Гафур Џабир Ахмети (албански: Gafur Xhabir Ahmeti) (Пршовце, Тетовско, ― македонски писател, публицист и преведувач од албанска народност.
Животопис Ахмети е роден на 29 октомври 1945 година во тетовското село Пршовце. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Тетово, а потоа дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во весникот „Flaka e vëllazërimit“ (Флака е велазримит; во превод: Пламенот на страста), а потоа како дописник на „Rilindja“ (Рилиндја; во превод: Препород) во Приштина. Вработен бил во Министерството за надворешни работи на Македонија. Пишувал проза, романи и драми. Преведувал од албански на македонски и обратно.
Библиографија Стеблата на едно дрво, 1982; Освен зборовите на песната, раскази 1989; Повторно се врати, 1977; Pasardhësit e Katit; превод: М. Фотев, Потомците на Кат; Цвеќиња во ќерпич, роман, 1984; Две драми, 1979.
Наводи
Категорија:Луѓе од Пршовце Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски новинари