мини|десно|150п|Анатолиј Карпов на турнирот во Дортмунд во 2000 Шаховскиот турнир во Дортмунд (официјално Dortmunder Sparkassen Chess Meeting), познат и како Шаховски турнир Шпаркасен е еден од најпрестижните и најсилни шаховски турнири во светот. Турнирот е супер турнир на ФИДЕ и се одржува секоја година во текот на летото. На турнирот секоја година учествуваат врвни велемајстори, па турнирот секоја година е еден од најсилните во светот, во група со шаховските турнири во Вајк ан Зее и Линарес. Покрај главниот турнир, во рамките на настанот, секоја година се организираат турнири за шахисти во сите класи и категории. Во последните неколку години, турнирот се одржува во просториите на Дортмундскиот театар.

На турнирот може да бидат поканети само најдобрите шахисти во светот (со најголем реjтинг), но исклучок од ова е покана до победникот на Аерофлот тунирот, кој секоја година се одржува во Москва, а на кој може да учествуваат шахисти со Ело рејтинг помал од 2550 бода.

Турнирот, обично се игра во Бергеров систем, при што секој учесник треба да одигра две партии (една со бели и една со црни фигури).

Историја

Првиот турнир се одржал во 1973, како меѓународниот германско првенство, а прв победник бил Ханс-Јоаким Хехт. Но, во Дортмунд, во 1928, 1951 и 1961 се одржале три значајни турнири, кои важат за предвесници на турнирот. За некои шахисти, овој турнир бил почеток на успешна кариера, а меѓу нив се вбројуваат: За неколку од светската елита играчи, на турнирот означени почетна точка на својата кариера: Петар Леко (за првпат учествувал во 1991) и Владимир Крамник (на турнирот во 1992 ја исполнил велемајсторската норма). Турнирот во 1992 бил најсилниот шаховски турнир којшто нкогаш бил организиран во Германија. На турнирот победил светскиот првак Гари Каспаров, иако загубил две партии (против Гата Камски и Роберт Хибнер). Во 2002, турнирот претставуваше турнир на кандидатите, на кој победникот Петар Леко го предизвика светскиот првак според ПША Владимир Крамник на меч за светски првак, кој се одржа во 2004.

Во 2005, турнирот достигна 19. категорија, што значи дека просечниот Ело рејтинг на учесниците изнесуваше 2700 бода. на турнирот, изнeнадувачки победи младиот германски велемајстор Аркадиј Најдич, којшто со 19 години е најмладиот победник на турнирот досега. Најмногу победи на турнирот воопшто има Владимир Крамник, кој бил победник 9 пати.

Во 2006, турнирот се одржа од 28 јули до 6 август, а учествуваа шест од најдобрите 10 шахисти според ранг списокот на ФИДЕ во светот. На турнирот победи Владимир Крамник, а ист број на победи имаше и Петар Свидлер.

Турнирот во 2007, се одржа од 23 јуни до 1 јули. На турнирот учествуваа Ананд, Крамник, Мамедјаров, Леко, Гелфанд, Најдич, Карлсен и Алексеев. Просечниот Ело рејтинг на турнирот изнесуваше 2727 бода, па турнирот беше од 20. Победник беше Крамник со резултат 5/7.

Во 2008, учествуваа Крамник, Мамедјаров, Леко, Иванчук, Најдич, Густафсон, Непомнијашиј и Ван Вели. Турнирот се одржа од 28 јуни до 6 јули, а победник на турнирот беше Петар Леко, кој оствари резултат 4,5/7. Владимир Крамник, кој победи на турнирот во претходните две години оствари невообичаено лош резултат 3/7.

Во 2009, турнирот се одржа од 2 до 12 јули. На турнирот учествуваа Крамник, Леко, Карлсен, Јаковенко, Бакро и Најдич. на турнирот победи Крамник со резултат 6,5/10, пред Карлсен, Леко и Јаковенко со по 5,5 бода. секоја со 5,5 бода. Ова беше деветтата рекордна победа на Крамник на овој турнир.

Победници на турнирот Пред 1973 Година Победник Земја 1928 Фриц Земиш

1951 Алберик О'Кели де Голвеј

1961 Марк Таиманов

По 1973 Година Победник Земја 1973 Хејки Вестеринен

1974 Виктор Чокалтеа

1975 Хејки Вестеринен

1976 Борис Спаски

1977 Олег Романишин

1978 Јан Шмејкал

1979 Тамаз Гиоргадзе

1980 Рејмонд Кин

1981 Генадиј Кузмин

1982 Властимил Хорт

1983 Јехуда Грунфелд

1984 Борис Спаски

1985 Јури Разуваев

1986 Золтан Рибли

1987 Јури Балашов

1988 Смбат Лпутјан

1989 Ефим Гелер

1990 Александар Чернин

1991 Игор Стол

1992 Гари Каспаров

1993 Анатолиј Карпов

1994 Јерун Пикет

1995 Владимир Крамник

1996 Владимир Крамник

1997 Владимир Крамник

1998 Владимир Крамник

1999 Петар Леко

2000 Владимир Крамник

2001 Владимир Крамник

2002 Петар Леко

2003 Виктор Бологан

2004 Вишванатан Ананд

2005 Аркадиј Најдич

2006 Владимир Крамник

2007 Владимир Крамник

2008 Петар Леко

2009 Владимир Крамник

2010 Руслан Пономариов

2011 Владимир Крамник

2012 Фабијано Каруана

2013 Мајкл Адамс

2014 Фабијано Каруана

2015 Фабијано Каруана

2016 Максим Вашје-Лаграв

2017 Радослав Војташек

2018 Јан Непомњашчи

2019 Ленјер Домингес Перес

Надворешни врски Sparkassen Chess Meeting Jan van Reek: Шаховски турнир во Дортмунд TeleSchach: Dortmunder Schachtage seit 1973 (Berichte, Tabellen und Fotos)

Категорија:Шаховски турнири Категорија:Шахот во 1973 година Категорија:Спортот во Дортмунд