алт=Илустрација од реклама за стручно училиште од 1916 година во задниот дел на американско списание|мини|Илустрација од реклама за стручно училиште од 1916 година во задниот дел на американско списание Општествената подвижност е степенот до кој се менува статусот на семејството на кое било лице или група во текот на животот преку системот на општествена хиерархија или општествена стратификација. Општествената подвижност исто така е и нивото кое може или не може да се достигне во класниот систем од страна на потомците на некое лице или група. Одредено лице или цело семејство може да достигне високо ниво во општествените класи или пак може да достигне многу ниско ниво во општествените класи, врз основа на достигнувањата или факторите кои се во рамките на нивната контрола. Тоа е социолошки концепт.
Меѓугенерациска и интрагенерациска подвижност
Интрагенерациската подвижност (во рамките на една генерација) се дефинира како промените во општествениот статус во рамките на одреден животен период. Меѓугенерациската подвижност(во рамките на повеќе генерации) е дефинирана како промените во општествениот статус што настануваат од генерацијата на родителите па сè до генерацијата на децата. Овие дефиниции се корисни кога се анализира како се менуваат промените во општествениот статус од еден до друг временски период и дали општествениот статус на родителите на лицето влијае врз општествениот статус на самото лице. Социолозите вообичаено се фокусираат на меѓугенерациската подвижност, затоа што е многу полесно да се опишат промените во рамките на повеќе генерации отколку во рамките на една генерација. Оваа информација им помага на социолозите да одредат дали нееднаквоста во културата се менува со тек на време. Меѓугенерациската подвижност се случува кога едно лице тежнее да ја промени својата општествена положба. Овој вид на промена е невозможно да се случи во некои општества. Во општествените системи каде луѓето се поделени на касти, не може да се случи општествена подвижност. Кастата во која се родило некое лице е кастата во која ќе остане целиот свој живот. Меѓутоа, во културите кои се засноваат на вредности, како на пример САД или Британија, луѓето можат слободно да се движат нагоре и надолу на општествената скала.
Интрагенерациската подвижност може да ја промени положбата на лицето на општествената скала. Ако поединецот се наоѓа на ниско ниво на општествената скала, тогаш тој или таа може да го подобри својот статус на пример доколку напорно работи, си најде подобра работа и сл. Пјер Бордо опишува три вида на капитал што овозможуваат едно лице да се класификува во одредена општествена категорија. Трите вида на капитал се: економски капитал, општествен капитал и културен капитал. Економскиот капитал претставува контрола над економските ресурси како што се парите и средствата. Општествениот капитал ги вклучува ресурсите кои едно лице ги стекнува врз основа на мрежи на влијание и врски и поддршка од други лица. Културниот капитал е секоја предност што на поединецот му овозможува повисок статус во општеството како на пример образованието, вештините или која било друга форма на знаење. Вообичаено, луѓето со сите три вида на капитал имаат висока положба во општеството.
Меѓугенерациската подвижност се случува во рамките на повеќе генерации. Оваа подвижност во некои случаи се заснова на успех во животот, а во некои случаи не се заснова на успехот во животот. Способноста и напорната работа влијаат врз општествената подвижност,но врз неа влијаат исто така и богатството на родителите, расата, полот и среќата. Фиона Дивајн ја напиша книгата „Практики во класата - како родителите им помагаат на своите деца да најдат добра работа” во која посебно се става акцент на меѓугенерациската подвижност и на тоа како влијаат родителите врз општествената подвижност на своите деца. Речиси секое поглавје се осврнува на силното влијание на образованието врз успехот во животот. Родителите исто така им помагаат на своите деца да се поврзат со одредени луѓе со цел да ја прошират општествената мрежа. Родителите кои можат да им создадат капитал на своите деца се трудат да ја зголемат општествената подвижност на своите деца. Неодамна истражувачите, кои собираа податоци за економската подвижност на семејствата во рамките на повеќе генерации, ја разгледаа можноста во однос на тоа каде се рангирани родителите по распределбата на приходот и дознаа дека 42% од лицата чии родители се наоѓале на дното на квантилот всушност и завршиле на дното на квинталот, 23% од нив завршиле на вториот квинтал, 19% завршиле на средниот квантил, 11% на четвртиот квинтaл и 6% на најгорниот квинтал.Data from the Panel Study of Income Dynamics (PSID). (2006). Institute for Social Science Research, University of Michigan, Ann Arbor .Овие податоци укажуваат на тешкотијата за нагорна меѓугенерациска подвижност.
Во однос на одгледувањето деца, Анет Ларо направи фасцинантна расправа во својата книга: „Нееднакво детство - Класа, раса, и семеен живот “. Таа опишува два начина на одгледување деца: инкорпоративна култивација и природно растење. Инкорпоративната култивација вообичаено се применува кај семејствата од средната класа и вклучува многу структурирани и организирани активности за детето. Тие се научени да го користат јазикот за дискусија со своите родители и возрасни луѓе и детето честопати ја стекнува смислата за почит при обраќање кон повозрасните лица. Природното растење е речиси сосема спротивно од инкорпорираната култивација. Случувајќи се главно во сиромашни семејства или во семејства од работничката класа, овој вид на одгледување деца не вклучува организирани активности и има јасна поделба меѓу возрасните и децата. Вообичаено децата голем дел од денот поминуваат создавајќи сопствени активности и едвај зборуваат со возрасни. Всушност, возрасните го користат јазикот со цел да ги упатат децата или им наредат на децата, но никогаш не го користат јазикот за да разговараат со нив. Овие два вида на воспитување деца може да влијаат врз меѓугенерациската подвижност. Децата кои растат во стилот на инкорпоративна култивација учат од своите родители како да разговараат со возрасни и како да се договараат со цел да го добијат посакуваниот исход од која било ситуација. Оваа вештина им овозможува да создадат општествени мрежи кои можат да им ја подобрат општествената положба. Децата кои растат во стилот на вториот начин се соочуваат со поголема тешкотија во однос на подобрувањето на својата општествена положба. За разлика од децата израснати со методот на инкорпоративна култивација,ним им недостасуваат вештини и смисла на обраќање, и како резултат на тоа не добиваат добра работа и притоа не ја подобруваат општествената положба. Децата кои биле израснати на природен начин учат да се согласуваат со авторитетни фигури наместо да се расправаат со нив и тие се во поголема предност од децата кои се воспитани со методот на инкорпорирана култивација во одредени сфери при вработувањето. Меѓутоа, тоа се најчесто сферите со дозвола за влез каде лицата се платени да ги следат наредбите, а не да размислуваат и како резултат на тоа се помалку платени. За разлика од нив, лицата од средната класа воспитани по методот на инкорпоративна култивација имаат вештини кои им помагаат да добијат високоплатена, престижна работа во канцеларија.
Апсолутна и релативна подвижност Апсолутната подвижност подразбира дека животните стандарди се зголемуваат во рамките на апсолутни услови: Вие сте подобар од своите родители,а вашите деца ќе бидат подобри од вас.Grusky, D., & Manwai, C. (2008). Social Stratification: Class race and gender in sociological perspective. Westview Press. Структурните промени, како на пример промените во стапките на професионалните структури подразбира дека има повеќе простор на врвот и притоа тоа резултира со високи стапки на апсолутна подвижност.. На пример, претпоставете дека едно лице ја започнува својата работна кариера со приход од 32.000 долари. Ако една деценија подоцна тој приход е 36.000 евра (прилагодувајќи се на инфлацијата), тогаш тоа лице имало нагорна апсолутна подвижност во однос на приходот.
Релативната подвижност се однесува на нивото кое поединците можат да го достигнат или до кое можат да се симнат во споредба со другите од нивната група на општествената скала.Grusky, D., & Manwai, C. (2008). Social Stratification: Class race and gender in sociological perspective. Westview Press. Со други зборови, релативната подвижност подразбира дека шансите за зголемување на релативниот приход се многу мали, ако вашето семејство е сиромашно. Тоа значи дека рангирањето на луѓето во општеството е флексибилно. Релативната подвижност се поврзува со отвореноста или флуидноста на општеството. Таа не е чувствителна на влијанието на структурните промени..На пример, претпоставете дека приходот на едно лице на почетокот на работната кариера од 32.000 долари една деценија подоцна се зголемува на 36.000 долари што е многу малку во споредба со повеќето луѓе кои успеале многу повеќе да го зголемат својот приход ,а започнале со својот професионален живот во рамките на истиот период.Овие лица успеале да ја зголемат својата апсолутна подвижност, но ја намалиле својата релативна подвижност. Релативната подвижност е феномен на рамнотежа, бидејќи зависи од општествената положба на поединецот.. Со други зборови, ако едно лице ја зголемило релативната подвижност, по дефиниција друго лице ја намалило релативната подвижност. Кај апсолутната подвижност не постои таков феномен.