Томе Момировски (роден на година во Кичево) — македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и преведувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 167-168.

Животопис Момировски завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил главен уредник на списанијата „Иднина“ (Скопје), „Културен живот“ (Белград), на весникот „Млад борец“ (Скопје) и на Радио Скопје, како и уредник на списанијата „Современост“, „Културен живот“ и „Погледи“ во Скопје. Тој станал член на ДПМ во 1957 година, и бил негов секретар.

Бил министер за култура на Македонија, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија, претседател на Комисијата за култура и уметност на Сојузната конференција на Југославија и др. Член на Македонскиот ПЕН центар и негов почесен потпретседател.

Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“, „РТВ на СВП“, „Климент Охридски“ и „Мито Хаџивасилев - Јасмин“.

Творештво Момировски пишувал книжевност за деца и за возрасни. Најчеста тема во неговите дела е НОБ, но пишува и за современиот живот на обичниот човек. Во основата, тој е реалист, но во романот „Грешна недела“ покажува интерес и за модернистички пристап.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 75.

Библиографија Момировски е автор на следниве дела: Стреи и песоци (патописна проза, 1956), Чекори (раскази, 1957), Грешна недела (роман, 1961), Неспокои (раскази и новели, 1969), Години несоници (роман, 1972), Културата, културните вредности и младината (есеј, 1975), Бреслики (повест, 1976), Односи и синтези (есеи и критики, 1978), Културата и просторот (есеи, 1979), Акцијаши (роман, 1982), Вишнеење (драма, 1983), Искована песна (антологија на македонска поезија, 1984), Идеи и творештво (есеи и критики, 1984), Виделина (раскази и новели, 1984), Охридска Талија (монодрама, 1985), Коловратница (раскази, 1986), Културна соработка и заедништво (монографија, 1987), Бела (повест за деца, 1987), Избрани дела (во пет тома, 1987), Крстопати (есеи и критики, 1990), Светлоносецот од Преспа (биографско-есеистичка книга за поетот Мите Богоевски, 1992), Чун (роман, 1992), Ластари (раскази за деца, 1993), Живописана земја (есеистичко патописна проза, 1995), Снежинки (сказни за деца, 1996), По полноќ (роман, 1998) Младбелина (поезија, 2000).

Наводи

Надворешни врски Томе Момировски, „Некои прашања на културата во меѓунационалните односи и нивната социолошка основа“ , „Современост“, бр. 6, Скопје, Јуни 1975.

Категорија:Луѓе од Кичево Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски уредници Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје