мини|250п|Главен влез на Елисејската палата

Елисејска палата () — палата во Париз и седиште на Претседателот на Франција и негова резиденција. Оваа намена Елисејската палата ја има уште од Втората Француска републија (1848 - 1851). Палатата се наоѓа во VIII округ во Париз.

Палатата во класицистички стил ја проектирал архитектот Арман Клод Моле. Изградена е во периодот од 1718 до 1722 и станала предмет на воодушевување во тоа време. Името го добила по авенијата Елисејски Полиња, која се наоѓа во близина на палатата.

Категорија:Згради и градби во Париз Категорија:Палати во Франција