Лажен Дмитриј I (руски:Лжедмитрий) (роден во 1581/2? - починал на 27 мај 1606 во Москва) бил цар на Русија од 11 јуни 1605, па сè до неговата смрт на 27 мај 1606. Тој бил позат под името Дмитриј Јоанович (руски:Димитрий Иоаннович), а понекогаш е нарекуван и Дмитриј II. Тој бил еден од тројцата измамници од времето на неволјите, кој тврдел дека е Дмитриј Царевич Иванович, најмладиот син на Иван Грозни, кој веројатно избегнал обид за атентат во 1591. Се верува дека, вистнскиот Дмитриј навистина бил убиен во 1591 во Углич, а вистинското име на лажниот Дмитириј е Григори Ортепјев, иако ова е далку од сигурно точно.
Категорија:Руски цареви Категорија:Руски римокатолици Категорија:Православни монарси Категорија:Европски монарси од 17 век Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Починати во Москва Категорија:Родени во 1582 година