100px|мини|Потпис на Кирил Николов Кирил Николов (, - , ), македонски новинар, публицист и политички работник.

Роден е во македонско револуционерно семејство на бегалци од Крушево. Завршил гимназија и дипломирал на правниот факултет во Софија. Уште како ученик се вклучил во челните редови на организациите и акциите на напредната македонска емиграција во Бугарија. Бил член на Македонската студентска група на ВМРО (Обединета). Соработник на весникот „Македонски вести“ (1935-1936) и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Негова публицистичка преокупација е македонското национално прашање.

Творештво Автор е на книгата:

„За македонската нација“, Скопје, 1946

Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски Власи