној потрошен во 2007 во Хелсинки.

На прес конференцијата во Осло на 27 мај 2009 беше најавено дека шоуто ќе се одржи во градското подрачје на Осло. НРК објави дека тоа е единствениот град со доволно капацитет, простор и инфраструктура кој може да организира натпревар. На 3 јули 2009 година НРК за место на одржување ја објави новоизградената сала Теленор Арена во соседната општина Баерум. Салата, Осло Спектрум, каде што се одржа Изборот за песна на Евровизија во 1996 година, беше отфрлена од игра, поради помалата големина и капацитет.

Визуелен дизајн Националната Норвешка Телевизија ја објави паролата и дизајнот за натпреварот на 4 декември 2009, за време на официјалното пренесување на правилата за натпреварот помеѓу московскиот градоначалник и градоначалникот на Осло, одбележувајќи го официјалниот старт на почетокот на Евровизиската сезона за 2010 година. Темата на дизајнот се серија на кругови кои се пресекуваат, што би значело „поврзување на луѓето и нивните разнобразни емоции околу Евровизија 2010“. Во додаток на белата позадина, логото е создадено во црна, златна и розова. Дизајнот на сцената за прва пат беше претставен на 6 мај 2010, заедно со ЛЕД екраните и другите светлосни техники.

Водители

НРК ги објави имињата на водителите на 10 март 2010 година. Одбрани беа Ерик Солбакен, Хеди Жату Нџие и Надиа Хаснуи. Солбакен и Нџие ги отворија трите шоуа, ги претставија и пејачите, и репортираа од зелената соба во текот на гласањето, додека Хаснауи го презентираше гласањето и објавувањето на резултатите. Ова беше вторпат каде што повеќе од два водители го презентираа шоуто, по пробите од Евровизија 1999 во Ерусалим.

Гласање

На 11ти Октомври 2009 ЕБУ објави дека концепцијата на полуфиналињата ќе биде променета така што резултатите ќе бидат одлучени со комбинација на 50% натионално жири и 50% телефонско гласање, правејќи ги послични со финалето. Гласовите на секоја држава ќе бидат одлучени во комбинација на гласовите од жирито и телефонските резултати; првите десет држави со највисок број на бодови во секое полуфинале ќе се квалификуваат да учествуваат во финалето. Ова го променува форматот кој беше користен на Евросонг 2008 во Белград и Евросонг 2009 во Москва каде што деветте држави со највисок број на бодови од телефонското гласање во двете полуфиналиња во секое полуфинале се квалификуваа за во финалето. Десеттото место од двете полуфиналиња беше тогаш дадено на државата којашто освоила нависок број на бодови дадени од жирито,а којашто не се квалификува од телефонските гласови (како во Белград,кога Македонија беше 10та според телевотингот,а местото за во финале и беше дадено на Шведска,која беше изборот на жирито). На 26 октомври 2009 ЕБУ одлучи дека гласањето ќе биде отворено низ цел натпревар,пошнувајќи од изведбата на првата до последната песна и ќе заврши со екстра 15 минути по завршувањето на последната песна.

Можно враќање на оркестарот

Голем број на обожаватели почнаа кампања на друштвеното мрежно место Facebook, оркестарот да биде вратен на Изборот за Песна на Евровизија во Осло,Норвешка,за првпат од 1999 година кога оркестарот беше отфрлен од Евровизија. Оркестарот,користен од првиот избор за песна на Евровизија 1956 година, беше отфрлен после Евросонг 1998 (кога Македонија за првпат се приклучи во ова натпреварување). Причината поради која беше отфрлен оркестарот била токму заради најновите технолошки и музишки достигнувања, и воедно заради тоа пеењето на матрица стана повеќе користено.

Интервал

Интервалскиот акт вклучуваше неколку живи танцовни точки околу Европа, кои беа планирани од промотивни причини, но беа направени за да се појават серии на спонтани спотови. Надворешните снимки беа сечени и беа направени со помош од веб камери од поединечни приватни куќи. Питер Свар, портпаролот за прес на Евровизија во името на НРК, рече "Ние сакаме да го делиме Евросонг, наместо само да го емитуваме." "Седум и пол минутната песна, беше продуцирана и соавторски напишана од тимот Елемент а беше изведена од страна на групата Медкон.

Категоризирање

Во недела на 7 февруари 2010, се случи поделбата на земјите со цел да се одлучи кои земји ќе се појават во првото, а кои во второто полуфинале. Земјите кои учествуваат во годинашниов натпревар беа поделени во пет категории според тоа која земја за која најмногу гласала во минатите изданија на Евровизија. Од тие пет категории подоцна се направи ждребката кои земји ќе бидат во првото, а кои во второто полуфинале, како и кои земји ќе бидат во првата половина од полуфиналето, а кои во втората со цел делегацијата да знае кога започнува пробата за нивната земја. Ждребката исто така одлучи кога ќе гласаат земјите од „Големата четворка“ (Франција, Гернанија, Шпанија и Обединетото Кралство) и земјата победник Норвешка. Ждребката за редоследот во полуфиналињата, финалето, како и редоследот на гласање се одржа на 23 март 2010.

1 категорија 2 категорија 3 категорија 4 категорија 5 категорија

Земји учеснички thumb|right| thumb|right| Вкупно 39 земји учествуваат во годинашниот натпревар за најдобра песна на Европа, вклучувајќи ја и Грузија, која се враќа во фестивалот после нејзиното излегување минатата година кога на нивната песна „We Don't Wanna Put In“ и беше забрането да учествува, бидејќи содржи политички навреди, а тоа е спротивно на правилата на Евровизија.

Европската радиодифузна унија објави дека ќе работи напорно со цел да ги врати Австрија, Италија и Монако во Евровизија 2010. Во 2009 директорот на ЕРУ Бјорн Ериксен објавил за време на конференцијата дека Австрија ќе се врати и дека Европската радиодифузна унија има свои причини да верува дека Луксембург и Монако исто така би учествувале, а сега им недостига само Италија. Сепак претставниците од Австрија, Монако и Луксембург негирале дека ќе земат учество во годинашниот натпревар за најдобра песна. Австрискиот претставник Волфанг Лоренц дал образложени дека Австрија нема да учествува поради тоа што тие сметаат дека натпреварот е „уништен со новите правила“. „Теле Монте Карло“ исто така објавиле дека Монако нема да се врати на натпреварот и како причина ги навеле економските проблеми. Луксембург не учествува на Евровизија од 1993 година, а исто така нема да учествува ни оваа година.

Резултати

Полуфиналиња

Триесет и четири земји ќе земат учество во двете полуфиналиња кои ќе се одржат на 25 и 27 мај 2010.

Прво полуфинале Првото полуфинале ќе се одржи на 25 мај во Осло. Десетте земји кои ќе освојат најмногу бодови ќе настапат во финалето, на 29 мај. Германија, Шпанија и Франција имаат право на глас само во ова полуфинале.

# Држава Изведувач Песна Место во полуфиналето Бодови01СанСтрок Проект & Олиа Тира„Run Away“105202Петер Налич Бенд„Lost & Forgotten“77403Малком Линкон„Siren“143904Кристина„Horehronie“162405Кункуискајат„Työlki ellää“114906Аиша„What For?“171107Милан Станковиќ„Ово је Балкан“57908Вукашин Брајиќ„Thunder and Lightning“85909Марцин Мрозински„Legenda“134410Том Дисе„Me and My Guitar“116711Теа Гарет„My Dream“124512Јулиана Паша„It's All About You“67613Јоргос Алкајос & Пријателите„Opa“213314Филипа Азеведо„Há dias assim“48915Ѓоко Танески„Јас ја имам силата“1537163+2„Butterflies“959 17Хера Бјорк„Је ne sais quoi“3123

Второ полуфинале Второто полуфинале ќе се одржи во Осло на 27 мај. Десетте земји кои ќе имаат најмногу гласови ќе настапат во финалето, на 29 мај. Норвешка и Велика Британија имаат право на глас само во ова полуфинале.

# Држава Изведувач Песна Место во полуфиналето Бодови01ИнКулто„East European Funk“124402Ева Ривас „Apricot Stone“68303Харел Скат„Milim“87104Шани & Н'евергрин„In a Moment Like This“510105Мајкл вон дер Хајд„Il pleut de l'or“172 06Ана Бергендал„This is my life“1162 07Сафура„Drip Drop“211308Аљоша„Sweet People“77709Синеке„Ik ben verliefd, Shalalie“1429 10Паула Селинг & Ови„Playing with fire“4104 11Ансамбел Рока Жлиндре & Каламари„Narodnozabavni rock“166 12Нив Каванах„It's for you“96713Миро„Angel si ti“151914Џон Лилигрин & Ајландерс„Life Looks Better In Spring“1067 15Феминем„Lako je sve“1333 16Софо Нижараѕе„Shine“3106 17маНга„We Could Be The Same“1118

Финале

Финалето е закажано за 29 мај 2010 година во Теленор Арена, Осло, Норвешка. "Големата четворка" и земјата-домаќин, Норвешка, се директно квалификувани во финалето. Од двете полуфиналиња на 25 и 27 мај 2010 година, 20 земји ќе се квалификуват во финалето. Вкупно 25 земји ќе се борат за победа. Системот на гласање ќе биди ист како во 2009 година, со комбинација на жири и публика. Ждребката за редослед ќе се одржи на 22 март 2010 година.

# Држава Изведувач Песна Бодови Место во финалето 21 Сафура „Drip Drop“ 5 145 02 Даниел Дигес „Algo pequeñito“ 15 68 03 Дидрик Соли-Танген „My Heart is Yours“ 20 35 04 СанСтрок Проект & Олиа Тира „Run Away“ 22 27 05 Џон Лилигрин & Ајландерс „Life Looks Better In Spring“ 21 27 06 Вукашин Брајиќ „Thunder and Lightning“ 17 51 07 Том Дисе „Me and My Guitar“ 6 143 08 Милан Станковиќ „Ово је Балкан“ 13 72 09 3+2 „Butterflies“ 24 18 10 Нив Каванах „It's for you“ 23 25 11 Јоргос Алкајос & Пријателите „Opa“ 8 140 12 Џон Дубови „That Sounds Good to Me“ 25 10 13 Софо Нижараѕе „Shine“ 9 136 14 маНга „We Could Be The Same“ 2 170 15 Јулиана Паша „It's All About You“ 16 62 16 Хера Бјорк „Је ne sais quoi“ 19 41 17 Аљоша „Sweet People“ 10 108 18 Џеси Матадор „Allez! Ola! Olé!“ 12 82 19 Паула Селинг & Ови „Playing with fire“ 3 162 20 Петар Налич Бенд „Lost & Forgotten“ 11 90 21 Ева Ривас „Apricot Stone“ 7 141 22 Лена Мајер-Ландрут „Satellite“ 1 246 23 Филипа Азеведо „Há dias assim“ 18 43 24 Харел Скат „Milim“ 14 71 25 Шани & Н'евергрин „In a Moment Like This“ 4 149

Гласање за време на финалето Во финалето, се гласаше по следниот редослед:

<ol start="14">

<ol start="27">

12 бода