Јордан Плевнеш — македонски драмски писател и дипломат.
Животопис Роден е на 29 октомври 1953 година како второ дете (постариот брат Љубе е роден 1949, а помладиот Владо 1959) во семејството на Симе Цветановски – Плевнеш, сирак, дрвар и борец кој учествувал на Македонскиот и Сремскиот фронт, и Трајанка Николова Кочовска, ткајачка, везачка и месачка во село Слоештица, Демирхисарско. По мајчина линија потомок, тој е на Илија Кочовски, надалеку прочуен народен раскажувач кој не знаел да пишува но оставил десет усни томови во Институтот за фолклор во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Институтот за македонска книжевност, како уредник на „Мисла“, предавал творечко пишување на повеќе универзитети во Европа и Соединетите Држави, и бил амбасадор на Македонија во Франција.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 204.
Добитник е на повеќе награди и признанија: награда на весникот „Студенски збор“, на 23 МЕС во Сараево награда за најдобар драмски текст, вонредна награда на Стерииното позорје и др.
Кон крајот на 2013 година, обновената зграда на Македонскиот народен театар, била отворена со премиера на неговата драма „Вечната куќа“, во режија на Дејан Пројковски.МНТ утре почнува со работа во новиот објект, премиера на „Вечната куќа“ — Курир Женет е со Лилјана, со која ги имаат синовите Константин и Илија.
Објавени книги „Еригон“ (драма) „Мацедонише цуштенде“ (драма) „Југословенска антитеза“ (драма) „Подземна Република“ (драма) „Безбог“ (драма) „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма) „Р“ (драма) „Вечната куќа“ (драма)
Наводи
Категорија:Родени во 1953 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Слоештица Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски уредници Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Амбасадори на Македонија во Франција Категорија:Амбасадори на Македонија во Шведска Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“