Едуард Луј Жозеф, Барон Меркс (роден на во Меензел-Кизегем, БелгијаL'Equipe, Rider database, Eddie Merckx), познат како Еди Меркс е поранешен белгиски професионален велосипедист. Францускиот магазин Vélo го нарекол „најголемиот велосипедист којшто светот некогаш го познавал."Vélo, France, November 2000 Од американското издание VeloNews е наречен „најголемиот и најуспешен велосипедист на сите времиња“. Во својата кариера, Меркс победил по 5 пати на Трката околу Франција и Трката околу Италија, еднаш на Трката околу Шпанија. Тој исто така станал светски првак како аматерски и професионален возач и го урнал рекордот во трката на еден час. Победил и на сите класични трки, освен на Париз-Тур.. Тој е познат и како друмски и како велодромски велосипедист.
Еди Меркс бил познат како многу други познати во спортисти во другите спортови. Иако, Марк Шпиц освоил 7 златни медали на Олимписките игри во Минхен во 1972, а Мохамед Али бил неприкосновен на крајот од 1960-тите и 1970-тите, сепак реално, Еди Меркс е најголемиот спортист во тој период во светот.
Го нарекувале Ајнштајн на две педали и Гигант.
Се чини покрај трката Париз-Тур, единствена друга победа која му недостига е победа на Олимписките игри. На Олимписките игри настапил само еднаш, и тоа на Олимписките игри во Токио во 1964, на кои на друмската трка во поединечна конкуренција го освоил 12. место. Подоцна како професионалец и поради крутите аматерски принципи, му било оневозможено да настапи на Олимписките игри.
Споредбата со другите великани во велосипедизмот е излишна. За разлика од многумина, кои во годината имале 50 натпреварувачки денови, Еди Меркс имал над 200.
Наводи
Додатна литература
Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Белгиски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Белгиски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 1964 Категорија:Белгиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Победници на Џиро д’Италија Категорија:Олимписки велосипедисти на Белгија Категорија:Победници на пролози на Тур де Франс Категорија:Победници на Тур де Франс Категорија:Етапни победници на Тур де Свис Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Победници на Вуелта а Еспања