Рим ( , ) — главен град на Италија, посебна општина во Италија (позната како Comune di Roma Capitale) и главен град на Лацио. Со 2,877,215 жители на 1,285.3 км2 исто така е и најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. Околу четири милиони жители живеат во римското градско подрачје. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибар во границите на областа Лацио во Италија. Често градот се нарекува единствен град кој е главен на две држави.
Времетрањето на римската историја се проценува на две и пол илјади години, правејќи го еден од најстарите градови во светот кој сѐ уште егзистира.Heiken, G., Funiciello, R. and De Rita, D. (2005), The Seven Hills of Rome: A Geological Tour of the Eternal City. Princeton University Press. Овој град бил главен град на Римското Кралство, Римската Република и Римското Царство, која била доминантна сила во Западна Европа и во земјите кои граничат со Средоземно Море околу седумстотини години, од I век п.н.е. сè до VII од н.е. самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Од I век од н.е. Рим бил седиште на Папата, и по завршувањето на византиската доминација, во 8 век станал главен град на државите со кои владеел Папата, период koj траел до 1870 година. Во 1871 година Рим станал главен град на Кралство Италија, а во 1946 година и главен град на Република Италија.
По годините на средниот век, Рим бил под дирекција на Папите, како Александар VI и Лав X, кои го промениле градот во еден од најголемите центри на Италијанската ренесанса, заедно со градот Фиренца. Денешната градба на базиликата св. Петар како и Систинската капела била насликана од страна на Микеланџело. Познати уметници и архитекти, како што биле Браманте, Бернини и Рафаел престојувале некое време во Рим, придонесувајќи за ренесансата и барокната архитктура на самиот град.
Рим бил рангиран во 2010 година како светски град од страна на „Организацијата за најважните светски градеви“, како и 28-ми по ред најважен глобален град. Во 2016 година, Рим бил рангиран како 13-ти по ред најпосетуван град во светот, 3-ти најпосетуван град во границите на Европската Унија, и најпопуларна туристичка атракција во Италија. Овој град е еден од најуспешните европски градеви. Неговиот историски центар е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство. Спомениците и музеите како што е Ватиканските музеи и Колосеумот се помеѓу 50-те најпосетувани туристички одредишта (музеите на Ватикан со 4,2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим бил домаќин на Летните олимписки игри во 1960 година.
Потекло на поимот
right|thumb|Римски опис на Тибар како бог, Капитолски рид во Рим
Според митот за основање на градот од самите Римјани, долгогодишната традиција на потеклото на името „Рома“ се верува дека дошла од основачот на градот и првиот крал, Ромул.
За потеклото на името Рим постојат неколку хипотези.Claudio Rendina, Roma Ieri, Oggi, Domani, Newton Compton, Roma, 2007, pg. 17 Најважни од сите се следниве: Од Ромул, потомок на Асканиус и основач на градот. Од Румон или Румен, архаиското име на реката Тибар. Го има истиот корен како грчкиот глагол ῥέω (рео) и латинскиот глагол ruo (руо), и двата глагола значат проток.This hypothesis originates from the Roman Grammarian Maurus Servius Honoratus. Од етурскиот збор ruma (рума) кој значи цица, со можна поврзаност или со легендата за волчицата која ги доела близнаците Ромулус и Ремус, или поврзаност со обликот на Палатин и ридовите Авентин. Од грчкиот збор ῤώμη (роми), што значи сила.This hypothesis originates from Plutarch
Историја
Најрана историја thumb|right|Палатин
Постојат археолошки докази за човечко населување во областа на Рим од пред 14,000 години, но посигурни се оние докази кои датираат од палеолитското и неолитското време. Доказите во вид на камени орудија, керамика и камено оружје датираат од пред 10,000 години и говорат за човековото постоење.Coarelli (1984) p. 9 Како и да е, моќта на добро познатата приказна за Римското легендарно настанување има поголемо влијание од неговото вистинско или античко настанување.
Создавањето на Рим thumb|right|Капитолска волчица со близнаците Ромул и Рем
Создавањето на самиот град Рим може да се испита преку археологијата, но традиционалните приказни предадени од колено на колено од Старите Римјани ја објаснува најраната историја на нивниот град и тоа преку легенди и митови. Една од најдобро познатите митови, а можеби воедно и најпозната од сите Римски митови е приказната за Ромулус (Ромул) и Ремус (Рем), близнаци кои биле доени од страна на волчица. Тие биле фрлени во реката Тибар по наредба на нивниот вујко кој во тоа време владеел со таа држава. Кога волчицата ги нашла, ги надоила. Кога се оддалечила, еден овчар дошол и ги зел децата и ги израснал како свои синови. Кога подоцна сфатиле дека тие не се синови на овчарот отишле да му се одмаздат на својот вујко за стореното. Градот Рим го добил името по Ромул. Тие потоа одлучиле да изградат град, но по една расправија, Ромул го убил својот брат, а градот го зел неговото име. Според римските аналитичари, ова се случило на 21 април 753 п.н.е.Hermann & Hilgemann(1964), p.73 Оваа легенда морала да се соочи со една друга традиција, поставена порано во времето, според која Енеј заедно со Асканиј и Анхиз побегнале во Италија по крајот на Тројанската војна.
Монархија, репубика, царство
Најраната римска историја произлегува од легендите. Според римската традиција, овој град бил основан од страна на Ромул на 21 април 753 година п.н.е. Според легендата, настанувањето на градот следува по одлуката на браќата Ромул и Рем да изградат град. По една расправија меѓу нив, Ромул го убил својот брат Рем. Римскиот поет Виргилик се надоврзува на ова кога го опишува Ајнеј како по бегствотк при падот на Троја се населува во Лацио и се спротивставува на првиот крал на Рим, Ромул.Hermann & Hilgemann (1964), p.73
Археолошките докази го поддржуваат фактот дека Рим растел од пастирските населби на ридовите Палантин, изградени во областа на идниот Римски форум. Додека некои археолози расправаат дека Рим бил секако основан во средината на VIII век п.н.е, датумот за неговото настанување е предмет на контраверзност. Оригиналната населба се развила во главниот град на Римското Кралство (со кои испрекинато владееле низа од седум кралеви, според традицијата), потоа во Римската Република (од 510 година п.н.е. управувана од страна на СенатHermann & Hilgemann (1964), p.93) и на крај во Римкото Царство (од 27 година п.н.е. управувана од цар). Овој успех се должел на војните походи, трговската доминација, како и на селективната асимилација на соседните цивилизации, особено од страна на Етурците и Грците. Од неговото основање, иако губејќи повремени битки, Рим останал непоразен во војните до 386 година п.н.е., кога за кратко бил окупиран од страна на Галите. Според легендата, Галите понудиле да им го вратат градот Рим назад на својот народ за илјадници фунти злато, но Римјаните одбиле, претпочитајќи да го вратат својот град со моќта на оружјето повеќе отколку да признаат пораз, по што си го вратиле својот град истата година.
Републиката била богата, моќна и стабилна пред да биде претворена во царство. Според традицијата, Рим станал Република во 509 година п.н.е.Hermann & Hilgemann (1964), p.79 Како и да е, на Рим му биле потребни повеќе векови за да прерасне во моќен и влијателен град, а прераснувањето на Рим во царствосе случило во времето на владеењето на Окставијан Август. До III век п.н.е. Рим станал еден од најважните градови на Апенинскиот Полуостров, освојувајќи и поразувајќи ги Сабините, Етурците и поголемиот дел од грчките колонии во Сицилија, Кампања и Јужна Италија.Hermann & Hilgemann (1964), p.77 За време на Пунските војни помеѓу Рим и големото средоземно царство на КартагинаHermann & Hilgemann (1964), p.81-83, Рим прераснал во бојно поле со самото тоа што станал главен град на прекуокеанска царствоза првпат во нејзината историја. Со почетокот на II век п.н.е. во Рим се случило значајно преселување на населението, особено од италијанските фармери, од нивните наследени земји на село почнале масивно да се селат во градевите. Победата на Картагина во Првата Пунска Војна ги донело првите две провинции надвор од Апенинскиот Полуостров, Сицилија и Корзика на Сардинија и делови од Шпанија.Hermann & Hilgemann (1964), p.81-85 По почетокот на II век во римскиот живот се вмешал грчкиот свет. Тогаш хеленистичките кралства и грчките градови-држави биле во опаѓање, изнемоштени од бесконечните граѓански војни, потпирајќи се на платената војска. Така, по Битката кај Коринт (146 п.н.е.) била воспоставена римска контрола врз Грција.
Римкото Царство го направил својот почеток поформален кога царот Август (познат како Октавијан Август пред неговото крунисување, 63 п.н.е. – 14 година од н.е.) го основал Принципатот во 27 година п.н.е. (вид на монрахиско владеење од римската историја). Овој систем бил монархен систем на чие чело стоел царот држејќи ја власта во раце до крајот на својот живот, иако имал шанса да се назначи како диктатор како што тоа го направил Гај Јулиј Цезар,Hermann & Hilgemann (1964), p.91 а сето тоа резултирало со негов атентат на 15 март 44 година п.н.е. Во градот, царот Август започнал со одлична програма за социјална, политичка и економска реформа и во големи размери реконструкција на градот Рим. Градот се закитил со импресивни и извондредни нови згради, палати и базилики. Октавијан Август станал големиот татко на уметносите, на неговиот суд присуствувале големи поети како што се Вергеј, Хорациј и Секст Проперциј. Во неговиот период истото така бил основан периодот познат под називот „Римскиот Мир“, долг мирен период кој траел околу 200 години. Негово владеење го продолжиле царевите Калигула, Нерон, Трајан и Адријан.Hermann & Hilgemann (1964), p.97 Римскиот цар Нерон бил познат по неговата екставагантност, суровост, тиранија и митот дека тој бил царот „што си свиркал додека Рим горел“ во ноќта на 18 спрема 19 јули, 64 година. „Проклетството на Гален“ (период кога владеела чума, болест најчесто преку мала и голема сипаница) — периодот од 165 до 180 година која се верува дека убило повеќе од третина од населението.
Римската доминација се проширила врз поголемиот дел на Западна Европа и на бреговите на Средоземјето. Населението на Рим достигнало 1 милион жители. За околу седумстотини години, Рим станал еден од најважните и најголеми политички центри и еден од најголемите градови во западниот свет. Откако царството започнало да опаѓа и било поделено, царството ги изгубил градевите Милано и Равена, и бил потиснат од престижниот главен град на Источното Римско Царство, Цариград, чии жители продолжиле да се нарекуваат себеси римјани низ вековите што следеле.
Среден век thumb|right|Ограбувањето на Рим во 410 година