Србо Ивановски (, - , ) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и писател за деца.
Животопис Србо Ивановски е роден во 1928 година во Штип. Се школувал во родното место, а дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник во неколку списанија и весници, како и долгогодишен уредник во Радио Скопје. Toj e член и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година, како и член на Македонскиот ПЕН центар.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.96 - 97. Починал на 12 март 2014 година во Скопје.
Творештво Србо Ивановски е автор на поезија, раскази и романи за возрасни и за деца. Тој е претставник на втората македонска поетска генерација, а во современата македонска поезија се појавил во 1950 година. Негови поважни дела се:Милка Котевска и Лидија Мирчевска, Повоените македонски писатели низ страниците на периодиката во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, Битола, 2010, стр. 66. Лирика (поезија, 1950), Желби и меѓи (поема, 1950), Средби и разделби (поезија, 1953), Бели крикови (поезија, 1956), Маѓепсан патник (поезија, 1966), Пена од планината (поезија, 1972), Прстен на времето (поезија, 1993), Горчлив корен (поезија, 1994), Челуст на времето (поезија, 1996), Близу до животот близу до смртта (поезија, 1998). Жена на прозорецот (раскази, 1955), Кога тетин Клименте шеташе над градот (раскази 1982), Желките од рајската градина (раскази, 2009), Осамени (роман, 1957), Мартин Нуната (роман, 1979), Леонида трча окрвавен (роман, 1980), Додека го чекавме Андреја (роман, 1990), Балада за исчезнатите (роман, 1994), Неподобниот (роман, 1997).
Исто така, Ивановски е познат и како автор на текстот на познатата детска песна „Елко, елко“, создадена во 1952 или во 1954 година, на музика на композиторот Тодор Скаловски.„Елко, елко се роди во Радио Скопје“, Дневник, петок, 31 декември 2010.
Иако на почетокот од книжевната кариера бил типишен претставник на соц-реалистичката поезија, подоцна станал изразито модернистички поет. Во неговата проза доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот, со повремено свртување кон темите од НОБ, а во романот „Емигранти“ го опишува животот на иселениците.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 96.
Награди За своите дела, Ивановски е добитник е наградите „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. За поемата „Елена“, во 2006 година ја доби наградата „Григор Прличев“.„Елена од Србо Ивановски - најдобра поема“, Време, бр. 621, 3 февруари 2006. За целокупниот поетски опус, во 2008 година ја доби наградата „Книжевно жезло“, што ја доделува ДПМ.„Книжевните жезла врачени на поетите Србо Ивановски и Љубов Голота“, Утрински весник, бр. 2723, 28 јуни 2008. Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ“.
Наводи
Надворешни врски Поезија од Србо Ивановски Поезија од Србо Ивановски раскази од Србо Ивановски
Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски романописци Категорија:Југословенски романописци Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници