Ел Хаџ Омар Бонго Ондимба (француски:El Hadj Omar Bongo Ondimba; роден на 30 декември 1935 во Леваи, Француска Екваторска Африка - почина на 8 јуни 2009Почина габонскиот претседател Омар Бонго статија објавена од Форум во Барселона) — габонски политичар и претседател на истоимената земја цели 42 години, од 1967, па сè до неговата смрт во 2009.
Омар Бонго добил висока државна функција во раните 1960-ти, за време на претседателот Леон Мба. Во 1966, станал потпретседател, а по смртта на Мба во 1967, станал втор претседател на Габон. Со своите 32 години, во тој момент бил најмладиот претседател во светот.
По смртта на тогоанскиот претседател Гнасингбе Ејадема во 2005 година, Бонго станал најдолговечниот претседател во Африка.
Наводи
Надворешни врски Омар Бонго на Daily Telegraph По напуштањето на функцијата на Кастро, африкаснкиот водач Омар Бонго стана најдолговечниот водач на држава Официјалното мрежно место на претседателот Омар Обнго на Фејсбук Некролог
Категорија:Габонски политичари Категорија:Претседатели на Габон Категорија:Премиери на Габон Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Починати во 2009 година