Мајанското писмо или мајанските хиероглифи било писмото на кое пишувале Маите до пред-колумбискиот период и денес е единствено дешифрирано староамериканско писмо. Најстарите натписи од писмото датираат од 3 век п.н.е. и се во Сан Бартоло, Гватемала. Писмото се користело постојано сè до доаѓањето на Шпанците во Америка во 16 век. Маите користеле логограми составени од сет слоговни глифови, нешто слично со јапонското писмо денес.

Познато е и со името „мајански хиероглифи“ бидејќи на првите Европејци кои дошле во Америка писмото им наликувало на египетските хиероглифи.

Јазици thumb|left|Јукатански јазик на Дрезденскиот кодекс, околу 11–12 век, Чичен Ица Денес се верува дека мајанските кодекси и класични текстови биле напишани од свештеници или членови на свештенството. Се пишувало писмена форма на чолти јазик. Можно е маите да го зборувале овој јазик како лингва франка низ целиот регион каде живееле МаиKettunen and Helmke (2005, p.12). Покрај овој јазик, писмото се користело и за други јазици.

Структура

Мајанското писмо се состои од високо развиени глифи, кои биле обоени на керамика, ѕидови. Глифовите биле гравирани, но бојата денес не е сочувана.

Околу три-четвртини од мајанските глифови денес можат да се прочитаат со голем степен на сигурност, доволно да се разбере идејата на нивната структура.

Мајанското писмо е лого-слоговно. Поединечните симболи или глифови можат да претставуваат или цел збор или слог. Во некои случаи, еден знак може да биде и двете. Така на пример, календарскиот симбол „маник’“ бил користен за слогот чи. Најверојатно, овие конфликтни читања на симболите произлегле како последица од прифаќање на одредени симболи од различни јазици. Покрај овој феномен, има и различни симболи кои означуваат иста работа. Така, има повеќе симболи за запишување на личната заменка за трето лице u-.

Мајанскиот јазик обично се пишувал во блокови, во колони по два блока и се читаат на следниот начин:

border|180px|center

Во секој блок, симболитебиле наредени одозгора па надолу и од лево кон десно, нешто слично како и корејските хангул блокови. Во мајанскиот случај, секој блок тежнее да соодветува со именска или глаголска фраза. Понекогаш мајанските симболи биле заменувани, каде еден елемент од еден симбол ќе замени дел од друг.

Наводи

Белешки

Поврзано Мајански јазик

Надворешни врски Вовед во мајанското писмо Делумна транскрипција, транслитерација и превод од Храмот на натписи Зборовен фонд на мајанскиот FAMSI податоци за мајанското писмо Мајанско писмо во: Гватемала, Лулка на мајанската цивилизација Mayaweb: Научи како да го напишеш твоето име на мајанско писмо Nova online - 'Откривање на мајанскиот код'

Категорија:Маи Категорија:Мајански јазици Категорија:Мајанско писмо