Република Српска или скратено Српска — една од двете главни политичко-територијални единици на Босна и Херцеговина, другата е Федерацијата Босна и Херцеговина. Република Српска е дефинирана во Уставот како единствена територијално, неделлива и неотуѓива уставна и правна единица што самостојно ќе ги врши своите уставни, законодавни, извршни и судски функции. Националното собрание и на Владата е во Бања Лука, иако Сараево е службен главен град. Република Српска е дом на три уставни народи: Срби (околу 88%), Бошњаци (околу 8%) и Хрватите (околу 4%).

Градови Според пописот од 2013 г., најголеми градови во Република Српска се: Бања Лука (199.191 жит.) Бијељина (114.663 жит.) Приедор (97.588 жит.) Добој (77.223 жит.) Источно Сараево (64.966 жит.) Зворник (63.686 жит.) Градишка (56.727 жит.) Теслиќ (41.904 жит.) Прњавор (38.399 жит.) Лакташи (36.848 жит.) Требиње (31.433 жит.) Дервента (30.177 жит.) Модрича (27.799 жит.) Козарска Дубица (23.074 жит.)

Галерија

Поврзано Босна и Херцеговина Федерација Босна и Херцеговина Округ Брчко

Наводи

Надворешни врски

Влада на Република Српска Претседател на Република Српска Народно собрание на Република Српска