Наос (старогрчки: или ), е внатрешна просторија во храмовите во класичната архитектура, или продавница завртена кон улицата во римската архитектура (види домус).
Во Стариот Египет во наосот биле сместени култните скулптури на боговите и се верувало дека тука навистина живее Бог.
Во почетокот наосот бил изработуван од дрво а подоцна од камен.
Во православието наосот означува дел од црквата каде се наоѓаат верниците за време на богослужењето. Наосот е одвоен од олтарот со иконостас.
Слики
Наводи
Категорија:Египетска уметност Категорија:Римска уметност Категорија:Архитектура Категорија:Грцизми