Сервет Салиу (албански.: Servet Saliu; Гајре, Тетовско, - Тетово, ) — македонски политичар.

Животопис Салиу е роден во тетовското село Гајре на 20 декември 1928 година. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград. Бил организационен секретар на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател на Собранието на Општината Тетово и претседател на Општинската конференција на ССРНМ. Подоцна бил избран за член на ЦК на СКМ и одговорен за кадровската политика, член на Републичката конференција на ССРНМ и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ. Со образложение „поради низа слабости и недоследности за човек што вршел низа високи општествени и републички функции и оти сноси одговорност за ескалацијата на албанскиот национализам и сепаратизам во Тетовската општина“, на проширената седница на ОК на ССРН во Тетово бил отповикан од делегат на РК на ССРНМ на 23 октомври 1987 годинаСервет Салиу отповикан, РК ССРН - Тетово, „Вечер“, XXV, 7541, Скопје, 23. X 1987, 4..

Наводи

Категорија:Луѓе од Гајре Категорија:Починати во Тетово Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски политичари Категорија:Југословенски Албанци