thumb|Череп, симболична претстава за смртта

Смрт — постојан крај на биолошкото функционирање на секој жив организам. Вистинската природа на смртта со векови е централна тема во светските религии, како и во филозофијата. Во повеќето религии постои верување во некој вид живот по смртта или реинкарнација. Современата наука ја смета смртта за конечна состојба.

Во медицината постои термин клиничка смрт, а тоа е состојба при која на пациентот му функционираат нормално срцето и белите дробови, но мозокот е мртов.

Статистика на смртноста Во 2014 година, во Македонија умреле 19.718 лица од кои 10.210 (51,8%) биле од машки пол. Најчеста причина за смртта биле болестите на кардиоваскуларниот систем (57,2%), додека 18,9% умреле од злоќудни неоплазми. Кај 4,2% од умрените, причина за смртта биле ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, а 3,6% умреле заради болести на респираторниот систем. Во 2014 година, во Македонија умреле 233 доенчиња, т.е. 1,2% од вкупниот број на умрени лица. Кај возрасните, просечната старост на умрените мажи била 69,9 години, додека просечната возраст на умрените жени била 74,8 години.Љубица Балабан, „Смртноста зголемена за 2,7 отсто, најчесто умираат од срцев и мозочен удар, ракот на второ место“, Дневник, година XIX, број 5800, 26 јуни 2015, стр. 4.

Смртта во јужнословенската митологија Смртта е персонифицирано битие чија единствена должност била да ја одзема душата од телото на смртникот. Смртта била прикажувана како битие во долга бела или црна облека, со качулка на главата од која најчесто не може да се согледа ликот. Смртта најчесто припаѓала на машкиот пол, иако во некои преданија таа е претставена како стара жена.

Во народното творештво, смртта била ужасната од молбите и плачот на луѓето, па посакала од бога да ја ослободи од должноста, но тој одбил. „Еве јас отсега вамо ќе создадам турли - турли болести по луѓето и од болестите што ќе ѝ создадам луѓето ќе умираат и на болеста ќе ѝ викаат, а тебе ќе ти забораат да те колнат” - Марко Цепенков.Речник на јужнословенска митологија, стр. 226

Според старите верувања, смртта е единствената која го знае мигот во кој секое живо битие треба да почине. Смртта доаѓа по божјите (или сопствени) закони и никој не е во можност да ја повика или да ја присили да му ја земе душата без таа да сака. „Смртниот час“ е миг на разделбата на душата од физичкото тело. По верувањата, душата заминува на „друг/оној свет“. Зависно од моралните и хуманите однесувања на поединецот, по старите верувања, и смртниот час можел да биде краток, лесен и милослив или долготраен, измачувачки и страшенГордана Стојковска, Три, Скопје,2004, стр. 226.

Смртта во уметноста и во популарната култура Смртта се јавува како честа тема во литературата, сликарството, филмот и во популарната култура.

Смртта како тема во книжевноста Смртта како тема во прозата „Опачина“ — кус расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 36-49. „Антонио кој носи смрт“ - расказ на српскиот писател Давид Албахари.Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 82-91. „Опис на смртта“ - збирка раскази на Давид Албахари.Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004. „Обид за опис на смртта на Рубен Рубеновиќ, поранешен трговец со штофови“ - расказ на Давид Албахари.Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 102-111. „Умирачката и смртта на Кинкас рикачот за вода“ - расказ на бразилскиот писател Жорже Амадо.Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 13-70. „Смртта во Синановото теќе“ (Smrt u Sinanovoj tekiji) - расказ на југословенскиот писател Иво Андриќ.„Smrt u Sinanovoj tekiji“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 76-86. „Смртта на Долгушов“ - расказ на рускиот писател Исак Бабел.I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 37-39. „Животот и смртта на М. Ј. Гонзага де Са“ - збирка раскази на бразилскиот писател Лима Барето од 1915 година.Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 286. „Корангал“ — расказ на македонската писателка Виолета Бојковска од 2019 година.Виолета Бојковска, Барем наутро. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 7-11. „Мртовец во мојот кревет“ — расказ на македонскиот писател Милко Бојковски.Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 26-34. „Смртта и компасот“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1942 година.Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 85-94. „Мртовецот“ - расказ на Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 27-33. „Другата смрт“ - расказ на Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 67-75. „Раскрсница на смртта“ - кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008. „Додека смртта не нè раздели“ - кус расказ на Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година. „Мртвите луѓе ама баш ништо не знаат“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. „Мртовец“ - кус расказ на Драган Георгиевски од 2013 година. „Смртта на Ромелинк“ - расказ на рускиот писател Александар Грин.Aleksandar Grin, Pacolovac. Beograd: Rad, 1979, стр. 5-13. „Вујко или бледа сенка“ — краток расказ на македонскиот писател Димитрие Дурацовски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 109. „Групен некролог“ (српски: Групни некролог) - расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 237-241. „Смрт“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.Italo Kalvino, Kosmikomike: stare i nove. Beograd: Paidea, 2008, стр. 246-257. „Како ќе биде по смртта“ (чешки: Jak bude po smrti) - расказ на чешкиот писател Ладислав Клима. „Посмртни почести“ - (српски: Посмртне почасти) - расказ на српскиот писател Данило Киш.Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015. „Енциклопедија на мртвите“ - (српски: Енциклопедија мртвих) - збирка раскази на српскиот писател Данило Киш од 1983 година. „Славно е да се умре за татковината“ - (српски: Славно је за отаџбину мрети) - расказ на Данило Киш. „Човекот по својата смрт оди низ градот“ (хрватски: Čovjek poslije svoje smrti hoda gradom) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 96-97. „Смртта на Фрањо Кадавер“ (хрватски: Smrt Franje Kadavera) – расказ на Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Hrvatski bog Mars. Beograd: Rad, 1963, стр. 87-124. „Вести од оној свет“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 8-9. „Смртта на Абазир“ - роман на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1960 година.Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда. Битола: НИД „Микена“, 2010. „Јама“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 70-84. „Смрт во Венеција“ - кус роман на германскиот писател Томас Ман од 1912 г.Сакам книги Рецензија на романот „Трето помирување со судбината“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 5-13. „Второто ребро на смртта“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 37-45. „Ева е во својата мачка“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 15-25. „Хроника на една најавена смрт“(Cronica de una muerte anunciad) - новела на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес од 1981 година.Габриел Гарсија Маркес, Есента на патријархот / Хроника на една најавена смрт. Скопје: Мисла, 1983. „Бавната смрт на Лусијана Б.“ - роман на Гуљелмо Мартинес.„Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016. „Мртовец“ (Мртвац) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 195. „Ќе дојде смртта и ќе ги има твоите очи“ - книга на италијанскиот писател Чезаре Павезе. „Смртта на Милош Црњански“ (српски: Смрт Милоша Црњанског) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ од 1986 година.Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 169-171. „Смрт“ - расказ на македонскиот писател Горан Петревски од 2014 година.Горан Петревски, Одбрани трудови. Скопје: Темплум, 2014. „Славниот покојник“ - расказ на италијанскиот писател Лујџи Пирандело.Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 102-116. „Дервишот и смртта“ - роман на југословенскиот писател Меша Селимовиќ.Меша Селимовиќ, Дервишот и смртта. Скопје: АЕА издавачи, Матица македонска, 2000. „Смрт на кредит“ - роман на францускиот писател Луј-Фердинанд Селин од 1936 година.Luj-Ferdinand Selin, Putovanje nakraj noći. Beograd: LOM, 2019. „Смртта на Марко“ - расказ на Димитар Солев.Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970. „Смртта на Иван Илич“ (Смерть Ивана Ильича) - новела на рускиот писател Лав Толстој од 1886 година.Jahn 1999, p. 3. „Смрт на плоштадот“ - збирка раскази на бразилскиот писател Далтон Тревизан од 1964 година.Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 283. „Смрт“ — расказ на рускиот писател Иван Тургенев.И. С. Тургењев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 287-304. „Смртта на Артемио Круз“ - роман на мексиканскиот писател Карлос Фуентес.Karlos Fuentes, Smrt Artemija Kruza. Beograd: Dereta, 2015. „Смртта на баронот Гандара“ - расказ на чешкиот писател Карел Чапек.Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012. „Легенда за смртта на секретарот“ - расказ на Живко Чинго.„Легенда за смртта на секретарот“, во: Живко Чинго, Пожар. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 122-131. „Смртта на градинарот“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.„Смртта на градинарот“, во: Живко Чинго, Пожар. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 30-35.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 31-37. „Смртта на господинот Голужа“(Смрт господина Голуже) - новела на српскиот писател Бранимир Шќепановиќ од 1977 година.Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 79-118. „Уста полна со земја“ (Уста пуна земље) - роман на српскиот писател Бранимир Шќепановиќ од 1974 година.Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 5-77.

Смртта како тема во народните приказни „Мртвиот Костадин“ — албанска народна приказна.Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 23-26. „Чумата и девојчето во едно село“ — албанска народна приказна.Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 27-30.

Смртта како тема во народната поезија „Смртта на Марко Крале“ (српски: Смрт Марка Краљевиһа) - српска епска (јуначка) песна.Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 229-233. „Смртта на Сењанин Иво“ (српски: Смрт Сењанина Ива) - српска епска (јуначка) песна.„Смрт Сењанина Ива“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 360-362. „Смртта на Мијат Томиќ“ (српски: Смрт Томића Мијата) - српска ајдучка песна.Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 131-137. „Смртта на саканиот и саканата“ (српски: Смрт драге и драгога) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 57.