Христо Трајков Христов (26 декември 1897 — 24 јануари 1933) — македонски револуционер и политички деец.

Биографија

Роден е во семејството на Трајко Христов, колар, и Елена Чулева. Завршил трети клас во католичко основно училиште во 1913 година. Истата година заради војната со брод преку Солун, се преселиле во Ѓумурџина, тогаш во Бугарија, каде живеел неговиот поголем брат Стојчо. Потоа се преселиле во Струмица, тогаш во Бугарија, каде во 1915 година умрел татко му. Во тоа време на глад и сиромаштија, тој заминал повторно за Ѓумурџина да работи како поштенски службеник. Но поради читање на забранети книги и другарување со „неблагонадежни момчиња“, тој бил опуштен. По припојувањето на Западна Тракија кон Грција во 1918 година се преселил Крџали, каде бил секретар-собирач на данок и на таа должност работил пет години.

Потоа дошол во Софија. Тука се поврзал со кукушаните - доселеници и станал член на ВМРО (Обединета). Работел во Кукушкото братство. Соработувал со Бугарската комунистичка партија и станал член на нејзиниот Градски комитет. Бил член на ЦК на ВМРО (Обединета) и на Општиот емигрантски комитет. Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други.

Бил народен пратеник од 1931 година до 1933 година. По поставување на прашањето за посебноста на македонската нација од ВМРО (Обединета) во 1932 година ја поткрепил оваа идеја.Потеклото на македонската нација - Стенограма од седница на Македонскиот научен институт во Софија во 1947 година. Како народен пратеник од Бугарската комунистичка партија во 1932 г. поднесува приговор по повод киднапирањето на како што самиот вели, прогресивно настроените Македонци - браќата Михаил и Борис Сматракалеви. Тука тој истакнува:

Во Народното собрание на Бугарија се истакнал како непомирлив борец за права на Македонците во Бугарија и цврст противник на михајловистите, поради што му е изречена смртна пресуда. На конгресот на ВМРО во 1932 година во Софија успеал да влезе инкогнито и да се искаже обвинувајќи ги михајловистите дека соработуваат со дворецот и реакционерните влади. Истата година како пратеник полицијата го интернирала во село Врбица, Преславско. Подоцна е фрлен во затвор како одговорен уредник на весникот „Работническо дело“. Таму михајловистите се обиделе да го убијат, но неговите другари успеале да го разоткријат заговорот и да го спасат од убиството. Сепак, убиен е на 24 јануари 1933 година од тројца терористи на ВМРО.

Наводи

Надворешни врски БЕСКОМПРОМИСЕН НАРОДЕН ДЕЕЦ, „Македонско сонце“ Прашање на Христо Трајков во Народното собрание односно киднапирањето на браќата Сматракалеви Учество на Христо Трајков во собраниска седница

Категорија:Македонски социјалисти Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски преселници во Ѓумурџина Категорија:Починати во Софија Категорија:Убиени по наредба на Ванчо Михајлов Категорија:Родени во 1897 година Категорија:Починати во 1933 година