Матеј Геров (Тетово, — Софија, ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Женевската група и Македонската револуционерна организација, подоцна новинар во Бугарија.
Животопис Геров е роден во Тетово на 14 октомври 1871 година. Студирал на Правниот факултет во Софија. На 27 септември 1903 година се пријавил да ги продолжи студиите во последниот семестар на Правниот факултет во Белград.Архив Србије, Белград, ф. ВШ, V- 114/1903 Како член на ВМРО од крилото на „сарафистите“ бил испратен е да го аранжира пречекот на Борис Сарафов во српската престолнина за разговорите со српските државници и новинари во ноември 1903. Ја поддржувал националната програма на Македонскиот клуб и на весникот „Балкански гласник“ и изјавил во печатот дека „не е ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“.ВШ, V-94/1904 и ВШ, I–12/1904 Во следната година ја напуштил Србија. Подоцна учествувал во формирањето на Сојузот на бугарските конституциони клубови во 1908 и како новинар, наполно се предал во служба на бугарската политика во Македонија."Македонија", VII, 5, Белград, 1. II 1904, 1.
Наводи
Поврзано Мара Бунева
Г Г Герџиков Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Македонски новинари Категорија:Публицисти Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Шеста генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија