Пантотенската киселина, понекогаш означувана и како витамин B5, е водорастворлив витамин кој се вбројува во групата на есенцијални хранливи состојки. Тој влегува во составот на сложениот коензим А (CoA) и е клучен во метаболизмот и синтезата на јаглехидрати, белковини и липиди. По хемиската структура, тој е амид образуван меѓу D-пантоат и бета-аланин. Името на оваа супстанца е изведено од грчкиот збор пантотен () што значи од секаде, бидејќи мали количества на пантотенска киселина можат да се најдат во речиси секој тип на храна, и тоа најмногу во житарките, легумите, јајцата и месото. Најчесто се наоѓа во форма на својот алкохолен аналог - провитаминот пантенол и како калциум пантотенат. Пантотенската киселина е составен дел и на ацил носечките белковини.

Дневен внес

Возрасна група Возраст ПотребиDietary Reference Intakes for Thiamin, Riboflavin, Niacin, Vitamin B6, Folate, Vitamin B12, Pantothenic Acid, Biotin, and Choline. National Academy Press, 2000 http://books.nap.edu/catalog/6015.html (во mg на ден) Новороденчиња 0–6 месеци 1.7 Новороденчиња 7–12 месеци 1.8 Деца 1–3 години 2 Деца 4–8 години 3 Деца 9-13.5 години 4 Адолесценти 14–18 години 5 Возрасни мажи 19 години и постари 5 Возрасни жени 5 Бремени жени 6 Жени-доилки 7

Наводи

Категорија:Витамини Категорија:Карбоксилни киселини Категорија:Карбоксамиди Категорија:Алкохоли Категорија:Б-витамини