Саво Костадиновски (р. во Горно Ботушје) — македонски поет и иселеник во Германија.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 124 - 125.

Животопис

Костадиновски завршил oсновно училиште во родното село и во Гостивар. На 26 јули 1963, на денот на Скопскиот земјотрес, се здобил со повреда на ногата во разурнатата куќа во Гостивар. Bеднаш по катастрофалниот скопски земјотрес започнала неговата „одисеја“, уште од најраната младост. Во 1964 година, тој престојувал во интернат во Белград, стипендиран како дете на татко-првоборец (партизан). Во 1965 година, тој pаботел во Славонски Брод, продолжил да пишува поезија со носталгични изливи. Во 1968 година, тој бил повикан да го отслужи воениот рок во Карловац и Загреб (до 1970 година). Tој учел во Техничкото дописно училиште во Белград. Почнувајќи од 1970 година, тој заминал на работа во Минхен, во Вирцбург и во Франкфурт на Мајна. Во 1973 година, тој pаботел и се школувал во градот Келн, Германија. Tаму го минал поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1981 година, тој дипломирал три семестра на машинскиот оддел при Вишиот технички универзитет во Келн. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија на македонски и германски јазик. Во книгата „Поезијата во животот на поетот“, писателот Костадиновски напишал: „Поезијата ми е составен дел од животот, таа ми е живот во секојдневието.“Патувал низ Евpопa, по Северна Америка, Австралија, Индија, Тибет, Кина и Афpика (Сенегал).

Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски и романски (2002 година), на македонски и германски (2012 година) и на српски јазик (2015 година). За возрасната читателска публика, тој ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите века“ (2005 година).

Член е на Сојузот на писателите на Германија од 1993 година. Член e на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1989 година, на Здружението на новинарите на Македонија и на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија од 1995 година.

Во 1993 година, тој бил добитник на Наградата „Иселеничка грамота“, во рамките на Струшките вечери на поезијата.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 124 - 125.

Библиографија мини|260x260пкс|Саво Костадиновски и германскиот славист Волф Ошлис. Саво Костадиновски е автор на книгите:

Поезијата за деца: „Лето во родниот крај“ (Детска радост, 1980) „Копнежи“ (Дом на културата „Кочо Рацин“, 1989) „Децата на светот“ (Дом на културата „Кочо Рацин“, 1990) „Кафез без птици - Од Ботуше до Келн“ („Печалбарски денови“, Вевчани,1990) „Песни“ (Културно просветна заедница Скопје, 1991) - збирка од десет книги „Песни од Ботуше“ (Дом на култура „Кочо Рацин“, 1992) - избор „Песни“ (Културно просветна заедница Скопје, 1993) - збирка од десет книги „Порече“ (Мисла, 1995) „Илјада и една носталгија“ (Детска радост, 2001) - избор „Заедно со Филип“ (Антолог, 2013) „Разговори со Бети“ (Антолог, 2013) „Стихувани години“ (Антолог, 2013) „Вечен глас“ (Антолог, 2014) - избор „Писма до Филип“ (Антолог, 2014) „На одмор кај Филип“ (Антолог, 2014) „Секогаш со Филип“ (Антолог, 2014) „Филип е прваче“ (Антолог, 2014) „Како Филип ја научи азбуката“ (Антолог, 2014) „Бисерчиња за Бисера“ (Антолог, 2014) „Записи од Америка“ (Антолог, 2015) „Блиски песни во далечна Австралија“ (Антолог, 2015) „Европа во стихови“ (Антолог, 2015) „Порече“ (Антолог, 2015) „Од Ботуше во Париз“ (Антолог, 2015) „Без родниот крај“ (Антолог, 2016) „Келн и јас“ (Антолог, 2016) „Со Татковината“ (Антолог, 2016) „Од животот по Европа“ (Антолог, 2016) „Македонски знаменитости“ (Антолог, 2016) „Песни за деца“ - собрани дела, (Академски печат, 2018) „Бети, Филип и Бисера“ (Академски Печат, 2018) „Домашни и диви животни“ (Академски печат, 2019) „На Македонија со љубов“ (Академски печат, 2020) „Сѐ од љубов за Ботуше и ботушани“ (Академски печат, 2020) „Дедо, зошто ги сакаш децата“ (Академски печат, 2020) „Од дневникот на самоизолацијата“ (Академски печат, 2020) „Ботуше во спомени“ (Академски печат, 2020) „Ботуше со последните селани“ (Академски печат, 2020) „Со Ботуше до Арктикот“ (Академски печат, 2020) „Од дневникот на туѓината“ (Академски печат, 2020) „Времето не е само илузија“ (Академски печат, 2020) „Од планинска врвица до автопат“ (Академски печат, 2020) „Со Бродот од Порече“ (Академски печат, 2020) „Книга за секое дете“ (Академски печат, 2020) „Цвеќе и поезија“ (Академски печат, 2021) „Со цвеќето по светот“ (Академски Печат, 2021) „Порече во творештвото на писателот Саво Костадиновски“ (во соавторство со Бојан Бежоски) - (Академски печат, 2021) „Вистините за Костадин Комитата - Капиданот“ (во соавторство со Билјана Бибоска) - (Академски печат, 2021) „Едно лето во Охрид“ (Академски печат, 2022) „Така растев кај баба“ (Академски печат, 2022) „Спомени од детството“ (Академски печат, 2022) „Рајскирхен во сите годишни времиња“ (Академски печат, 2022) „На Македонија со љубов“ - дополнето издание (Академска мисла, 2023) „Стихувани години“ - дополнето издание (Академска мисла, 2023) „Една есен во Лондон“ (Академска мисла, 2023) „Една зима во Сиднеј“ (Академска мисла, 2023) „Една пролет во Париз“ (Академска мисла, 2023) „Волшебниот број 13“ (Академска мисла, 2023) „Дедовците и внуците“ (Академска мисла, 2023)

Поезија за возрасни: Поезија за поезијата (двојазично издание на македонски и романски јазик), Букурешт, 2002 Поезија за поезијата (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2012 Поезијата во животот на поетот (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2014 Die Liebe lebt - „Љубовта живее“, заедно со Терезе Ројбер, (на германски јазик), Скопје, 2014 Живот за Ботуше (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2014 Песни од Келн (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2014 Поезија за поезијата, (превод на српски), „Банатски културен центар“ Ново Милошево, 2015 Историја на војните (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2016 Човекот и Татковината (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2017 „Поезија за возрасни“ - собрани дела (двојазично издание на,македонски и германски ), Скопје, 2018 „Песни и Манифести“ (Двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2020 „Стари и нови песни“ - Скопје, 2020 „Поет и Воин“ - (циклус песни од Ѓоре Геровски) Скопје, 2021 „Ние, поетите од Келн“ (избор поезија од поетите во Келн) Скопје, 2021 „Песни за Порече и поречани“ - Академска мисла, 2023 „Посветени песни“ - Академска Мисла, 2023 „Синовите на Македонија“ - Песнопој, 2023

Проза: Трите века, биографски – хронолошки роман за возрасни („Македонска реч“, 2005), – Скопје Трите века, биографски – хронолошки роман за возрасни, во превод на германски („Literatur Atelier“, 2016) – Бон Роден крај со срце - збирка раскази за млади („Македонска реч“, 2005) – Скопје Трите века, (второ дополнето издание) биографски – хронолошки роман за возрасни, („Македоника литера“, 2016) - Скопје Роден крај со срце (во превод на германски („Literatur Atelier“, 2016) – Бон Бисера и Филип (во превод на германски („Literatur Atelier“, 2016) – Бон Роден крај со срце (двојазично издание на македонски и германски) („Антолог“, 2016) – Скопје Бисера и Филип, (двојазично издание на македонски и германски) („Антолог“ 2016) – Скопје Под Добра Вода - монографија за Горно Ботуше („Антолог“, 2016) - Скопје Сѐ од љубов за Порече и поречани - монографија („Антолог“, 2017) - Скопје Сѐ од љубов за Порече и поречани - монографија (второ дополнето издание), („Антолог“, 2017) - Скопје „Писателот од Порече“ - монографија за Саво Костадиновски, (во соавторство со Наум Попески),(„Академски Печат“, 2018) - Скопје „Појаснувања“ (Академски печат, 2021) - Скопје

Наводи

Надворешни врски К - Друштво на писателите на Македонија, Кратка биографиja Костадиновски, Саво Агенција за Иселеништво на Република Македонија : Поезија: Саво Костадиновски - Илјада и една носталгија Моите први книги Заедно со Филип Саво Костадиновски – РЕПЕР, Скопје, година VI, број 33/2013, 20 дек 2013 Savo Kostadinovski on WorldCat I like MK, 30 мај Родени: 1950 – Саво Костадиновски, македонски поет

Категорија:Луѓе од Горно Ботушје Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонци од Германија