Иван Доровски (роден на ) — чешки поет, книжевен историчар и теоретичар, преведувач, антологичар и македонист од македонска народност.

Животопис Иван Доровски е роден во селото Чука, Костурско, егејскиот дел на Македонија, на 18 мај 1935 година. По преселбите на децата бегалци од Егејска Македонија од 1948 година, тој живел во Чехословачка/Чешка. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Брно, каде ја одбранил кандидатската дисертација „Рајко Жинзифов и руската и украинската литература“. Доктор на филолошките науки. Професор по Литературна историја на балканските народи на Филозофскиот факултет во Брно. Главен и одговорен уредник на списанијата „Универзитас“ и „За пријателите на Јужните Словени“. За член на МАНУ надвор од работниот состав бил избран во 1979 година. Почесен член на ДПМ. Автор е на книгите: Чешка и Македонија меѓусебни врски (1974), Константин Иричек живот и дело (1983), Речник на словенски писатели (1984), Рајко Жинзифов (1988), Студии за балканските литературни процеси во 19. и 20. век (1992), Балкански меѓулитературни врски (1993), Драмското дело на Мирослав Крлежа (1993), Чешко-македонски и македонско-чешки речник (1994), Балкане љубов моја (поезија, 1994), Драмското творештво на Јужните Словени (1995), Рајко Жинзифов (Скопје, 1995), Македонија (1995), Уметничкиот лик на Врацлав Фролец (1995), Хрватите живеат меѓу нас (1995), Фолклористички студии (1996), Балкан и Медитеран (1997), Македонците живеат меѓу нас (1998). Составувач е на антологијата Современа македонска поезија на чешки јазик. Во посебна книга е објавена Библиографија на Иван Доровски (Брно 2000).Лексикон на странски македонисти, Скопје, 2002

Творештво Чешка и Македонија меѓусебни врски (1974) Константин Иричек, живот и дело (1983) Речник на словенски писатели (1984) Рајко Жинзифов (1988) Студии за балканските литературни процеси во XIX и XX век (1992) Балкански меѓулитературни врски (1993) Драмското дело на Мирослав Крлежа (1993) Чешко-македонски и македонско-чешки речник (1994) Балкане љубов моја (поезија, 1994) Драмското творештво на Јужните Словени (1995) Рајко Жинзифов (Скопје, 1995) Македонија (1995) Уметничкиот лик на Врацлав Фролец (1995) Хрватите живеат меѓу нас (1995) Фолклористички студии (1996) Балкан и Медитеран (1997) Македонците живеат меѓу нас (1998)

Наводи

Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Луѓе од Чука (Костурско) Категорија:Починати во Брно Категорија:Чехословачки писатели Категорија:Чехословачки македонисти Категорија:Чешки писатели Категорија:Чешки македонисти Категорија:Чешки академици Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Деца бегалци Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Македонци во Чешка