Лав (), архаично арслан — една од четирите големи мачки од родот пантери, и член на семејството мачки. Некои машки примероци надминуваат 250 кг во тежина, со што лавот е втора најголема мачка која живее на земјата по тигарот. Дивите лавови живеат слободно во природата во Потсахарска Африка, и во Азија со критично загрозено население во северозападна Индија, а во минатото лавови живееле во Северна Африка, Блискиот Исток, и Западна Азија. Сè до доцниот плеистоцен, кој траел до пред 10,000 години, лавот бил најраширен копнен цицач по човекот. Тие се најдени во поголем дел од Африка, голем дел од Евроазија од Западна Европа до Индија, и во Америка од Јукон до Перу.

Лавот во природа живее од 10 до 14 години, додека во заробеништво може да живее над 20 години. Во дивина, машките лавови честопати живеат подолго од 10 години, иако борбите со соперниците предизвикуваат повреди. Лавот живее во саваната и тревници, иако може да се најде и во грмушки и во шума. Лавовите се необично друштвени животни во споредба со другите мачки. Група женски лавови обично ловат заедно.

Етимологија Англискиот збор lion потекнува од латинскиот: leo и старогрчкиот: λέων (леон). Зборот лави (хебрејски: לָבִיא) исто така може да биде поврзан. Родното име пантера се следи на класичниот латински збор „panth'ra“ и старогрчкиот збор πάνθηρ (пантер). Пантера е фонетски сличен на санскритскиот збор पाण्डर (панд-ара) што значи бледо жолта, белузлава, бела.

Таксономија Felis leo било научното име што го користел Карл Линеј во 1758 година, кој го опишал лавот во своето дело „Систем на природата“. Името на родот Panthera (пантери) било смислено од Лоренц Окен во 1816 година. Помеѓу средината на 18 и средината на 20 век, 26 примероци лавови биле опишани и предложени како подвидови, од кои 11 биле признати за валидни во 2005 година. Тие се одликувале претежно по големината и бојата на гривата и кожата.

Меѓудејстувања со луѓе Во зоолошки мини|лево|230п|Лав и лавица во Зоо Скопје. Лавовите се дел од група егзотични животни кои се од средишно значење за изложбите во зоолошката градина уште од крајот на 18 век. Иако многу современи зоолошки градини се повеќе одбирачки во однос на нивните изложувања,de Courcy, стр. 81-82. има повеќе од 1,000 африкански и 100 азиски лавови во зоолошките градини и парковите за диви животни ширум светот. Тие се сметаат за амбасадорски видови и се чуваат заради туризам, образование и зачувувачки цели. Лавовите можат да живеат над дваесет години во заробеништво; лав во зоолошката градина во Хонолулу починал на 22-годишна возраст во август 2007 година. Неговите две сестри, родени во 1986 година, исто така достигнале 22 години.

Првите европски „зоолошки градини“ се ширеле меѓу благородни и кралски семејства во 13 век, и сè до 17 век биле нарекувани сераглии/сараи; во тоа време тие почнале да се нарекуваат менажерии, продолжение на кабинетот за љубопитствата. Тие се прошириле од Франција и Италија за време на ренесансата до остатокот од Европа.Baratay & Hardouin-Fugier, стр. 19–21, 42. Во Англија, иако сарајската традиција била помалку развиена, лавовите биле чувани во Лондонската Кула во сарај основан од кралот Џон I во 13 век;Baratay & Hardouin-Fugier, p. 20. ова веројатно било исполнето со животни од претходната менажерија започната во 1125 година од Хенри I во неговата ловна куќа во Вудсток, Оксфордшир, каде што според летописецот Вилијам Малмсбериски биле доведени лавови.Blunt, стр. 15. мини|лево|230п|Албино лавица во Зоо Скопје. Лавовите биле чувани во тесни и лоши услови во зоолошката градина Лондон сè додека во 1870-тите не бил изграден поголем дом за лавови со пошироки кафези.Blunt, p. 208. Понатамошните промени се случиле на почетокот на 20 век кога Карл Хагенбек дизајнирал домови со бетонски „карпи“, поотворен простор и ров наместо решетки, што повеќе личи на природно живеалиште. Хагенбек дизајнирал домови за лавови и за зоолошката градина Мелбурн и за зоолошката градина Таронга во Сиднеј; иако неговите дизајни биле популарни, употребата на решетки и кафезни затворени простори преовладувала во многу зоолошки градини до 60-тите години на минатиот век.de Courcy, p. 69. Кон крајот на 20 век, поголемите, поприродни куќишта и употребата на жичана мрежа или ламинирано стакло наместо спуштени дупчиња, им овозможија на посетителите да им се приближат повеќе од кога било на животните; некои знаменитости, како што се мачјата шума/лавовското надгледалиште во зоолошкиот парк во Оклахома Сити, го поставиле дувлото на ниво на земјата, повисоко од посетителите.

Лавот како тема во уметноста и во популарната култура мини|Лав прикажан на мозаик во црквата „Големиот свети Мартин“ во Келн „Како петелот се тепал со лавот“ – приказна на африканското племе Акамба.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 145-147. „Опашката на лавот“ – приказна на африканското племе Коса.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 168-169. „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184. „Во царството на животните“ — краток расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 352. „Лавот и глушецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 10. „Лавот и бикот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 36. „Лавот, петелот и магарето“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 88. „Лавот и глушецот (2)“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 91. „Што сонува лавот“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 26. „Јунаштво според јадењето“ — басна на Ристо Давчевски.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 44. „Јарецот, бикот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 71. „Магарето, лисицата и лавот“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 6. „Лавот и магарето“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 97. „Лавот, магарето и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 99. „Лавот и мечката“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 91-92. „Лавот и бикот“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 10. „Лавицата и лисицата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 94. „Комарецот и лавот“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 15-16. „Лавот, глушецот и лисицата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 50. „Лавот и човекот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 16. „Лавот, волкот и лисицата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 90. „Лавот и лисицата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 73-74. „Магарето, петелот и лавот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 72. „Лавот и зајакот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83. „Волкот и лавот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 67. „Лавот и глушецот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69. „Камениот лав“ — песна на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 145. „Лав“ — песна на српскиот поет Душан Радовиќ.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 67-68. „Рик“ (српски: Урлик) — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 72. „Лавот и кобрата“ (англиски: The Lion and the Cobra) - музички албум на ирската поп-пејачка Шинејд О'Конор од 1987 година.YouTube, Sinéad O'Connor - The Lion and the Cobra (1987 - full album) (пристапено на 11.5.2016) „Лавот Џо“ (англиски: Joe the Lion) - песна на англискиот пејач Дејвид Боуви од 1977 година.YouTube, David Bowie Joe The Lion (HQ) (пристапено на 5.5.2017)

Наводи

Книги

Надворешни врски

Категорија:Мачки Категорија:Цицачи на Африка Категорија:Национални симболи на Бурунди Категорија:Национални симболи на Чад Категорија:Национални симболи на Кенија Категорија:Национални симболи на Малави Категорија:Национални симболи на Мароко Категорија:Национални симболи на Сиера Леоне Категорија:Национални симболи на Сингапур Категорија:Национални симболи на Шри Ланка Категорија:Национални симболи на Есватини Категорија:Национални симболи на Република Конго Категорија:Национални симболи на Того Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје