Вруток — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.
Познато по изворот на реката Вардар, истоимената хидроцентрала и специјализираните рибни ресторани. Денес, Вруток претставува една современа селска населба со огромен потенцијал за еколошки туризам. Во вруточките рибници за првпат била створена „златната пастрмка“, а подоцна и „сребрената“. До 2004 година, Вруток бил административно седиште на истоимената општина.
Потекло и значење на името
мини|300п|лево|Поглед на селото Вруток мини|лево|300п|Изворите на Вардар
Името Вруток е добиено по самиот извор на Вардар. Зборот Вруток значи врело, односно извор.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Гостивар, недалеку од самиот град Гостивар на југозапад. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 620 до 710 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено околу седум километри.
Вруток лежи во југозападниот дел на Полошката Котлина, на самиот извор на најголемата македонска река Вардар. Во минатото селото било познато по своите чешми од кои населението се снабдувало со вода. Тие биле: Вардарска, Кладенец, Долномаалска, Чешмиште, Ѓункоец, Селска Чешма и други. Другите чешми се наоѓале подалеку од селото, од кои најпознати се: Глаа Вардар, Шапатинец, Ласкоравен, Јоаноа Чешма, Маџоски Извори, Мариќеец, Јанче-извор, Бигорно Изворче, Студен Извор и Еѓупечка Чешма.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Мрамор, Равјане, Завој, Долно Поле, Ридоој, Облаче, Горно Поле, Лаг, Шавар, Селиште, Шапатинец, Задцрква, Пуштињиште, Маџоски Лагој, Лазој, Рупа, Бранкоа Нива, Долје, Господска Нива или Мелца, Бигор, В’лчин дол, Осој, Бојчиница, Присој, Краста, Садои, Црвеники, Црн Камен, Баба и Старец, Корииче, Плоча, Мариќеец, Душка Стеница, Стог, Горно Изгорено, Деде-бег, Зендел-бег, Горна и Стара Корија.
Вруток е типична селска населба од збиен тип. Поделено е на седум маала. Пет маала го сочинуваат главниот дел на селото. Тоа се Горно или Маџоско, Срејно или Рупадок, Долно, Ѓаковско и Шееско Маало. Шесто маало е Прекувардарското Маало, кое лежи источно од главниот селски пат. Името го добило според тоа што се наоѓа на другата, десна страна од Вардар. Седмо е Баба Мусино Маало, кое се наоѓа североисточно од главниот селски дел, крај патот Гостивар-Кичево-Охрид.
Историја
мини|300п|десно|Стара куќа во селото
Поради доброто земјиште, питката вода, густите шуми и местоположба заштитена од ветришта, селото Вруток се создало доста рано. Староста на селото се потврдува во пишани извори, народната традиција и остатоците од старини.
Првото споменување на Вруток е во хрисовула (златна була или печат) на српскиот крал Стефан Урош II Милутин од 1300 година, даден на скопскиот Виргински манастир. Селото е споменато и во периодот од 1337-1346 година. Тогаш тетовскиот манастир „Св. Богородица“ во атарот на селото имал ниви, ливади и воденици.Гласник српског ученог друштва, XV, 224. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 42 семејства, 2 неженети и 4 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 341
Друг податок е зачуван и во списите на Мехмет-паша. Тука се наведува дека во 1608 година се споменуваат воденици.Х . Калеши и М. Мехмедовски: Три Вакуфнами на Качаникли Мехмед-паша. Институт за национална историја Скопје, 1958. стр. 57 Во скопскиот манастир Матка се наведува дека вруточани давале прилози за манастирот.
Првобитно село се наоѓало во долината на потокот Мелца на југоисток и Вардар на северозапад. Тоа место се нарекува Селиште и денес претставува регистрирано археолошко наоѓалиште. Се смета дека во некои дејствија за време на турското ропство Вруток е раселен. Од старото македонско население преостанало само едно семејство, кое подоцна преминало на левата страна од Вардар и таму го основало денешното село.
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
мини|десно|300п|На влезот во селото се наоѓа хидроцентралата „Вруток“, една од трите на ХС „Маврово“
Атарот на селото зафаќа простор од 10,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 621,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 243,9 хектари, а на пасиштата само 27,6 хектари.
Врз основа на составот на атарот селото Вруток има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти, а во минатото имало посебна земјоделска задруга.
Во селото работи хидроцентралата „Вруток“, дел од хидросистемот „Маврово“, која во времето на Југославија го носела името ХЕЦ „Тито“.Ј.П. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995; Има моќност од 150 MW.esmak.com.mk , Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010
Вруток е село на рибници и рибни ресторани. Првиот рибник за одгледување калифорниска пастрмка, кој е со капацитет од 200 тони, бил изграден во 1962 година и денес годишно произведува над 100 тони риба. Во последните години се изградени уште четири рибници. Вкупното годишно производство на сите рибници достигнува над 200 тони и целосно се пласира на домашниот пазар. Во последните години во Вруток, на повеќе привлечни локации, покрај култниот ресторан „Панорама“, изградени се и рестораните „Кај Симе“, „Бигор“, „Златна пастрмка“ и „Бурими“ (што значи „Извори“), каде што се приготвува вруточката пастрмка, кои се добро посетени.
Население
Според податоците на поручник Скалон од рускиот конзулат во Битола во 1867-1868 година во Вруток има 30 чисто христијански куќи.
Постепено во селото започнуваат да се населуваат и Албанци и според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вруток живееле 784 жители, од кои 460 жители Македонци христијани, 300 Албанци муслимани и 24 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 213. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вруток имало 480 Македонци под врховенството на егзархијата и во него работело егзархиско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 124-125.
Една година подоцна во 1906, се дознава дека 24 од 69 христијански куќи во селото биле патријаршистички.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 300.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Вруток е центар на општина со четири села во Горнополошкиот срез и има 162 куќи со 938 жители.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 25.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци и 450 Албанци.
Вруток е големо село. Во 1961 година селото броело 1.386 жители, од кои 820 биле Албанци, 513 Македонци и 35 Турци. Во 1994 година, бројот се намалил и тоа на 1.126 жители, од кои 835 биле Албанци, а 288 Македонци.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Вруток, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.127 жители, од кои 276 Македонци, 846 Албанци, 3 Срби и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 640 жители, од кои 203 Македонци, 369 Албанци, 9 Турци, 2 останати и 56 лица без податоци.
Година Македонци Албанци Турци Срби Вкупно 1948 — — — — — — 1.141 1953 570 760 16 23 36 — 1.405 1961 513 820 39 10 3 — 1.385 1971 442 882 9 7 5 — 1.345 1981 363 886 2 4 3 — 1.258 1991 274 27 0 2 0 — 303 1994 288 835 0 1 2 — 1.126 2002 276 846 0 3 2 — 1.127 2021 203 369 9 0 2 56 640
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови
Според етнографските истражувања на познатиот етнограф Јован Трифуноски, кој и самиот е од Вруток, во селото постојат пет групи на население. Првата се православните Македонци, втората се Македонците муслимани, трета се исламизирани и албанизирани Македонци, четврта се муслиманските Албанци, додека петта група се Турците. Денес, сите овие се претопени во две основни групи и тоа Македонци и Албанци.
Македонското православно население се староседелци во селото. Турските семејства, кои биле дојдени од Мала Азија се преселиле во Гостивар, додека Албанците се доселеници од Албанија. Преостанатите се претопиле во Албанци.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се: Македонски родови: Староседелци: Љуљковци (5 к.), се делат на Трифуновци (од кои е Јован Трифуноски), Исајловци и Серафимовци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Белград (едно семејство); Динговци (1 к.), гранка се од родот Љуљковци; Јандровци (1 к.), гранка се од родот Љуљковци; Лешовци (18 к.), имаат иселеници во Лешница (едно семејство), Тетово (две семејства) и во Скопје (едно семејство); Маџовци (11 к.), имаат иселеници во Лесковац (две семејства); Божиновци (9 к.), имаат иселеници во Скопје (едно семејство); Радевци (8 к.), имаат иселеници во Лесковац (едно семејство); Доселеници: Анковци (3 к.), стари доселеници од областа Порече; Ѓаковци (16 к.), доселени се од околината на Ѓаковица, и се делат на Шукаревци, Димовци, Серафимовци и Ќипровци. Имаат иселеници во Лесковац (едно семејство); Аџиовци (6 к.), доселени се од селото Врбен, Горна Река. Имаат иселеници во Софија (шест семејства); Даниловци (6 к.), доселени се од селото Ново Село. Имаат иселеници во Скопје (две семејства) и во Љубљана (едно семејство); Јосифовци (1 к.), доселени се од селото Лешница, каде биле староседелци, овде се доселил домазет; Мерџановци (1 к.), доселени се од Врбен, Горна Река. Од каде избегале од крв двајца браќа, Максим и Атанаско. Максим во Вруток имал син Мерџан, по кого родот го носи името Мерџановци или Мерџанои. Имаат иселеници во Сушица; Сиљановци (2 к.), доселени се однекаде. Имаат иселеници во Белград (две семејства); Билбиловци (2 к.), доселени се од Печково, таму им се род Игњовци, подалечно потекло имаат од Љура во Албанија; Микаил (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од Церово, каде биле староседелци, и припаѓале на родот Богдановци; Бежовци (1 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од селото Сретково, каде биле староседелци; Шукаревци (1 к.), потекнуваат од предокот Змејко, кој дошол како домазет од Беловиште, каде биле староседелци и припаѓале на родот Меновци. Торбешки родови: Доселеници: Ќамиловци (2 к.), доселени се од селото Велебрдо, Долна Река. Брачни врски одржуваат со Албанците, а дома зборуваат на македонски и албански јазик. Исламизирани и албанизирани македонски родови: Староседелци: Дурмишовци (6 к.), Фидановци (6 к.), Бајрамовци (3 к.), потекнуваат од православни родови, кои во ова село најпрво се исламизирале, и станале Торбеши, па потоа се албанизирале. Порано зборувале само на македонски, додека сега дома зборуваат само на албански. Од Бајрамовци има иселеници во Гостивар (две семејства). Доселеници: Џаферовци (1 к.), доселени се од Дебарски Дримкол како Торбеши, но во Вруток мешајќи се со Албанците се поалбанчиле. Имаат иселеници во Лакавица; Гуљамчевци (6 к.), и тие се доселени како Торбеши од некое село во Голо Брдо, но мешајќи се со Албанците од Вруток се поалбанчиле. Албански родови: