Епидемиологија — наука за факторите кои влијаат врз здравјето и болестите кај населенијата и претставува основа и логика на интервенциите кои се вршат во интерес на јавното здравје и превентивната медицина. Таа се смета за основна методологија на истражувањата за јавното здравје и има големо значење во медицината која се заснова на докази за идентификување ризични фактори за одредена болест и определување на оптималните пристапи на лекување кон клиничката пракса. Во истражувањето за преносливи и непреносливи болести, работата на епидемиолозите се протега од истражување на појавата на епидемијата до модел на истражување, собирање податоци и анализи како и развивање статистички модели за тестирање на хипотезите и документирање на резултатите со цел на нивно објавување во магазини од струката. Работата на епидемиолозите може да се вброи и во голем број други научни дисциплини, како во биологијата (со цел подобро разбирање на процесите на болеста) и во дисциплини на социјални науки како социологија и филозофија (со цел подобро да се разберат блиските и далечните ризични фактори).
Потекло на поимот Зборот епидемиологија, наука за она што се однесува на луѓето, е изведен од старогрчките изрази епи = за, кај, демос = народ, област, логос = наука, збор, говор, што наведува дека се однесува само на луѓе. Но, овој израз се користи доста и во науки за зоолошки населенија (ветеринарна епидемиологија), иако терминот епизоологија како таков постои, а исто така и се употребува во науки за растителни населенија (ботаничка епидемиологија).
Историја Старогрчкиот лекар Хипократ понекогаш се вели дека е вујко на епидемиологијата. Тој е првиот човек за кој се знае дека ги истражувал врските помеѓу појавата на болеста и надворешните влијанија. Тој го создал терминот ендемски (за болести кои можат да се јават само на одредени места) и епидемиски (за болести кои можат да се појават во определен период).
Една од најраните теории за потеклото на болестите е дека тие се првично грешка на човечкиот луксуз. Ова било кажано од филозофи како Платон и Русо и социолози како Џонатан Свифт.
Во средновековниот исламски свет, лекарите ја откриле заразната природа на инфективните болести. Поточно, персискиот лекар Авицена, кој се смета за „татко на современата медицина“, во Канонот за медицината (1020-ти години), ја открил заразната природа на туберкулозата и сексуално преносливите болести и пренесувањето на болестите преку вода и почва.George Sarton, Introduction to the History of Science. (cf. Dr. A. Zahoor and Dr. Z. Haq (1997), Quotations From Famous Historians of Science , Cyberistan. Авицена кажал дека телесната течност е контаминирана од надворешни физички тела пред да биде инфицирана. Тој го вовел методот на карантин како средство за ограничување на ширењето на заразните болести. Тој исто така го користел методот на анализа на ризични фактори и ја предложил идејата за синдром во дијагнозата на специфични болести.
Кога Црната смрт (чума) се појавила во ел-Андалус во XIV век, Ибн Катима претпоставил дека инфективната болест е предизвикана од мали минутни тела кои навлегуваат во човечкото тело и ја предизвикуваат болеста. Друг андалусиски лекар од XVI век, Ибн ел-Катиб (1313-1374 година) напишал труд наречен „За чумата“, во кој тој изјавил дека инфективна болест може да се пренесе „преку телесен допир и преку облека, садови за храна и обетки“.<ref name="Syed">Ibrahim B. Syed, Ph.D. (2002). "Islamic Medicine: 1000 years ahead of its times", Journal of the Islamic Medical Association '2, p. 2-9.</ref>
Во средината на XVI век, познат италијански доктор од Верона, Џироламо Фракасторо, бил првиот кој ја предложил теоријата дека овие многу мали, невидливи со голо око честички кои ја предизвикуваат болеста се всушност живи. За нив се сметало дека се шират преку воздух, се размножуваат меѓусебно и можат да се уништат со оган. На овој начин тој ја побил Галеновата теорија за мијазми (отровен гас кај болните). Во 1543 година тој ја напишал книгата De contagione et contagiosis morbis, со која тој беше првиот кој ја промовираше личната и околната хигиена со цел да се спречат болести. Развивањето на доволно силен микроскоп од страна на Левенхук во 1675 година овозможи и визуелен доказ за постоењето на живите честички што се согласува со бактериската теорија на болеста.
thumb|right|300px|Оригинална карта изработена од Д-р Џон Сноу на која се прикажани регионите на случаи на колера во текот на епидемијата во Лондон во 1854 година
Џон Граунт, професионален продавач на шивачки производи и сериозен научник аматер, ја објавил Природни и политички набљудувања… за стапките на смртност во 1662 година. Во неа, тој употребил анализи на стапките на смртност во Лондон пред Големата чума за да ја претстави една од првите табели за животот и извештај за временските тенденции за многу болести, нови и стари. Тој овозможил статистички докази за голем број теории за одредени болести и исто така побил многу широко распространети идеи за нив.
Доктор Џон Сноу е познат по своите истражувања за причините за појавата на епидемија на колера во XIX век. Тој започнал со забележување на значително повишените стапки на смртност во две области кои биле снабдувани од компанијата Садарк. Препознавањето на пумпата за вода на улицата Бродвик како причина за епидемија во квартот Сохо се смета за класичен пример за епидемиологија, Тој употребувал хлор во обид да ја исчисти водата и ја отстранил рачката од пумпата, со што го запрел ширењето на епидемијата. (Не е утврдено дали епидемијата веќе се намалувала сама по себе кога Сноу го направил ова.) Ова се смета за огромен настан во историјата на јавното здравје и може да се смета за основачки настан на науката за епидемиологија.
Други пионери на епидемиологијата се и данскиот лекар П.А. Шлајснер, кој во 1849 година се посветил на зашита од епидемијата на тетанус неонаторум на Вестманските острови во Исланд. Друг важен пионер е унгарскиот лекар Игнац Семелвајс, кој во 1847 година ја намалил стапката на смртност кај новороденчиња во една виенска болница со воведување на процедура на дезинфекција. Неговите наоди биле објавени во 1850 година, но неговиот труд бил лошо прифатен од неговите колеги, кои не ја поддржувале оваа процедура. Дезинфекцијата не почнала пошироко да се употребува сè додека британскиот хирург Џозеф Листер не ги „открил“ антисептиците во 1865 година земајќи ја предвид работата на Луј Пастер.
Во почетокот на XX век Роналд Рос, Андерсон Греј Мекендрик и други ги вовеле математичките методи во епидемиологијата.
Уште еден успех беше објавувањето на резултатите од Британското докторско истражување во 1954 година, предводено од Ричард Дол и Остин Брадфорд Хил, што даде многу силна статистичка поддршка за сомневањата дека пушењето цигари е поврзано со ракот на белите дробови.
Професијата До денес, мал број универзитети нудат епидемиологија како избор на студирање на додипломско ниво. Многу епидемиолози се лекари или имаат друго пост-дипломско ниво како Магистер по јавно здравје, или епидемиологија. Докторатите се состојат од Доктор по јавно здравје, Доктор по фармација, Доктор по филозофија, Доктор на науки или клинички обучени лекаи, Доктор по медицина. Во Обединетото кралство, титулата „доктор“ по обичај се однесува на општи медицински практичари, чии професионални дипломи најчесто се од полето на медицината и хирургијата. Како и практичарите по јавно здравје/здравствена заштита, епидемиолозите работат во голем број различни околини. Некои епидемиолози работат на терен т.е. во заедницата, честопати во службите за јавно здравство/здравствена заштита и често истражуваат и се борат против епидемии на болести. Други пак, работат во непрофитни организации, универзитети, болници и поголеми владини институции како Центарот за контрола и превенција на болести, Заводот за здравствена заштита, Светската здравствена организација (СЗО) или Заводот за здравство на Канада.
Практика Епидемиолозите употребуваат разни модели на истражување од набљудувачки до експериментални и најчесто се категоризараат како дескриптивни, аналитички (кои имаат за цел да испитуваат познати поврзаности или хипотетички врски) и експериментални (термин кој честопати се едначи со обиди за лекување и други интервенции во склоп на една клиника или заедница). Епидемиолошките истражувања имаат за цел, кога е возможно, да откријат врски кои не се подложени на предрасуди помеѓу изложувањата како алкохолот и пушењето, биолошките агенси, стресот или некои хемикалии со смртноста или заболувањето од болести. Препознавањето на причинските врски помеѓу овие изложувања и исходите е важен аспект во епидемиологијата. Современите епидемиолози ја користат информатиката како алатка.
Изразот епидемиолошка тријада се користи за да се опише соединувањето на домаќинот, агенсот и околината при анализата на една епидемија.
Причини Иако епидемиологијата некогаш се гледа како збир статистички алатки кои се користат за да се објаснат врските помеѓу изложувањата и здравствените исходи, подлабоко сфаќање на оваа наука е она дека таа се занимава со откривање на причинските врски.
Скоро е невоможно да се каже со беспрекорна точност како и наједноставните физички системи ќе се однесуваат во најблиската иднина, уште помалку сложеното поле од епидемиологијата, кое се поврзува со биологијата, социологијата, математиката, статистиката, антропологијата, психологијата и политиката; „Корелацијата не значи причина“ е честа тема за голем дел од епидемиолошката литература. За епидемиолозите, клучен израз е заклучокот. Епидемиолозите користат собрани податоци и широк спектар на биомедицински и психосоцијални теории на инерактивен начин да создадат или да прошират една теорија, да тестираат хипотези и да постават релевантни теореми за тоа кои врски се причински и за тоа колку всушност се причински. Епидемиолозите Ротман и Гринланд потенцираат дека сфаќањето „една причина - еден ефект“ е едноставно погрешно верување. Повеќето исходи, како болест или смрт, се предизвикани од низа или мрежа која се состои од многу причини.
Критериум Брадфорд-Хил Во 1965 година Остин Брадфорд Хил поставил детални критериуми за проценувње на доказите за појавата на епидемија. Овие совети некогаш се нарекуваат Критериуми Брадффорд Хил, но на тој начин тие изгледаат како некаква листа. На пример, Филипс и Гудман (2004 година) забележае дека ним честопати им бил посочен овој критериум како листа за проценување на причините, и покрај тоа што тоа не била намерата на Хил.
Сила: Слаба поврзаност не значи дека нема причински ефект. Доследност: Доследни наоди набљудувани од различни луѓе на различни места со различни примероци ја зголемува веројатноста за појава на ефект. Специфичност: Причината е веројатна ако многу специфилно население на специфично место и болест без друго веројатно објаснување. Што поспецифчна е врската помеѓу еден фактор и еден ефект, толку е поголема веројатноста за причинска врска. Време: Ефектот мора да се јави по причината (а ако има очекувано задоцнување помеѓу причината и очекуваниот ефект, тогаш ефектот мора да се јави по тоа задоцнување). Биолошка стапка на раст: Поголемо изложување најчесто води до поголема зачестеност на ефектот. Сепак, во некои случаи, самото присуство на факторот може да го предизвика ефектот. Во други случаи, обратната пропорција се сретнува: поголемо изложување води до помала зачестеност. Веродостојност: Веродостоен механизам помеѓу причината и ефектот е корисен (но, Хил забележал дека знаењето за механизмот е ограничено од моменталното знаење). Кохерентност: Кохерентноста помеѓу епидемиолошки и лабораториски наоди ја зголемува веројатноста за појава на ефект. Сепак, Хил забележал дека... непостоењето на таков [лабораториски] доказ не може да го поништи епидемиолошкиот афект на врските. Експеримент: Повремено е возможно да се отповикаме на експериментални докази. Аналогност''': Ефектот од слични фактори треба да се земе предвид.
Правна интерпретација