За други значења видете на појаснителната страница за Денот на словенската писменост

Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј — државен македонски празник кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Празнувања Во Македонија Традиционално празникот во Македонија започнува со честитката на премиерот на републиката со граѓаните на Македонија.

Во Охрид, градот-лулка на словенската писменост и култура, традиционално се одржуваа повеќе свечености. Од раните утрински часови започнува турнирот во мал фудбал во средното Угостителско училиште „Ванчо Питошески“ помеѓу учениците од трите среднообразовни центри во општина Охрид. Централната свеченост за одбележување на Денот на сесловенските просветители во организација на Општината започнува пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот Парк. Бројни граѓани, просветни и културни дејци, ученици и претставници на јавниот и политичкиот живот од општината доаѓаат да одадат почит преку полагање на цвеќе на споменикот.

Во Рим

десно|250п|мини|Црквата „Св. Климент“ во Рим каде се наоѓа гробот на Св. Кирил Почнувајќи од 1960-тите, секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во Црквата „Св. Климент“. На ова му претходи официјална посета на Ватикан и папата. Поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил, додека неколку дена во Рим трааат деновите на македонската култура со голем број на концерти и изложби.Во Рим на гробот на Св. Кирил ќе се одржи молебен

Во дијаспората, освен во Рим како центар на прославата, празникот се слави секаде каде што живеат Македонци. Во Германија се прославува со свечена литургија по македонските цркви, организирање на собири со македонски пејачи и турнири во мал фудбал.Одбележување на Денот на свети Методиј Солунски во градот Елванген, СР Германија Најмногу се празнува во Елванген, јужна Германија во градот во кој Св. Методиј бил две и пол години во затвор.

Бугарија Во Бугарија овој ден се слави како „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“, каде солунските браќа се сметаат за Бугари.

мини|десно|250п|Свечена литургија во германскиот град Елванген

Наводи

Поврзано Константин Филозоф Методиј Солунски

Категорија:Свети Кирил и Методиј Категорија:Македонски празници Категорија:Државни празници