Садик Садику (албански: Sadik Sadiku; Пирок, Тетовско, ) — македонски просветен и политички деец.
Животопис Садику е роден во тетовското село Пирок на 25 февруари 1930 година. Завршил гимназија и дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1970 година. Бил учител и наставник во основно училиште и во гимназија и референт за професионална ориентација во Заводот за вработување во Гостивар. Бил член на Извршниот одбор на Општинската конференција на ССРНМ, член на Претседателството на Општинскиот синдикален совет, претседател на Општинската конференција на СКМ во Гостивар, пратеник и претседател на Административната комисија на Собранието на СРМ и член на ЦК на СКМ на кој бил избран на Петтиот конгрес.
Наводи
Категорија:Луѓе од Пирок Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политичари Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски политичари Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје