Република Естонија (естонски: Eesti Vabariik) или само Естонија (Eesti) — држава во Источна Европа. Естонија се граничи со Латвија на југ, со Русија на исток, додека на север излегува на Финскиот Залив, а на запад излегува на Балтичкото Море.Portal of the Republic of Estonia , Вкупната површина на Естонија изнесува 45.227 км2 каде живеат околу 1,3 милиони жители. Главен и најголем град во државата е Талин, додека службен јазик е естонскиот.
Населувањето на денешната територија на Естонија започнала уште во 8500 п.н.е. Низ историјата, Естонците биле под владеење на околните силни држави, како на пример Шведска, Русија или Данска. Странската власт во Естонија започнала уште во 1227 година. Одреден период територијата била под владеење на Германија и Данска, додека во 1500-те години Естонија била под шведска управа. Од 1710 година територијата била под руска управа, следена од советско владеење за да на 20 август 1991 година Естонија се стекне со својата целосна независност. Од 1 мај 2004 година Естонија е дел од Европската Унија.
Потекло на поимот
Модерното име на Естонија се верува дека потекнува од римскиот историчар Такит кој во делото „Германија“ опишал луѓе кои се нарекувале Ести (Æstii). Исто така, во старите скандинавски приказни се опишувала држава именувана Естланд, термин кој и денес се користи во германските јазици за државата. Во македонскиот јазик државата се нарекува со термин кој е ист за сите словенски јазици.
Историја
2 век п.н.е., населена територијата на денешна Естонија. 12 век, се оформил естонскиот народ 1227 година, Естонија била завладеана од страна на Данска 1346 година, Тевтонскиот ред зазел територии од Данска 1561 година, Естонија била поделена меѓу Данска и Шведска 17 век, Естонија под целосна управа на Шведска 1721 година, Естонија била присоединета кон Русија 19 век, национално движење против Русија 1917 година, Естонија била управувана од страна на Советскиот Сојуз 1918 година, Естонија била окупирана од страна на Германија 1919 година, независност на Естонија 1920 година, потпишан Тартскиот договор 1940 година, СССР ја анексирал Естонија и била создадена Естонска ССР 1941 година, Естонија била окупирана од страна на Нацистичка Германија 1944 година, воведување на Советска власт 1990 година, се објавила декларација за независност на Естонија од СССР 1991 година, независност на Естонија 1991 година, членка на ООН 2004 година, членка на НАТО 2004 година, членка на ЕУ
Географија и клима
Естонија е прибалтичка земја. Се протега и на група од 1521 острови, меѓу кои најголеми се Сарема и Хиума. Релјефот е претставен претежно со низини. Вкупната површина на земјата изнесува 45,226 км2, и според тоа се наоѓа на 129 место по големина во светот. Естонија има копнени и водни граници. Копнените граници и се со Латвија и Русија, и тоа на југ со Латвија и на исток со Русија. Водните граници се со Финска, Латвија, Русија и Шведска.
Политички систем
мини|лево|Парламентот на Естонија
Административна поделба
мини|десно|280п|Карта на окрузите во Естонија Естонија е поделена на 15 окрузи (maakond). На чело на секоја од нив стои управник (maavanem), кој е претставник на државната влада на регионално ниво. Управникот го назначува самата влада и има петгодишен мандат.
Окрузите понатаму се делат на општини, и тоа од два типа: „градски“ (linn) и „селски“ (vald).
Податоците на населението се однесуваат на состојбата на 31 декември 2011 г. ОкругестонскиАдмин. центарПовршина(км2)НаселениеГустина(жит/км2) ВалгаValga maakondВалга2.04430.15814,8 ВиљандиViljandi maakondВиљанди3.42247.59413,9 ВируVõru maakondВиру2.30533.43914,5 Ида-ВируIda-Viru maakondЈихви3.364149.24444,4 ЈарваJärva maakondПајде2.62330.55311,6 ЈигеваJõgeva maakondЈигева2.60431.39812,1 ЉаенеLääne maakondХапсалу2.38324.18410,1 Љаене-ВируLääne-Viru maakondРаквере3.62759.86116,5 ПилваPõlva maakondПилва2.16527.45212,7 ПернуPärnu maakondПерну4.80782.58417,2 РаплаRapla maakondРапла2.98034.90511,7 СареSaare maakondКуресаре2.67331.34411,7 ТартуTartu maakondТарту2.993150.28750,2 ХарјуHarju maakondТалин4.333552.643127,5 ХијуHiiu maakondКјардла9898.4708,6
Стопанство
мини|десно|350п|Движење на реалниот БДП на Естонија во периодот 2002–2012. мини|десно|350п|Буџетските приходи на балтичките земји по жител во 2016 година Во периодот меѓу двете светски војни естонската економија постепено почнала да преоѓа од земјоделски на индустриски сектор и се развивала по урнек на економијата на соседната финска. Во тој период естонските земјоделски производи (особено путерот, млекото и сирењата) се продавале на пазарите во Германија и другите западноевропски земји. Животниот стандард на естонското население во тој период бил скоро ист со стандардот на населението на Финска. Во текот на Втората светска војна економскиот систем во земјата доживеал целосен колапс, а после советската окупација и целосен пресврт од пазарна на социјалистичка економија. После 1944 година Естонија во целост се интегрирала во советскиот стопански систем заснован на општествена сопственост. Иако во тој период дошло до интензивна индустријализација на земјата, животниот стандард значително опаднал, па така според податоците од 1987 година бруто-домашниот производ на Естонската ССР скоро останал на предвоеното ниво од околу 2.000 американски долари, додека во истиот период БДП на Финска пораснала на 14.370 американски долари.
По обновата на независноста на земјата во 1991 година, била извршена повторна транзиција на пазарна економија и во земјата биле спроведени бројни стопански реформи. Една од најзначајните секако била воведувањето на данок на додадена вредност по единствена стапка од 26 % (без разлика на висината на примањата), а даночната стапка во периодот 2005–2008 постепено била редуцирана на конечни 21 %. Целокупната вредност на данокот на земја се користи за финансирање на локалните самоуправи. Се оданочуваат дури и јавните институции. Степенот на наплата на данокот е многу висок и изнесува преку 90 %.<!—мртвата врска е од тој датум-->
Благодарение на сеопфатните реформи стопанството за кратко време закрепнало, а периодот на транзиција од социјалистички на капиталистички систем не бил турбулентен како во некои други држави со слична проблематика. Така националниот БДП во споредба со ЕУ пораснал од 34,8 % колку што изнесувал во 1996, на 65 % во 2007 година. За помалку од 20 години стопанска транзиција, естонското стопанство се трансформирало и интегрирало со стопанските системи на соседните нордиски земји, посебно на Шведска и Финска, и според податоците на Светската банка достигнала статус на високоразвиена економија. Бруто-домашниот производ по жител бележи константен раст, па така од 23.631 долара во 2012 пораснал на 29.543 долари во 2016. години. Бројни реформи значително го олесниле развојот на малите бизниси во земјата, па така според индексот на економски слободи за 2015 година Естонија била рангирана на високото 8. место во светот, односно на 4. место меѓу европските држави. Заради успешната и брза стопанска транзиција и наглиот развој Естонија често се нарекува и балтички тигар (заедно со стопанствата на Летонија и Литванија).
Во ноември 1999 година Естонија станала членка на Светската трговска организација, а од 2010 и на Организација за економска соработка и развој (OECD).
Пред официјалното придружување на еврозоната, национална валута била естонската круна која била вrзана за германската марка во однос 1 DEM за 8 EEK. Круната како официјална естонска валута била во оптек во два наврата, 1928–1940 и 1992–2011 година. Нејзи ѝ претходела естонската марка која била во оптек од 1918 до 1927 година, а ја наследило еврото откако Естонија официјално ја усвоила единствената европска валута како сопствено платежно средство 1 јануари 2011 година. Со воведувањето на еврото Естонија станала 17. членка на еврозоната. Замената на естонската круна за евро била вршена по курс 1€ за 15,64664 EEK. Во текот на периодот на советска власт официјална валута била советската рубља.
Според податоците на Евростат, Естонија има најмал јавен долг меѓу сите земји на Европската Унија кој на крајот на 2010 година изнесува 6,7 % од националниот БДП.Eurostat news release . Архивирано 27 октомври 2011. на Wayback Machine. Од европските фондови за развој Естонија во периодот 2007–2013 добила околу 3,4 милијарди евра.
Естонската економија директно ги осетила последиците од големата економска криза (2007–2010), па така БДП во првата половина на 2008 година паднал за 1,4 %, а до крајот на истата година дури за 9 %. Економијата се стабилизирала дури во почетокот на 2010 година и поново почнала да бележи раст. Така во третиот квартал на 2010 година, индустриското производство пораснало дури за 23 % во споредба со истиот период претходната година. Оттогаш економијата секоја година бележи континуиран раст. Според статистичките податоци од март 2016 година, просечната месечна плата изнесувала 1.105 евра. Меѓутоа постојат значителни разлики во висината на БДП меѓу поедините окрузи во земјата. Подрачјето околу главниот град Талин учествува со повеќе од 50 % од вкупниот национален БДП. Така во 2008 година БДП во Талин изнесувал 172 % од просечниот БДП на национално ниво, или дури 115 % од просечниот БДП на ниво на ЕУ.Half of the gross domestic product of Estonia is created in Tallinn. Statistics Estonia. Stat.ee. 29 септември 2008. Стапката на невработеност во март 2016 година изнесувала 6,4 % што било под просекот на ЕУ, односно пет пати помалку од просекот на еврозоната. Единствен период во кој бил бележен константен раст на невработеноста бил периодот од мај 2008 до мај 2009 година кога невработеноста пораснала од 3,9 % на дури 15,6 %. Во 2012 година Естонија била единствената членка на еврозоната со буџетски суфицит и со јавен долг од само 6 %.
Според проценките на центарот за економски стуции (Centre d'Etudes Prospectives et d'Informations Internationales) доколку продолжи актуелниот тренд на стопанскиот раст, естонската економија до 2025 година ќе го достигне нивото на развој на нордиските земји, а до 2050 година ќе стане една од најпродуктивните економии во рамките на Европската Унија.
Најголем дел (преку 71 %) од вкупниот национален доход доаѓа од услужниот сектор, на индустрискиот сектор отпаѓа 25 %, додека земјоделството и другите примарни дејности даваат само 4 % од националниот БДП. Најважни стопански сектори се преработувачката индустрија која претставува околу 14,5 % од вкупното производство, потоа сообраќајот, градежништвото и комуникациите со вкупно 10 %, трговијата претставува 13,5 %, а сите останати сектори околу 21 %.
Естонија има високо развиен сектор на информатички технологии и се смета за една од најразвиените информатички земји во Европа. Естонските програмери Ахти Хеинла, Прит Касесалу и Јан Талин учествувале во создавањето на телекомуникациската интернет-мрежа Скајп.
Земјоделство и шумарство Во 1991 година, околу 12 % од работоспособното население на Естонија било вработено во земјоделскиот сектор и произведувало 15,4 % од вкупниот национален доход. Во тоа време Естонија имала околу 1,3 милиони хектари земјоделско земјиште, а околу милион хектари биле ораници. Во текот на советскиот период обработливите површини биле смалени за околу 405.000 хектари и тоа земјиште главно е пошумено. Колективизацијата која била спроведувана во текот на 1940-тите и 1950-тите негативно се одразиле на естонското земјоделство, особено на малите селски имоти кои во предвоениот период претставувале основа на естонското стопанство. До почетокот на 1990 година, на тлото на Естонија егзистирале 221 задруга и 117 државни фарми со просечно околу 350 до 400 вработени на секоја од фармите. На фармите најмногу се одгледувале говеда и свињи, а Естонија била еден од главните снабдувачи на другите советски републики со месо и млеко. Од друга страна храната за стоката главно се добавувала од Русија.