Богољуб Арсиќ (Волковија, Тетовско, – Белград, ) ― полковник, специјалист епидемиолог и универзитетски професор.Архив на ВМА
Животопис Арсиќ е роден во Волковија, Тетовско, на 2 јули 1914 година. Медицински факултет завршил во Белград, каде што и докторирал во 1962 година. Учесник во НОБ од 1944. Како воен лекар работел во Скопје и Сараево, а од 1962 година на Воено-медицинската академија во Белград, Србија. Заклучоците од докторатот биле преземени како доктринарни ставови на ЗС во СФРЈ и ЈНА за спречување на ревматската треска, кои се применувани и денес. Работел на голем број научни студии од областа на епидемиологијата што имаат и практична примена. Работниот опус го завршил како началник на Епидемиолошкиот институт и редовен професор на Воено-медицинската академија во Белград.
Библиографија Арсиќ објавил преку 160 научни и стручни трудови и 4 учебника по епидемиологија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Волковија (Тетовско) Категорија:Починати во Белград Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски лекари Категорија:Учесници во НОБ