Чамец, каик, кајак, лотка или чун — пловно средство за пловење по вода, обично езеро или вода во заштитена крајбрежна област. Сепак, постојат китоловни чамци кои се спуштаат и управуваат од поголем брод и служат за пловење по морињата. Во морнарскиот лексикон, чамец е пловно средство доволно мало да биде носено од страна на брод. Чамците се применуваат за: Превоз Спорт, на пр. рибарење Извршување технички работи
Чамецот како тема во уметноста и во популарната култура „Бродари на врзан чамец“ (српски: Бродари на везаном чамцу) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 45. „Глисер“ (англиски: Speedboat) — песна на британската рок-група Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.Lloyd Cole And The Commotions* – Rattlesnakes (пристапено на 1.3.2023) „Многу брзи чамци“ (англиски: Hi-Speed Boats) - песна на американската рок-група Меркјури Рев (Mercury Rev) од 1993 година.Discogs, Mercury Rev – Boces (пристапено на 20.1.2021)
Наводи
Категорија:Видови пловила Категорија:Воден сообраќај Категорија:Риболовна опрема