Воен конфликт во Македонија од 2001 — вооружен конфликт кој започна кога албанската паравоена формација Ослободителна народна армија (скратено ОНА), формирана од ветерани од Косовската војна и востанието во Прешевската долина, ги нападнала безбедносните сили на Македонија.„Македонскиот јазол“- Ханс Лотар Штепан стр. 26. Конфликтот кој започнал во јануари, а продолжил во поголемиот дел од 2001 година, завршил со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август истата година. Воените дејствија траеле се до крајот на 2001 година, а помали инциденти се случиле во текот на следните години.

Според водачите на ОНА како главни причини за војната биле репресијата од страна на македонските власти врз употребата на албанскиот јазик во Македонија и забраната за употреба на албанското знаме во јавните институции, сепак одредени тврдења покажуваат дека ОНА имале намера областите со мнозинско албанско население да се отцепат од земјата и да се припојат кон Косово. Во текот на војната, голем број на припадници на Косовскиот заштитен корпус упаѓале на македонската територија, што формално правно значело дека Македонија е нападната од Косово, кој бил протекторат на Обединетите нации.

Вкупно 78 припадници на Македонските безбедносни сили го дале животот во борбите против терористите на УЧК во периодот од 1999 до 2002 година.

Албанците во Македонија

Албанците се најголемото етничко малцинство во Република Македонија. Тие главно се населени во северозападниот дел на Македонија. Најмногубројните албански заедници се сконцентрирани во областите околу Тетово (околу 70%), Гостивар (66%), Дебар (58%), Струга (56%), Кичево (31%), Куманово (25%) и Скопје (20%).2002 Census results Бројноста на албанското население во Република Македонија, започнувајќи од 1948 година, постојано се зголемува. Според официјални податоци, Албанците во Македонија во 1953 година биле 10%, во 1971 година 17%, во 1991 година 21%Vladimir Ortakovski (2001): Interethnic relations and minorities in the Republic of Macedonia, Sts. Cyril and Methodius University, Skopje . Како резултат на потребата за поткрепување на сопствените политички цели некои Албанци тврдат дека во Македонија живеат околу 30% Албанци од вкупното население, а од друга страна, од истите причини, некои Македонци, исто така, тврдат дека застапеноста на оваа етничка заедница значително помала и изнесува под 20% од вкупното население.

десно|мини|Македонски војник за време на воениот конфликт во Македонија десно|мини|Македонски војник за време на воениот конфликт во Македонија|десно|мини|Македонски војник отвора оган од митралез на тенкот Т-55

Вовед

На 8 септември 1991 година, во Македонија бил одржан Референдум за независност, со кој било изгласено осамостојувањето на Република Македонија. Во деновите пред Референдумот биле упатени повици до сите политички водачи и до граѓаните да одат да го дадат својот глас. Повикот бил прифатен од сите, освен од партиите на албанската националност кои повикле на бојкот, тврдејќи дека Албанците се обесправен народ. Така, граѓаните од албанска националност го бојкотирале Референдумот и одбиле на демократски начин да се изрази волјата на албанското малцинство во Македонија. Со добивање на независност од Југославија, Република Македонија е определена како република со повеќепартиски парламент. Собранието на Република Македонија, според Уставот на Република Македонија се состои од 120 пратеници. Новиот Устав ги утврдил карактерот и организацијата на државата, при што Република Македонија била дефинирана како суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Во реализација на политичкиот систем на државата, биле применувани и принципите на европска демократија, со посебна нагласка на развојот на граѓанското општество засновано на независно судство, слобода на здружување, негување и развој на меѓуетничките односи, слобода на вероисповедта и еднаквост меѓу половитеГраѓански и политички слободи и права.

Спротивно од сите поранешни југословенски држави, Република Македонија својата независност ја добила без воен конфликт и крвопролевања. По падот на првата т.н. експертска влада на Република МакедонијаИзвештај од А1 Телевизија по повод 15 години од првата влада на независна Македонија, власта била преземена од страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Во составот на владата од 1992 година влегла и Партијата за демократски просперитет, и во истата се задржила сè до падот на власта во 1998 година. Во 1994 година бил отворен нелегално првиот албански универзитет во Република Македонија, кој како државен универзитет останува непризнаен од властите сè до јануари 2004. Главни проблеми со кој се соочил СДСМ била приватизацијата, невработеноста и големата корупција. На парламентарните избори од 1998 година, власта била преземена од страна на тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во составот на новата влада од 1998 година влегла Демократската партија на Албанците. Новата власт во Македонија била исправена пред големи проблеми, и многу бргу започнала да ја губи довербата сред народот. Во ноември 2000 година, од владеачката коалиција излегла Демократската алтернатива, а нов коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ станала Либералната партија на Македонија. Политичките скандали и економските порази имале тешко влијание врз власта.

Македонија и Косовската војна

Во текот на Косовската војна во 1999, Македонија ги отвори своите граници на илјадници косовско-албански бегалци кои бегаа од Косово во Македонија. Според податоците од УНХЦР, на 17 мај имало 229,300 Косовско бегалци во Македонија. Бројот на албански бегалци во Македонија тогаш изнесувал повеќе од 11 % од вкупната популација на државата.“MACEDONIA: TOWARDS DESTABILISATION? The Kosovo crisis takes its toll on Macedonia”. International Crisis Group (ICG). 2001 Според Американскиот комитет за бегалци, околу 360.000"U.S. Committee for Refugees World Refugee Survey 2001 - Macedonia". United States Committee for Refugees and Immigrants. 2001 косовско-албански бегалци останале во Македонија после јули 1999, кој се изедначил на 18 % од населението во државата.

Македонската спремност да се прифатат бегалци беше ограничена, поради тоа што било планирано да се прифатат само 20.000 бегалци. Покрај сите тешкотии, Македонија прифатила бегалци според меѓународни стандарди сè дури војната не била завршена.

Товарот за да се обрне внимание за потребите на 360.000 бегалци влијаело врз македонската економија. Наместо да се воспостави подобра економија како што било предвидено за 1999, македонската економија се смали за 10 % од БДП за остатокот од 1999. Трговијата со СРЈ, македонскиот главен трговски партнер, се скрши, предизвикувајќи Македонија да го изгуби еден од најважните експорт маркети и витален извор на материјали. Последователно, голем број на фабрики мораа да се затворат, резултирајќи со сè повисок број на невработеност. Во исто време, главната транзитна маршрута за македонскиот извоз до цела Европа беше затворена, зголемувајќи го бројот на цените за увоз.

Македонците беа позагрижени за влијанието на бројот на 360.000 албански бегалци и какви последици би имал врз македонската демографија. Тие беа уплашени дела присуството на бегалци би можело да влијае врз демографската слика во државата.."NATO Air Strategy Under Fire: Macedonians Fear Divisive Spillover" by Hugh Dellios. Chicago Tribune. 29 March 1999 Македонците беа загрижени за можното прелевање на косовскиот конфликт во Македонија"Interethnic Relations and Minorities in the Republic of Macedonia". Southeast European Politics - Vol 2, N јануари May 2001 и се плашеа дека тие имаат најмногу да изгубат. Новинарот од Чикаго Трибјун во март 1999 напишал:

Во исто време, терористите од ОВК почнаа илегално да ја преминуваат границата и се вселија во албанско населени подрачја и општини во републиката. Македонските власти запленувале оружје од Косово.

Хронологија на кризата На 1 февруари 1990 година, околу 2.000 Албанци протестирале во Тетово барајќи независност на регионот во Западна Македонија, каде етничките Албанци го сочинувале мнозинството; На 20 ноември, по усвојувањето на Уставот, Република Македонија станала независна држава. На специјалната седница на парламентот за усвојување на Уставот на Република Македонија, таа била бојкотирана од страна на ПДП-НДП; На 11 јануари 1992 година бил одржан референдум за автономија на Албанците во западниот дел од Македонија - вклучувајќи ја и Илирида. Референдумот и резултатите од референдумот биле прогласени за нелегални од страна на македонските власти. На 31 март 1992 година, поголем број етнички Албанци демонстрирале во Скопје, барајќи од меѓународната заедница да не ја признае македонската држава сè додека не добијат автономија во деловите на државата каде го опфаќаат мнозинството. На 6 ноември 1992 година, во судирите помеѓу македонската полиција и етничките Албанци на Бит-пазар во Скопје, загинале 4, а 36 етнички Албанци биле повредени. На 15 февруари 1995 година, 2.000 Албанци се собрале на отворањето на нелегалниот универзитет на албански јазик во Мала Речица во Тетово. По ова следувале големи протести во цела држава од страна на македонските студенти и средношколци. По два дена, универзитетот бил затворен, а во немирите еден Албанец убиен. На 9 јули 1997 година на општинските згради во Тетово и Гостивар било истакнато албанското знаме. Како резултат на тоа, македонската полиција се судрила со демонстрантите во Тетово, при што тројца Албанци биле убиени, а 312 уапсени. На 20 март 1999 година започнало бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО. Република Македонија примила 350.000 косовски бегалци. На 11 јануари 2000 година, на влезот од село Арачиново, во заседа загинуваат полицајците Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак.

Тензии Од друга страна, постојано нараснувале тензиите меѓу етничките Албанци и македонското население. Албанците тврделе дека се дискриминирани во Република Македонија, и сакале поголеми културни и образователни права, поголема улога во управувањето со власта, во вооружените сили и полиција.

Настаните од 9 јули

Деветтојулските настани се случиле на 9 јули 1997 година во Гостивар и Тетово како еден од поголемите настани во најновата Македонска историја. По новата териоторијална поделба од 1996 година, на локалните избори од 1996 година победиле градолначалниците од ДПА, Руфи Османи и Алајдин ДемириДневник: Трагичното симнување на знамето. Тие предизвикале револт во државата со истакнување на државното знаме на Република Албанија пред општинските згради. Така, од страна на тогашниот премиер Бранко Црвенковски било решено да се спроведе полициска акција за отстранување на знамињата.

Полициските рации во Гостивар започнале на 8 јули 1997 со упаѓање во неколку ноќни барови од страна на македонската полиција. На 9 јули 1997 во Гостивар етничките Албанци излегле на протести веејќи албански и турски знамиња. Сред толпата се наоѓал и градоначалникот Османи. Истиот ден започнала и акцијата за отстранување на знамињата. Кога протестантите се приближиле кон македонските безбедносни сили, врз нив бил отворен рафален оган. Полицијата одговорила со противнапад, при што четири етнички албански цивили го загубиле животот. Кон крајот на денот, македонската полиција влегла во општинското собрание, симнувајќи го албанското знаме, а двата градоначалници биле уапсени. Руфи Османи бил осуден на тринаесет години затвор, но по смена на власта во 1998 година, тој бил амнестиранИзвештај од Дневник. Алајдин Демири добил казна затвор од две години, но исто и тој бил амнестиран по 1998 годинаИЗвештај од А1 Телевизија.

Македонците ова го протолкувале како функционирање на правната држава, а Албанците случувањата ги искористиле како аргумент пред светската јавност дека власта ги крши нивните човекови права и дека се обесправени и дискриминирани. денеска, етничките Албанци во Република Македонија на 9 јули го одбележуваат овој денИдивиди:Гостивар го одбележа 9 јули.

Ослободителна Народна Армија