Музејот на уметноста „Метрополитен“ или само Мет (англ. Metropolitan Museum of Art) е музеј на уметностите кој се наоѓа на источниот крај на Централ Парк, по познатата Музејска Милја во градот Њујорк, САД. Овој музеј поседува постојана збирка која се состои од повеќе од два милиони уметнички дела, распоредени низ деветнаесет кураторски оддели. Главната зграда, честопати нарекувана едноставно „Мет“ е една од најголемите уметнички галерии во светот, а втората значително помала локација се наоѓа во Горен Менхетн, во т.н. „Конаци“ (засводен/четириаголен ходник), каде што се изложуваат средновековни уметнички дела.

Во рамките на постојаната збирка се уметничките дела од класичната антика и древниот Египет, слики и скулптури од приближно сите европски мајстори и голема збирка од американската и современата уметност. Мет исто така поседува големи збирки дела од уметноста од Африка, Азија, Океанија, Византија и исламската уметност. Тој исто така претставува ризница од енциклопедиски збирки музички инструменти, костими (носии) и додатоци и прастари оружја и оклопи од целиот свет. Многубројни познати ентериери, кои датираат од римско време па сè до современите американски дизајнери, постојано се поставуваат во галериите на Мет.

Метрополитен музејот на уметноста е основан во 1897 година од група Американци. Дел од основачите беа стопанственици и финансиери, како и водечки уметници и мислители од тој период кои имале желба да отворат музеј со цел да ја доближат уметноста до американскиот народ.Brief History of The Museum Музејот е отворен на 20 февруари 1872 година, а најпрво се наоѓаше на Петта авенија бр. 681.

Од 2007 година, Мет се протега на приближно една четвртина милја и зафаќа повеќе од два милиони квадратни стапки.

Вовед thumb|left|Фасадата на Метрополитан музејот на уметност е една од главните одлики на градската музејска милја на Њујорк.Постојаната збирка на Мет е изложенаво деветнаесет оддели, за секој од нив се грижи специјализиран тим куратори, реставратори и стручњаци. Постојаната збирка се состои од уметнички дела од класичната антика и древниот Египет, слики и скулптури од приближно сите европски мајстори и голема збирка од американската и модерната уметност. Мет исто така поседува големи збирки дела од уметноста од Африка, Азија, Океанија, Византија и исламската уметност. Тој исто така претставува ризница од енциклопедиски збирки музички инструменти, костими (носии) и додатоци и прастари оружја и оклопи од целиот свет. Многубројни познати ентериери, кои датираат од римско време па сè до современите американски дизајнери, постојано се поставуваат во галериите на Мет.

Освен постојаните изложби, Мет организира и е домаќин на голем број патувачки изложби во текот на целата година.Current Special Exhibitions

Од јануари 2009 година, директор на музејот е Томас П. Кемпбел, долгогодишен куратор кој го замени легендарниот Филип Де Монтебело по неговото пензионирање кон крајот на 2008 година.

Историја

thumb|left|Отворање во галеријата за слики на Петта авенија бр.681, 20 февруари 1872 година. Резба на дрво објавена во неделникот „Френк Лесли“ на 9 март 1872 година.

Властите од државата Џу Јорк направија со Метрополитен музејот на уметност Договор за здружување на 13 април 1870 година «со цел создавање и одржување на музеј и библиотека за уметностите во градот Џу Јорк, поддржување и развивање на студиите за ликовни уметности и примената на уметноста во производството и природниот живот, подобрување на општото познавање на сродни теми и унапредување на државното образование.»Disturnell, John New York as it was and as it is, D. Van Nostrand, New York, 1876. «Metropolitan Museum of Art» page 101.

Музејот беше отворен за првпат на 20 февруари 1872 година, со седиште во зграда сместена на Петтата авенија бр.681 во Џу Јорк. Како прв претседател беше избран Џон Тејлор Џонстон, управник на железница, чија лична уметничка збирка го исполни музејот, а издавачот Џорџ Палмер Патнам беше надзорник. Уметникот Истман Џонсон беше во улога на соосновач на музејот. Под негова раководствена палка, поседите на Мет, кои најпрво се состоеја од римски камен саркофаг и 174 претежно европски слики, нарбзо го исполни достапниот простор. Во 1873 година, по повод купувањето на збирката „Цеснола“ на кипарски антиквитети, музејот се пресели од Петта авенија и се смести во Даглас Маншн на западна 14-та улица бр.128. Сепак, овие нови простории беа само привремени, бидејќи збирката постојано растеше и имаше потреба од повеќе простор.

По преговорите со градските васти на Џу Јорк во 1871 година, Мет доби зејмиште на источната страна на Централ Парк, каде што се изгради неговата постојана зграда, „мавзолеј“ од црвени цигли, дизајниран од американскиот архитект Калверт Во и неговиот соработник Џејкоб Реј Моулд.Visitor’s Information at the Metropolitan Museum of Art website Амбициозната зграда на Во не беше добро прифатена бидејќи високиот викторијански готски стил веќе излегуваше од мода уште пред таа да биде завршена. Претседателот на Мет го оцени проектот како „грешка“. Во времетраење од 20 години се готвеше нов архитектонски план, кој ја вклучи зградата на Во само како ентериер, ослободувајќи ја од многуте специфични елементи, како на пример карактеристичната фасада во Beaux-Art стил, дизајнирана од архитектот и тутор на Мет Ричард Морис Хант, завршена во 1926 година, продолжи да ја шири физичката структура на музејот, со структурата дизјанирана од Во потполно опкружена со подоцна изградени делови. (Холот на главниот влез во Мет е исто така дизајниран од Хант, кој починал пред неговото завршување. Неговиот син, Ричард Хауланд Хант го надгледуваше завршувањето на холот според одредбите на татко му.)

Од 2007 година површината на Мет изнесува приближнî четвртина милја и повеќе од два милиони квадратни стапки, што е повеќе од дваесет пати поголема од првичната зграда од 1800 година.

На 19 мај 2009 година, Мет повторно го отвори американското крило, со ново претставување на дванаесет соби според периоди.Apollo Magazine 01/05/09.

Збирки

Американска декоративна уметност Одделот за американска декоративна уметност вбројува околу 12,000 примероци од американска декоративна уметност од крајот на седуманесеттиот до почетокот на дваесеттиот век. Иако Мет го доби својот прв голем посед американска декоративна уметност преку донацијата на Маргарет Оливија Слокум Сејџ во 1909 година, сопруга на финансиерот Расел Сејџ, одделот за декоративна уметност посветен исклучиво на американски дела не беше создаде сè до 1934 година. Една од најценетите збирки од одделот за американска декоративна уметност е големата збирка американски витражи. Оваа збирка, веројатно најподробната во светот, вклучува многу парчиња од Луис Комфорт Тифани. Одделот има дваесет и пет простории од различни периоди во музејот, секоја од нив претставува реплика на цела соба, целосно наместена, од даден период или дизајнер. Моментално во сопственост на овој оддел се вбројува и една подробна збирка на сребра која е значајна бидејќи содржи бројни парчиња од Пол Ревер, како и дела од Тифани и Ко.

Американско сликарство и вајарство Од своето основање, Метрополитен музејот на уметност става акцент на создавање збирки американска уметност. Првото дело кое стана дел од збирката на Мет беше една алегориска скулптура на Хирам Пауерс насловена како Калифоорнија, поставена уште во 1870 година, а може да се види во галериите на Мет и денес. Во следните децении, збирката на Мет од американски слики и скулптури растеше, а денес се состои од повеќе од илјада слики, шестотини скулптури и две илјади и шестотини цртежи, кои ја покриваат целата американска уметност од раниот колонијален период до раниот дваесетти век. Многу од најпознатите американски слики се дел од збирката на Мет, како на пример портретот на Џорџ Вашингтон од Гилберт Стјуарт и монументалното дело Вашингтон, поминувајќи ја реката Делавер од Емануел Луц. Збирката исто така содржи ремек дела од значајни американски сликари како Винслоу Хомер, Џорџ Кејлеб Бингам, Џон Сингер Сарџент, Џејмс Мек Нил Вистлер и Томас Екинс.

Уметност од древниот Близок Исток Започнувајќи кон крајот на 1800-те години, Мет започна да собира древни уметнички дела и артефакти од Блискиот Исток. Од неколку табли со клинести писма и печати, збирката на Мет од Блискиот Исток порасна до повеќе од 7 000 дела. Збирката претставува историја на еден регион која започнува да постои уште во неолитскиот период и егзистира при падот на Сасанидското Царство и крајот на доцниот антички период, а содржи дела од сумерската, хетитската, сасанската, асирската, вавилонската и еламската култура (меѓу другите), како и голема збирка уникатни објекти од бронзеното време. Најважните дела од збирката е монументален камен „ламасу“ или фигури на чувари од северозападната палата на асирскиот крал Ашурнасирпал II.

Оружје и оклопи thumb|left|Оружје и оклопи, главен хол на средновековниот оддел Одделот за оружја и околпи на Мет ја поседуа една од најпопуларните збирки. Невообичаената „парада“ на оклопни фигури на коњ поставени во галеријата за оружја и оклопи на првиот кат од е една од најпрепознатливите глетки во музејот. Одделот се фокусира на „неверојатното занаетчиство и декорација“, како парчиња кои се исклучиво наменети за изложување, што значи дека збирката е најдобрата во конкуренцијата европски средновековни и јапонски дела од петтиот до деветнаесттиот век. Сепак, овие не се единствените култури кои се претставени во овој оддел. Збирката опфаќа повеќе географски региони од кој било друг оддел, со тоа што содржи оружја и оклопи од египетските династии, Римското Царство, древниот Близок Исток, Африка, Океанија и Америка, како и американски огнени оружја (осоебно огнени оружја Колт) од деветнаесеттиот и дваесеттиот век. Помеѓу 15 000 парчиња збирката содржи парчиња изработени и употребувани од кралеви и принцови, како на пример оклопите на Хенри VII од Англија, Хенри II од Франција и Фердинанд I од Германија.

Уметност од Африка, Океанија и Америка Иако Мет уште во 1882 година набави група перуански антиквитети, не започна заедничкиот напор да собере дела од Африка, Океанија и Америка до 1969 година, кога американскиот стопанственик и филантроп Нелсон А. Рокфелер ја донира својата збирка од 3 000 парчиња. Денес, збирката на Мет содржи повеќе од 11 000 парчиња од потсахарска Африка, островите од Тихиот Океан и Америка и е поставена во крилото Рокфелер на 40 000 квадратни стапки (4 000 квадратни метри) на јужниот крај на музејот. Збирката содржи дела како 40 000 години старите слики насликани на карпа од австралиски абориџини, до група од меморијални столбови високи петнаесет стапки, изделкани од Асматите во Нова Гвинеја, до бесценета збирка церемонијални и лични предмети од нигерискиот двор во Бенин донирани од Клаус Перлс. Разновидноста на материјалите претставени во збирката од Африка, Океанија и Америка е несомнено најопширна од сите оддели во Мет, вклучувајќи се од драгоцени метали до боцки од бодликаво прасе.

Азиска уметност thumb|„Големиот бран кај Канагава“ од Јацушика Хокусај