мини|десно|220п|„Сеанса од хипноза“, слика на Ричард Берг
Хипнозата е ментална состојба (теорија на свесна состојба) или видови на однесувања (теорија на несвесна состојба) најчесто поттикната со постапка позната како хипнотичка индукција, која обично се состои од серија на претходни инструкции и сугестии. Хипнотичките сугестии може да ги зададе хипнотизер во присуство на субјектот („хетеро-сугестија“), или може да бидат самоуправувани („само-сугестија“ или „автосугестија“). Примената на хипнотизам за терапевтски цели се нарекува „хипнотерапија“.
Зборовите „хипноза“ и „хипнотизам“ потекнуваат од поимот „невро-хипнотизам“ (нервно спиење) кој го создал шкотскиот лекар и хирург Џејмс Брајд околу 1841 година, за да направи разлика меѓу својата теорија и практика и оние кои ги развил Франц Антон Месмер и неговите следбеници („месмеризам“ или „животински магнетизам“).
Иако има популарно недоразбирање дека хипнозата е форма на несвест која што наликува на спиење, современите истражувања покажуваат дека таа е всушност будна состојба со фокусирано вниманиеInformation for the Public , American Society of Clinical Hypnosis и зголемена сугестивност,Hypnosis Gaining Ground in Medicine, Lyda, Alex, Columbia News а со намалена свесност за околината.стр. 22, Spiegel, Herbert and Spiegel, David. Trance and Treatment. Basic Books Inc., New York. 1978. ISBN 0-465-08687-X</blockquote> Во првата книга за субјектот, Неврипнологија од 1843 година, Брајд го опишува „хипнотизмот“ како состојба на физичко олабавување („нервно спиење“), придружено со и поттикнато од ментална концентрација („отсутност“).Braid, J. (1843) Neurypnology.
Историја
Претходници Според неговите записи, Брајд почнал да добива извештаи во врска со примената на различни ориентални техники за медитација, веднаш по издавањето на неговата значајна книга за хипнотизмот, Неврипнологија (1843) Брајд најпрво расправа за претходниците на хипнотизмот во неколку статии и тоа Магија, Месмеризам, Хипнотизам, итн., земени предвид од историска и психолошка гледна точка. Повлекува аналогии помеѓу неговата практика на хипнотизам и различни форми на медитација при изведување на Хинду-јога и други древни спиритуални практики. Интересот на Брајд за медитацијата всушност се развил, кога тој го проучил Дабистан-и Мазахиб („Училиште за религии“), што претставува древен персиски текст кој опишува различни ориентални религиски практики.
Последниот мај 1843 г., еден господин кој престојуваше во Единбург, а долго престојувал во Индија и кого јас лично не го познавав, ме фаворизираше мене во еден запис во кој изразува пофалба за ставовите кои ги издадов во врска со природата и последиците на хипнотичките и хипнотизерските појави. Како поткрепа на моите ставови, тој упати на нешто на што претходно бил сведок во ориенталните региони, и ми препорача да погледнам во „Дабистан“, книга која неодамна била издадена, и која претставува дополнителен доказ на истиот ефект. На негова препорака веднаш нарачав копија од „Дабистан“, во која најдов тврдења кои го поткрепуваат истиот факт, дека источните светци се сите само-хипнотизери кои применуваат средства што се во суштина исти со оние кои јас ги препорачав за слични цели.Braid, J. “Magic, Mesmerism, Hypnotism, etc., Historically and Physiologically considered”, 1844-1845, vol. XI., pp. 203-204, 224-227, 270-273, 296-299, 399-400, 439-41.
Иако расправа за религиската интерпретација на појавите во оваа статија и во другите негови записи, Брајд ги искористува овие објаснувања на ориенталната медитација како доказ дека ефектите од хипнотизмот можат да се достигнат насамо, без присуство на магнетизер, и според тоа го зема ова како доказ дека вистинскиот претходник на хипнотизмот треба да се бара во древните практики на медитација, а не во скорашната теорија и практика на месмеризмот. Како што напишал подоцна:
Штом пациентите можат сами да западнат во нервно спиење, и да ги манифестираат сите карактеристични појави на месмеризмот, без нивните напори да бидат потпомпогнати, како што јас повеќепати докажав со тоа што ги наведов да задржат истраен, фиксиран поглед во која било точка, со тоа што ја концентрираат својата цела ментална енергија на мислата за предметот во кој гледаат; или истото може да се постигне ако пациентот гледа во точка од својот прст, или како што свештениците во Персија и јога-инструкторите во Индија практикувале во последните 2400 г., за религиозни цели, да западнат во занесен транс со задржување на истраен, фиксиран поглед на врвот од носот; очигледно е дека нема потреба од егзотерично влијание за да се предизвика појавата месмеризам. … Главната цел на овие процеси е да се поттикне отсутност или концентрирање на вниманието, со што субјектот е целосно задлабочен во една мисла, или во тек на мисли, додека е несвесен или индиферентно свесен за секој друг предмет, цел или акција. Braid, J. (1846). The Power of the Mind over the Body
Франц Месмер мини|лево|150п|Франц Месмер сметал дека постои магнетна сила или „течност“ во универзумот што влијае врз здравјето на човечкото тело. Франц Месмер сметал дека постои магнетна сила или „течност“ во универзумот што влијае врз здравјето на човечкото тело. Експериментирал со магнети да влијае на ова поле и да причини лечење. Околу 1774 г. тој заклучил дека истите ефекти можат да се постигнат со подавање на рацете пред телото на субјектот, кое се нарекува „хипнотизерско подавање“. Зборот месмеризира (хипнотизира) потекнува од името на Франц Месмер, и намерно се употребувал за да се одделат неговите корисници од оние на различните теории за „течност“ и „магнети“ означени со етикетата „магнетизери“.
Во 1784 г. на барање на кралот Луј XVI теориите на Месмер ги проучиле француските научни комитети, а во еден од нив бил вклучен и американскиот амбасадор во Франција, Бенџамин Франклин. Исто така ја истражиле и практиката на еден незадоволен ученик на Месмер, Чарлс Еслон (1750-1786 г.), и врз основа на нивните истражувања на начинот на кој работел Еслон (а не Месмер), и покрај тоа што прифатиле дека резултатите кои ги тврдел Месмер биле всушност вистинити, нивните плацебо-контролирани експерименти на практиките на Елсон јасно покажале дека ефектите на месмеризмот се повеќе резултат на верувањето и имагинацијата отколку некој вид на невидлива енергија („животински магнетизам“) која се пренесува од телото на некој месмерист (хипнотизер).
Со други зборови, и покрај тоа што прифатиле дека практиката на Месмер има некоја ефикасност, и двата комитета целосно ги отфрлиле теориите на Месмер
Џејмс Брајд thumb|150п|Џејмс Брајд
Според откривањата на француските комитети, во неговото дело Елементи на психологијата на човековиот ум (1827), Дугалд Стјуарт, влијателен академски филозоф во „Шкотското училиште за здрав разум“, ги поттикнал лекарите да ги спасат елементите на месмеризмот со замена на натприродната теорија за „животински магнетизам“ со ново толкување кое се заснова на законите на физиологијата и психологијата на „здравиот разум“. Брајд јасно го цитира следниот извадок на Стјуарт:Braid, J., Magic, Witchcraft, etc., 1852: стр.41-42 Мене ми се чини дека општите заклучоци за практиката на Месмер, во врска со физичките елементи на принципот на имагинација (...) се неспоредливо понеобични отколку тој навистина да го прикажал постоењето на неговата пофална наука (за „животинскиот магнетизам“): ниту пак можам да утврдам некоја добра причина зошто лекар, кој ја признава ефикасноста на моралните [т.е. психолошки] агенси кои ги применил Месмер, треба, во извршувањето на својата професија, да се колеба да ги копира кои било неопходни процеси за да ги подреди под своја команда, повеќе отколку што треба да се двоуми да примени нов физички агенс, како електрицитет или галванизација.Stewart, D. Elements of the Philosophy of the Human Mind, 1827: 147
Во времето на Брајд, Шкотското училиште за здрав разум ги произвело доминантните теории на академската психологија и Брајд постојано упатувал на други филозофи во своите записи. Според тоа Брајд ги прегледал теориите и практиките на месмеризамот и развил свој метод на „хипнотизам„ како порационален и алтернатива на „здравиот разум“.
Овде можеби е неопходно да се објасни дека со поимите Хипнотизам или Нервно спиење, кои постојано се појавуваат во наредните страници, јас упатувам на необична состојба на нервниот систем, која се разликува во различни аспекти од обичното спиење и состојбата на будење. Не тврдам дека оваа состојба е поттикната со трансмисија на магнетно или мистично влијание од моето во телото на пациентот, ниту изјавувам дека со моите процеси го создавам вишиот [т.е. натприродниот] феномен на Месмеристите. Моите претензии се од поскромен карактер и се согласни со општо прифатените принципи на физиолошката и психолошката наука. Според тоа хипнотизмот не е означен несоодветно, Рационален Месмеризам, за разликување од Натприродниот Месмеризам на Месмеристите.Braid, Observations on Trance or Human Hibernation, 1850, 'Preface.'
И покрај тоа што кратко време си играл со името „рационален Месмеризам“, Брајд најпосле го оддалечил својот пристап од Месмер и ставил акцент на уникатноста, така што извел повеќе неформални експерименти во текот на својата кариера за да ги побие теориите на Месмеристите и другите натприродни практики, и наместо тоа да ја покаже улогата на обичните физиолошки и психолошки процеси како што се сугестија, фокусирање на вниманието за да се постигнат споменатите забелешки.
Брајд тесно соработувал со неговиот пријател и сојузник, еминентниот професор и психолог Вилијам Бенџамин Карпентер, еден од првите невро-психолози, кој ја вовел теоријата на сугестија на „идео-моторните рефлекси“. Карпентер набљудувал многу примери на очекување и имагинација од секојдневниот живот, кои очигледно влијаат врз несвесното движење на мускулите.
Брајд набрзо ги асимилирал забелешките на Карпентер во својата теорија за хипнотизмот, со тоа што сфатил дека ефектот со фокусирање на вниманието е со цел да се предизвика идео-моторна реакција. Брајд ја проширил теоријата на Карпентер за да го вклучи главно влијанието на умот врз телото, надвор од мускулниот систем и како резултат на тоа упатил на „идео-динамичната“ реакција и го составил поимот „психо-физиологија“ за да упати на студијата за интеракција меѓу умот и телото воопшто.
Во подоцнежната работа, Брајд го зачувал поимот „хипнотизам“ за мал број на случаи во кои субјектите влегуваат во состојба на амнезија која наликува на спиење. За останатите, тој зборувал за „моно-идеодинамичен“ принцип на акција за да стави акцент на техниката за поттикнување на фиксирање на погледот која функционира со стеснување на фокусот на вниманието врз една единствена мисла или тек на мисли („моноидеизам“) со што се зголемува ефектот на следствената „доминантна мисла“ во телото на субјектот со помош на идео-динамичен принцип.
Хистерија наспроти сугестија мини|десно|130п|Жан-Мартин Шарко расправал дека хипнозата е абнормална состојба на нервозно функционирање која е утврдена кај одредени хистерични жени. За неколку децении, делата на Брајд станале повлијателни во странство отколку во неговата сопствена земја, со исклучок на рака полна со следбеници, особено д-р Џон Милн Брамвел. Еминентниот невролог д-р Џорџ Милер Берд ги преземал теориите на Брајд во Америка. Во меѓувреме Вилхем Т. Прејер, професор по физиологија на универзитетот во Јена, ги превел неговите дела на германски. Подоцна, психијатарот Алберт Мол продолжил со германските истражувања и во 1889 г. го издал неговиот Хипнотизам. Сепак проучувањето на хипнотизмот главно се одвивало во Франција, откако истражувањата на Брајд биле претставени пред Француската Академија на Науките од еминентниот невролог д-р Евген Азам, кој исто рака го превел на француски и последниот ракопис на Брајд (За Хипнотизам, 1860). Француската Академија на Науките, која претходно го испитувала Месмеризмот во 1874 година, подоцна ги испитувала и записите на Брајд, веднаш по неговата смрт, на барање на Азам, Пол Брока и др.