Ѓорѓија Најдоски — македонски поет, раскажувач и романописец.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 171.

Животопис Најдоски е роден на 18 февруари 1942 година во Лактиње, Охридско, односно во тогашното Кралство Албанија, во времето на окупацијата во Втората светска војна. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој е доктор по политички науки. Тој работел во Културно-информативниот центар во Скопје. Тој станал член на ДПМ во 1967 година.

Библиографија „Крвоболие“ (поезија, 1967) „Оклетија“ (поезија, 1973) „Дејан“ (роман, 1974) „Потонати океани“ (поезија, 1975) „Сказна за бронзеното срце“ (сказна за млади, 1977) „Патот, додека трае“ (поезија, 1985) „ВМРО (Об.) и журналистичката дејност на Димитар Влахов“ (научен труд, 1987) „Црвената песна на славејот“ (романизирана биографија за К. Абраш, 1988) „Ветар во градите“ (роман за млади, 1990) „Националната улица“ (роман, 1997) „Информативниот систем на Македонија“ (научен труд, 1999) „Осаменици“ (раскази, 2000)

Наводи

Категорија:Луѓе од Лактиње Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски романописци Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“