Птујски замок (), познат и како Замок Птуј (), — замок во градот Птуј, Словенија. Покрај него минува реката Драва, надгледувајќи го градот, и претставува една истакната знаменитост.
Историја Замокот бил изграден во средината на 12 век со цел градот да се одбрани од сè почестите напади од страна на Унгарците. Кога замокот бил изграден, Птуј бил во сопственост на Салцубушрката архиепископија.
Извесен период бил во сопственост на загрепските језуити. Во 1656 година, поради финансиски тешкотии, језуитите го продале замокот на императорскиот германски фелдмаршал Волтер Лесли, Шкотланѓанец по потекло. Замокот бил темелно обновен за време на барокниот период. Поради крајот на османлиските инвазии, замокот го изгубил одбранбениот карактер. Генералот Волтер Лесли го претворил во рурално престојувалиште и имотно седиште. Неговите потомци го поседувале до 1802 година. По изумирањето на оваа лоза на Семејството Лесли, имотот го наследиле нивните роднини, Дитрихштајновци, но и тие изумреле во 1864 година. По нивното изумирање, замокот бил купен во 1873 година од грофицата Тереза фон Херберштајн (1822-1895), најстарата ќерка на Јозеф Франц фон Дитрихштајн. Тој останал во сопственост на Херберштајновците до 1945 година кога замокот станал национализиран.
Музеј Во годините по 1945 година, сите градби на ридот во замокот биле национализирани и претворени во музеј за регионална историја.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Згради и градби завршени во 12 век Категорија:Замоци во Штаерска (Словенија) Категорија:Никулци за словенечки згради и градби Категорија:Птуј Категорија:Никулци за европски замоци