мини|десно|280п|Санторини од Универзум мини|десно|280п|Главниот град Фира над заливот, остаток од вулкан мини|десно|280п|Симболот на традиционалниот Санторини - магариња Санторини () е мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското Море, околу 200 км југоисточно од копното на Грција. Исто така е познато под името Тера (Θήρα). Ја сочинуваат најјужниот член на групата острови Киклади, со површина од приближно 73 км2 и според пописот на население од 2001 година со население од 13.670 жители.

Географија Го сочинуваат Општината Тира (12.440 жители) и заедницата Ија (1.230 жители, од кои 268 жители со постојано живеалиште на крајбрежниот остров Терасиа, кој се наоѓа на запад). Двата зафаќаат вкупна површина од 90,623 км2, каде се вклучени и ненаселените острови Неа Камени, Палeа Камени, Аспрониси и Кристиана (сите се дел од Општината Тира). Санторини всушност е она што останало од една голема вулканска експлозија, уништувајќи ги раните населби на она што порано било само еден остров и предизвикало да се создаде сегашната геолошка калдера. Неговата спектакуларна физичка убавина заедно со динамичниот ноќен живот го направиле островот во едно од најпривлечните места за туристите во Европа.

Големата централна лагуна, повеќе или помалку правоаголна и зафаќа површина од околу 12 км до 7 км, од трите страни е обиколено со 300m огромно високи гребени. Островот се спушта надолу од гребените до Егејското Море кое го обиколува. На четвртата страна лагуната е одделена од морето од еден друг многу помал остров наречен Терасиа; лагуната се соединува со морето на две места, на северозапад и југозапад. Водата во центарот е околу 400м (1300 стапки) длабока, на тој начин правејќи го безбедно пристаниште за сите видови бродови. Сите пристаништа на островот се наоѓаат во лагуната и нема пристаништа во пооддалечениот периметар на островот; главниот град, Фира, е прицврстен на врвот на гребенот која гледа долу во лагуната. Вулканските карпи создадени од поранешната ерупција содржат оливин и имаа значително мало присуство на хорнбленд. Ова е вулканскиот најактивен центар во Јужниот Егејски вулкански лак, и покрај тоа она што останало денеска е главно калдера полна со вода. Името Санторини му било дадено од страна на Латинското Царство во тринаесеттиот век и има врска со Светицата Ирена. Претходно бил познат под името Калиста (Καλλίστη, „најубавиот“), стронгула (Στρογγύλη, „тркалезниот“) или Тера. Островот е место каде што се случиле најголемите вулканска ерупции што воопшто се случиле на планетата : ерупцијата на Минеја (некогаш се нарекува ерупцијата Тера) која што се случила пред околу 3,600 години во периодот кога минојската цивилизација го достигнала својот врв. Ерупцијата оставила голема калдера која била опкружена со слој вулкански пепел од околу стотици стапки длабоко и тоа можеби довело до пропаѓање на минојската култура на островот Крит, 100 км (70 милји) на југ, со создавање на огромно цунами. Друга позната теорија тврди дека од ерупцијата Тера потекнува легендата за Атлантис.

Историја

Вулканска ерупција Разурнувачката вулканска ерупција на Тера станала најпознат настан кој се случил во Егејското Море и пред падот на Троја. Тоа можеби и била најголемата вулканска ерупција што се случила на Земјава во последниве неколку илјадици години. Силната ерупција била со центар на малиот остров само малку на север од постоечкиот остров Неа Камени во центарот на калдерата; самата калдера била создадена пред неколку стотици илјади години со паѓањето на центарот на тркалезниот остров предизвикано од испразнувањето на собата со магма за време на ерупцијата. Од тогаш тоа неколкупати се полнело со игнимбрите и тој процес се повторувал неколкупати, најбрзо се случило пред околу 21,000 години. Северниот дел на калдерата повторно бил наполнет од страна на вулканот и потоа пак се срушила за време на минојската ерупција. Пред минојската ерупција, калдера сочинувала скоро продлжен прстен со само еден влез помеѓу малите острови Аспрониси и Тера; ерупцијата уништила некои делови од прстенот помеѓу Аспрониси и Терасија и помеѓу Терасија и Тера, создавајќи при тоа 2 нови канали. На Санторини може да се пронајдат и резерви на бела тефра кои се создале при ерупцијата, а се наоѓа до 60 м дебелина покривајќи ја почвата и со тоа го означува нивото на почвата пред ерупцијата и формира слој кој е поделен во 3 сосема различни групи кои укажуваат на различните фази на ерупцијата. Новите археолошки истражувања кои биле правени во 2006 година од страна на екипа странски научници, откриле дека овај настан во Санторини бил дури и поголем отколку што се мислело претходно; тој исфрлил 61км2 магма и карпи во атмосферата на Земјата во споредба со претходно утврдените 39 км2 во 1991 година, создавајќи ги проценетите 100 км2 тефра. Во последниве 5.000 години само вулканската ерупција на Планината Тамбора во 1815 година, ерупцијата на Езерото Таупо во 181 година н.е, а можеби и ерупцијата на планината Пекту во 969 година н.е испуштиле повеќе материјал во атмосферата.

Минојски Акротири Ископувањата кои започнале во 1967 година во археолошкото наоѓалиште наречено Акротири под раководство на постариот Професор Спиридон Маринатос, ја направиле Тера најпознато „Минојско“ наоѓалиште кое не се наоѓа на Крит, татковина на таа култура. Островот во тоа време не бил познат под името Тера. Само најјужниот врв на големиот град бил неоткриен, сепак биле откриени комплекси на градби со повеќе катови, улици и плоштади со остатоци од ѕидови кои биле високи и до 8 метри, сите тие биле закопани од стврднетата пепел на познатата ерупција на Тера. Наоѓалиштето не било комплекс на палати како оние кои се пронајдени во Крит, но неговите извонредни ѕидни конструкции и прекрасни ѕидни цртежи покажуваат дека ова секако не била ниту конгломеранција на складишта на трговците. Работилницата за разбој укажува организирано плетење на текстил за извоз. Оваа цивилизација од Бронзеното време се развивала во периодот помеѓу 3000 и 2000 година п.н.е и го достигнала својот врв во периодот од 2000 до 1580 година п.н.е. Некои од куќите во Акротири се огромни структури, некои од нив се високи и до три ката. Неговите улици, плоштади и ѕидови биле зачувани во слоевите на ејектата (пепелта), понекогаш висока до 8 метри и тоа укажува дека тоа било главен град. Во повеќето куќи камените скали се сѐ уште нечепнати и тие содржат големи количини на складирани керамички ќупови, мелници и грнчарија. Значајни археолошки остатоци пронајдени во Акротири се ѕидните цртежи или фрески, кои многу добро ја задржале нивната оригинална боја, како што биле заштитени под многу метри вулканска пепел. Градот исто така имал и високо развиен систем на канализација и судејќи според извонредните уметнички дела , неговите граѓани веројатно биле софистицирани и релативно богати луѓе. Цевките за вода и клозетите со вода се најстарите такви јавни услуги кои биле воопшто откриени. Цевките имале два поврзани системи, кои укажуваат дека Теранците користеле и топли и ладни резерви на вода; потеклото на топлата вода веројатно било геотермичко, поради близината на вулканот. Двојниот систем на цевки кој укажува дека низ нив се движеле и топла и ладна вода, напредната архитектура и очигледниот план на Акротири можат да се најдат во Платоновиот опис на легендарниот изгубен град Атлантис, понатаму укажувајќи на Минејците како на култура која првенствено ја инспирирала легендата за Атлантис. Нецелосните ѕидни цртежи во Акротири имаат недостаток на постојаните религиозни или митски содржини кои биле добро познати во класичниот Грчки декор. Наместо, минојските фрески кои ги отсликувале „Сафрон-Гатерерсите“, кои го нуделе прашникот со крокус на седната дама, која можеби била Божица; меѓу другите фрески во друга куќа има антилопи, нацртани со некој вид на сигурни, движечки, декоративни и калиграфски линии, познатата фреска со рибар кој држи двоен конец кој поминува низ жабрите на рибите и флотилата од бродови за задоволство, придружени со делфини кои скокаат, каде дамите седат спокојно во сенката на лесниот балдахин. Добро зачуваните рушевини на античкиот град често се споредувани со спектакуларните рушевини на Помпеа во Италија. Балдахинот кој ги покривал рушевините се срушил при една несреќа во септември 2005 година, каде животот трагично го загубил еден турист а биле повредени уште 7 други. Наоѓалиштето било затворено сè додека не бил изграден новиот балдахин. Најстарите знаци за населби со луѓе се од доцниот Неолит (4от милениум или порано), но околу 2000-1650 година п.н.е Акротири се развил во едно од најголемите пристаништа на Егејското Море од Бронзениот период, преземајќи ги делата кои доаѓале не само од Крит туку и од Анталија, Кипар, Сирија и Египет како и од Додеканија и грчкото тло.

Датирање Минојската ерупција овозможила точно фиксирана точка во хронологијата во 2 милениум п.н.е во Егејот, бидејќи доказите за тоа дека ерупцијата се случила во регионот и во наоѓалиштето содржат елементи од надворешните култури. Ерупцијата се случила за време на „Доцната минојска IА“ во Крит и врмето на „доцните Киклади I“ на околните острови. Сепак кога точно се случила ерупцијата не се знае. Присуството на радиојаглерод укажува на тоа дека ерипцијата се случила околу 1645 и 1600 година п.н.е. Сепак овие датуми не се согласуваат со вообичаените дати од археолошките докази, кои се од 1550 и 1500 година п.н.е.

Античко и средновековно Санторини Санторини останал неокупиран во остатокот од Бронзениот период, во кој период грците го зазеле Крит. Во Кносос во контекст на ДМIА (14 век п.н.е), седум текстови Лински Б додека се повикуваат на „сите Богови“ обезбедиле главен примат на субјекти кои не биле засведочени на друго место наречени qe-ra-si-ja и qe-ra-si-jo. Ако завршетокот -ia[s] и -ios ја претставуваат етниконската наставка, тогаш ова значи „она што доаѓа од Qeras[os] “. При аспирација *Qhera во покасниот грчки јазик ќе премини во Тера. „Терасија“ и неговиот етикон „Терасиос“ подоцна се потврдени во покасниот грчки јазик и штом –sos била самата генитивна наставка во јазичниот сојуз на Егејот, *Qeras[os] може и да се скрати во *Qera. (Наизменичниот поглед ги зема qe-ra-si-ja и qe-ra-si-jo како доказ за андрогенија и го применуваат ова име со слични коментари за легендарниот пророк, Тирезијас, но овие погледи не се исклучуваат взаемно еден од друг). Доколку qe-ra-si-ja прво била етникон, тогаш во продолжение тој/таа/тоа Критјаните исто така се плашеле од каде дошло тоа. Низ вековите после главните катастрофи од 1200 година п.н.е, Феникјаните јго откриле пронаоѓалиштето Тера. Извештаите на Херодот дека Феникјаните го викале островот Калиста и живееле на него околу 8 генерации. Тогаш во 9 век п.н.е, Дорјаните го основале главниот Еленистички град –Меса Воуно, 396 м над нивото на морето. Оваа група подоцна тврдела дека го нарекле градот и островот по нивниот водач, Терас. Денеска тој град е познат под името Античка Тера. Аргонаутика на аполониус Родиус, која е напишана во 3 век п.н.е во Еленистички Египет, го спомнува и митот за потеклото и независноста на Тера кој бил напишан од страна на Тритон од Либија за гркот Аргонаут Еуфемус, синот на Посејдон, опишувајќи го како групка земја. Еуфемус прво неколку дена ја носел групката веднаш до неговото срце, потоа тој сонувал како се грижел за групката со млекото од неговите гради и потоа групката се претворила во убава девојка со која тој водел љубов. Девојката му кажала дека таа била ќерка на Титон и се викала и дека кога тој ќе ја фрли грутката во морето,таа ќе прерасни во стров на кој ќе живеат неговите потомци. Поемата понатаму тврдела дека островот бил нарешен Тера според потомокот на Еуфемус – Терас, синот на Аутесион, водачот на групата бегалци доселеници од Лемнос.