Девијантното однесување или едноставно девијацијата во социолошки поглед опишува дејствија и однесувања кои прекршуваат културни норми, вклучувајќи и формално-пропишани правила (на пр. криминалот) и неформалните прекршувања на општествeните норми (на пр. непочтување на обичаии). Социолозите и криминолозите имаат овластување да проучуваат како нормите се создаваат; како се менуваат низ времето и како тие се спроведуваат. Социологијата за девијација користи неколку теории кои се обидуваат веродостојно да ги опишат трендовите и одликите кои се наоѓаат во општествената девијација, за да помогнат подобро да се разбере општественото однесување.
Дефиниции Девијацијата како прекршување на општествените норми Девијацијата како реактивна конструкција
Теории Структурален функционализам Општествената интеграција е поврзана со групите и институциите , додека пак општествените прописи се приврзани со нормите и вредностите на општеството. Оние кои се повеќе интегрирани спаѓаат во категоријата „алтруизам“ и оние кои се многу неинтегрирани во „егоизам“. Слично на нив, оние кои се повеќе регулирани спаѓаат во „фатализам“ и оние кои се многу нерегулирани во „аномија“. Теоријата за притисок на Диркем му припишува на општествената девијација огромна димензија на општествена поврзаност. Алтруистичкото самоубиство (смрт за доброто на групата), егоистичкото самоубиство (смрт за ослободување на себеси заради или оправдани од неповрзаноста со другите) и аномичното самоубиство(смрт заради збунетост од личните интерес и општествените норми) се три вида на самоубиство кои можат да се случат поради екстремни случаи. Исто така, поединците можат да направат криминал за доброто на поединечни групи, за себеси заради или оправдани од недостатокот на поврзаност или бидејќи општествените норми кои го проверуваат поединецот повеќе немаат моќ поради корупцијата во општеството. Два аспекти на општествените врски: Интеграција (поврзаност со групите и засилена врска) Алтруизам (+) Егоизам (-) Регулирање ( поврзаноста со нормите на општеството) Фатализам (+) **Аномија (-) Механичка солидарност Природна солидарност + економска аномија +домашна аномијa
Теоријата на притисок на Мертон Роберт К. Мертон дискутира за девијацијата служејќи се со цели или мисли како на дел од неговата теорија на аномија/притисок. Додека Диркем тврди дека аномијата е збунување од страна на општествените норми, Мертон оди дотаму што тврди дека аномијата е состојба во која општествените цели и законите средства треба да се постигнат а не да се препишуваат. Тој претпоставува дека одговорот на поединецот на општествените очекувања и средствата со кои поединците ги остваруваат тие цели се корисни кога се обидува да се разбери девијацијата. Специјално тој ги набљудува дејствувањата на колективот кои се мотивирани од притисокот, стресот или фрустрацијата заедно со поединците кои се појавуваат поради неповрзаноста помеѓу општествените цели и на широко познатите средства за да ги постигнат тие цели. Често, за нерутинските однесувања на колективот (протести, побуни итн) се вели дека се прикажани при економските очекувања и се предизвикани поради некој притисок. Овие два аспекти го одредуваат приспособувањето на општеството во согласност со целите на културата, кои се согледувањата на општеството за идеалниот живот и со институционализираните средства, кои се законски средства преку кои може поединецот се стреми целите на културата. Мертон ја прошири идејата дека аномијата е оттуѓување на личноста од општеството поради конфликтните норми и интереси, опишувајќи 5 различни видови на акција кои се случуваат кога личните цели и законските средства се во меѓусебен судир. Кога поединецот заедно ги прифаќа и целите и средствата, тогаш тој работи усогласено. (пример: Јакиот работник кој работи само за да го исхрани неговото семејство). Кога поединецот ќе ги прифати целите но нелегално ќе ги користи средствата со цел да ги постигни тој врши криминал со цел да ги имитира вредностите на оние кои се усогласени, тој мора да користи креативност за да ги постигни целите на културата (пример:Дилерот на дрога кој продава дрога за да го прерани неговото семејство.) Поединецот кој изгубил секаква верба во целите на културата но сѐ уште се чувствува обврзан да работи рутински поради прифатениот секојдневен живот. Оваа личност практикува ритуализам. (пример:Силен бел работник кој има работа но е сосема оддалечен и незадоволен од Американскиот сон.) Поединецот може да ги отфрли и двете и целите и средствата и да практикува повелекување, кога тие ги игнорираат целите и средствата на општеството (пример: Зависникот од дрога кој престанал да се грижи за општествените цели и користи дрога за да побегни од реалноста.) На крајот, имаме петти тип на адаптација која е побуна, каде поединецот ги отфрла целите на културата и институционализираните средства но бара да ги дефинира нови вредности на општеството (пример: Радикали кои скаат да го поправат или уништат капиталистичкиот систем со цел да се изгради нова општествена структура. )
Симболички интеракционизам Девијацијата доаѓа од поединецот ,кој кој стекнува такво девијациско однесување. Тие што имаат девијантно однесување може да пораснале со поединци исти како нив или можеби научиле да даваат оправдување за таквото однесување. Фокусот е на свеста и на главата на поединецот спротивставени на институциите од каде што дошле нормите.
Теорија на неутрализација Теоријата на неутрализација на Грешам Сајкс и Давид Матза објаснува како оние кои имаат девијантно однесување го оправдуваат нивното девијантно однесување со приспособување на дефиницијата за нивното однесување и објаснувајќи си на самите себе и на другите за нивниот недостиг на вина за нивните постапки во одредени ситуации. Има 5 различни вида на рационализација, кои се одречување на одговорноста, одрекување на какви било повреди, не признавање на жртвата, осудување на осудениот и жалба до повисоките власти. Одрекувањето на одговорноста е аргументот дека тој што се однесувал девијантно бил не сакајќи вовлечен во девијацијата и дека под истите услови, било која друга личност исто така би реагирала.Одрекувањето на повредите е аргументот дека личноста која се однесувала девијантно не повредил никого и според тоа девијантното однесување не е морално грешно, поради основното верување дека дејството не му предизвикало ништо лошо на други поединци или на општеството. Не признавањето дека има жртви е аргумент дека некои индивидуалци кога девијантното однесување се смирувало никој не е повреден, но почувствувал некаква сила поради тоа што жртвата немала доблест или морал. Осудувањето на осуденикот е дело во кое личноста која се однесувала девијантно ги обвинува фигурите на власта или жртвите дека имале намера исто така што се однесуваат девијантно и на крајот хипокрити. На крајот, жалбата до повисоките власти е верување дека постојат власти и вредности кои одат зад границите на законот; пријателствата и традициите му се поважни на личноста отколку правните граници. Теоријата за неутрализација тврди дека криминалците си ги оправдуваат делата со неутрализација на дефиницијата за криминал. Има 5 големи видови неутрализација: Одрекување на одговорноста: беспомошно вовлечен во криминалот. Одрекување на каква било повреда: делото не повредило никој и не е морално грешно. Одрекување на жртви: жртвата не била повредена туку со право било применета сила. Осудување на осуденикот:Осуденикот е хипокрит а личностите кои се однесувале девијантно се добри. Упатување на жалба до повисоките власти: власт со повисока моќ од законот, како што е пријателството.
Теорија на етикетирање Франк Таненбаум и Ховард С. Бекер ја создале и ја развиле теојирата на етикетирање. „Драматизација на злото“ како што ја нарекувал Таненбаум. Бекер рекол дека „општествените групи ја создале девијацијата со создавањето на правилата чие прекршување ја создалд еевијацијата “. Теоријата на етикетирање предлагала дека девијацијата која е направена од страна на девијантната личност е негативно етикетирана, усојвувајќи ја етикетата и однесувајќи е во согласност со неа. Како што поминува времето, „девијантноста “ ги зема одликите кои дефинираат што треба да прави вистинска девијација и ја зема улогата на таква етикета со извршувањето на девиајциите кои се приспособуваат на таквата етикета. Поединечната и општествената преокупација со етикетирањето на девијантноста ја води девијантната личност до тоа да го следи себеисполнувачкото претскажување за соглњавуња со припишаната етикета. Оваа теорија, каои повеќе е симболичко-интеракционасилтичка теорија, исто така има елементи на теоријата на конфликтот како што доминантната група има моќ да одлучи што е девијантно и прифатливо и ја ужива моќта која е зад процесот на етикетирање. Пример за оваа теорија е затворскиот систем кој ги етикетира луѓето кои се обвинети за кражба и поради тоа тие почнуваат да се гледаат себеси како крадци.
Примарна и секундарна девијација Едвин Лемерт ја развил идејата за примарна и секундарна девијација со која би се објаснувал процесот на етикетирање. Првичната девијација е секоја општа девијација пред девијантноста да биде етикетирана како таква. Секундарна девијација е секое дејство кое се случило после примарната девијација како реакција на институциите. Кога извршителот ќе изврши криминал (примарна девијација), колку и да не е сриозно, институцијата ќе му изречи општествена казна. Сепак, не мора да значи дека казната ќе спречи повторно вршење на криминалното дејство, така што извршителот може повторно да изврши примарна девијација и да има уште построги реакции од страна на институцијата. Тогаш, извршителот ќе се противи на институцијата, додека пак таа ќе донесува построги и построги репресии. На крајот, целата заедница јавно ќе го осуди учесникот како личност која се однесува девијантно и учесникот нема да може да го толерира но на крајот ќе ја прифати неговата или нејзината улога на криминалец и ќе врши активности кои ќе му одговараат на неговата улога на криминалец. Примарната и секундарната девијација се оние кои ги предизвикуваат луѓето да прават криминал. Примарна девијација имаме тогаш личноста е обележана како девијантна преку признавање или известување. Секундарна девијација е девијацијата пред и после примарната девијација. Ретроспективното етикетирањето се случува кога девијантната личност ќе ги препознае своите дела како девијантни пред примарната девијација, додека пак потенцијалното етикетирање е кога девијантната личност ќе ги препознае своите идни дејства како девијантни. Стапките по кои се станува криминалец се. Општествени казни. Секундарна девијација. Построги казни. Понатамошни девијации со лутина и непријателство кон казнувачите. Заедницата ја осудува девијантноста како криминал. Толеранцијата го преминува прагот. Зајакнување на девијантното однесување поради јавните казни. Прифаќање на улогата на девијантен или криминален извршител.
Теорија на контрола