Мурат Исаку ― македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор од албанска народност.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 103.
Животопис Исаку е роден во Гајре, Тетовско на година. Починал на 24 август 2005 во Тетово. Завршил Филозофски факултет. Бил уредник во Македонската телевизија. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1966 година. Бил секретар на ДПМ. Автор е на книгите: Глас на шумата (поезија, 1960), Пладневни насмевки (поезија, 1963), Сонцето го знае својот пат (роман, 1964), Попладневни насмевки (поезија, 1966), Венец на земјата (поезија, 1968), Прстен на пустелија (раскази, 1971), Задоцнет огин (роман, 1973), Трески (поезија, 1975), Рани (роман, 1975), Прамен (раскази, 1978), Мост (поезија, 1982), Жед (роман, 1982), Ветрометина (раскази, 1982), Дамки (роман, 1986), Убава утеха (поезија, 1989), Бран (роман, 1989), Рецкајт (роман, 1989), Изневера (роман, 1991), Ориолика (поезија, 1994), Несреќници (роман, 1995), Некој копа на моето чело (поезија, 1999).
Наводи
Категорија:Луѓе од Гајре Категорија:Починати во Тетово Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје