Ристо Миљановски (, Костурско, ) — македонски поет и раскажувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 158.

Животопис Милјановски е роден во село Статица, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. За време на Граѓанската војна во Грција, тој заминал за Унгарија. Основно образование завршил во Блатомлади, а Педагошка школа во Будимпешта, во Унгарија. Работи едно време како наставник во Средна технолошка школа, на унгарски јазик. Првите книжевни обиди ги направил како сосема млад, вдахнат, пред се, од носталгијата кон родниот крај и својата родна земја. Иако живее надвор од татковината, со голема љубов читал книги на македонски јазик, сè што му дошло до рака, а во своето творештво со многу сугестивен јазик и голема носталгија го опејувал родниот крај и мајчиниот јазик, пределите во кои го минал детството. Пишувал поезија и проза. Живее во Торонто, Канада.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Луѓе од Статица Категорија:Македонци од Канада