Петре Ристов Бицевски (р. во Горно Пожарско, Мегленско, починал 12.12.2025 во Скопје) —македонски раскажувач, романописец, писател за деца, фолклорист и сликар.

Животопис

Во време на Граѓанската војна во Грција, семејството на Бицевски го напуштило родното село и во 1948 година се доселило во селото Ерџелија, Светиниколско. Во 1964 година, Петре Бицевски завршил средно земјоделско училиште во Струмица, а во 1968 година ја завршил и Вишата педагошка школа во Скопје. Во периодот 1968-1971, работел како наставник по македонски јазик во Свети Николе, а подоцна се преселил во Скопје, каде работел како наставник во периодот 1971-2000, по што заминал во пензија.

Бицевски е член на Друштвото на писатели на Македонија од 1993 година. Тој се занимавал и со собирање фолклорен и ономастички материјал од Мегленско. Покрај тоа, приредил и две самостојни изложби на слики.

Наводи

Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски писатели Категорија:Деца бегалци