Финскиот (suomi, suomen kieli) е балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Финскиот е службен јазик на Финска, а воедно и национален јазик, каде го зборува мнозинството од населението на државата (92%). Тој е службен јазик и на официјалното финско малцинство во Шведска и истиот е еден од службените јазици на ЕУ.
Финскиот јазик е член на балтофинските јазици и е класифициран како аглутинативен јазик. Тој ги модифицира формите и на именките и на придавките во зависност од нивната улога во реченицата. Има репутација дека е тежок за учење и разбирање, што е првенствено поради тоа што има само мал број јазици сродни со него, така правејќи го речникот непознат.
Класификација Финскиот е од групата на балтофински јазици од семејството на уралски јазици. Покрај финскиот, во оваа група е и естонскиот, како и неколку други мали балтички јазици. Финскиот покажува сродност со останатите уралски јазици:
слична морфологија: наставки за падежи како што се за генетивот -n, за партитивот -(t)a / -(t)ä ( ← уралски *-ta), за есивот -na / -nä множина со -t and -i- наставки за присвојност како што е за 1 лице еднина -ni ( ← уралски *-mi), 2 лице еднина -si ( ← уралски *-ti). бројни зборообразовни наставки сличен зборовен фонд
Географска распространетост Финскиот јазик претежно се зборува во Финска, каде го зборуваат околу 5 милиони. Јазикот го зборува и финската емиграција, особено во Норвешка, Шведска, Русија, Естонија, САД, Бразил и Канада. Околу 90,37% од населението на Финска зборува фински. Остатокот зборува на шведски (5.42%), и некои од лапонските јазици.
Статус Финскиот јазик е еден од двата официјални јазика во Финска, другиот е шведскиот. Според податоците од 2010 година, само 5,42% од населението на Финска зборува шведски.) Финскиот е еден од службените јазици на Европската Унија и има службен стгатус на малцински јазик во Шведска.
Историја Се смета дека Уралското семејство на јазици, од кои дел е и финскиот, имаат еден заеднички предок кој се именува како прауралски јазик, зборуван некаде помеѓу 8,000 и 2,000 п.н.е. (во зависност од различните проценки) во близина на планината Урал. Со текот на времето, прауралскиот се разделил на повеќе јазици, кои и самите продолжиле да се менуваат и да се оддалечуваат еден од друг, давајќи уште повеќе нови јазици. Еден од тие јазици е и прафинскиот јазик, од кој се развиле балтофинските јазици.
Записот на брезова кора бр. 292 од 13ти век од Новгород напишан со кирилица е најстариот пронајден запис на било кој балтофински јазик. Првиот пример на пишан фински е пронајден во еден германски патнички дневник кој датира од година: (современ фински: "" македонски: "Навистина сакам да зборувам фински, [но] не можам"). Според овој дневник, ова се зборови на фински бискуп, чие име е непознато. Погрешната употреба на (современ фински ) во акузатив, наместо во партитив, и отсуството на сврзникот се типични за странските говорители на фински дури и денес. Во тоа време, повеќето свештеници во Финска зборувале на шведски јазик.
Дијалекти
западни југозападни основни југозападни северни јужни средни југозападни пориски ала-сатакунтански турку сомеро западноусимански тавастијански иле-сатакунтански тавастијански јужнотавастијански југоисточни тавастијански хололански порвоански литиски јужноботниски средни и северни ботниски средноботниски северноботниски перепохјола торнио кеми кемијерви јеливара руија источни савонски северносавонски јужносавонски средни дијалекти источносавонски каину среднофински пеијене тавастија кеуру-евијерви савонски дијалекти од Вермланд југоистиочни основни југоисточни лемиски ингриски
Примери
(Hyvää) huomenta – (Добро) утро (Hyvää) päivää – (Добар) ден (Hyvää) iltaa – (Добра) вечер Hyvää yötä / Öitä! – Добра ноќ / „Ноќ!“ Terve! / Moro! – Здраво! Hei! / Moi! – Здраво! Heippa! / Moikka! / Hei hei! / Moi moi! – Чао! Nähdään! – Ќе се видиме! („се ледаме“) Näkemiin – Пријатно (буквало „Додека јас/ние се видиме“). Hyvästi – Довидување/ пријатно Hauska tutustua! – Мило ми е што те сретнав. Kiitos – Благодарам Kiitos, samoin – "Благодарам, исто и тебе" Mitä kuuluu? – Како си? (за познаници, буквално „Што слушаш?“) Kiitos hyvää! – Добро сум, благодарам. Tervetuloa! – Добре дојде! Anteeksi – Извини
Наводи
Поврзано
Финци Финска Финска азбука Балтофински јазици
Надворешни врски Колекција на фински двојазични речници FSI Фински јазичен курс
* Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Шведска Категорија:Јазици во Норвешка Категорија:Јазици во Финска Категорија:Јазици во Естонија