Леона Луис () (, ) е британска поп/Р&Б пејачка. Луис и стана позната на публиката во 2006 како победник на реалното шоу The X Factor во Британија.

Луис за кратко време стана платински продаван музичар и беше трипати номинирана на наградите Греми. До сега има реализирано само еден албум наречен „Spirit“, во 2007. Албумот стана најбрзо продаван дебитантски албум и најпродаван албум во 2007 и во Велика Британија и Република Ирска, а со тоа Луис станува првиот Британски соло артист да се искачи на Billboard 200 со првиот албум. Нејзиниот втор албум „Echo“ е планирано да биде издаден во Ноември 2009.

Првиот сингл на Луис „A Moment Like This“ стана најбрзо продаваниот UK сингл, после тоа што бил даунлодиран околу 50,000 пати после 20 минути од неговата реализација. Нејзиниот втор сингл „Bleeding Love“ стигна на првото место во околу 30 сингл табели низ целиот свет. Во ноември 2008 таа повторно постави нов рекорд и тоа во најпродаван само даунлоад сингл кога станува збор за реализацијата на кавер верзијата на песната на Snow Patrol „Run“ со која што продала 69,244 копии во еден ден.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Пејачи од Лондон Категорија:Офицери на Редот на Британската Империја Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Англиски соул пејачи Категорија:Англиски кантавтори Категорија:Англиски поп-пејачки Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Добитници на Светски музички награди Категорија:Пејачи на балади Категорија:Англичанки во електронската музика Категорија:Англиски кантавторки Категорија:Пејачи со вокален дијапазон од 4 октави Категорија:Англичани со ирско потекло Категорија:Англичани со италијанско потекло