Историја на исламот — историјата на исламот како религија и општествена установа. Според исламот, погрешно е да се каже дека историјата на Исламот во Арабија започнала со муслиманскиот пророк Мухамед во VII век. Според исламската вера и Светиот текст, исламската историја започнува со Адам и Ева. Тие се сметаат за први апостоли на Бог. Подоцна, многу пророци како Аврам, Мојсеј, Исус, се предавале на истата вера, макар и во различни региони или во различни точки на времето.

Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економските и воените географски области. Исламскиот историски развој има влијание и надвор од исламскиот свет. Еден век по смртта на Мухамед, исламска империја се простирала од Атлантскиот Океан на запад до Средна Азија на исток. Последователните империи како Омејадската империја, Абасидската, Фатимидската, Могулската, Сефидската, и Османлиската биле меѓу најголемите и најмоќните во светот. Исламската цивилизација создала безброј центри нс полето на културата и науката преку голем број на истакнати научници, астрономи, математичари, лекари, медицински сестри и филозофи во текот на Златниот век на исламот. Технологија цветела; имало многу инвестиции во економската инфраструктура, како што се системите за наводнување и каналите, и особено, за важноста на читањето на Куранот произлегло релативно високо ниво на писменост на општото население.

Подоцна, во XVIII век и XIX век, многу исламски региони паднале под раководство и влијание на Европските империјални сили. По Првата светска војна, на остатоците од Отоманското Царство биле создадени поголем број на европски протекторати или држави. Иако под влијание на различни идеологии, како што се комунизмот, во текот на поголемиот дел од XX век, исламскиот идентитет и доминацијаta на исламот врз политичките прашања бил дискутабилен за да истиот се зголеми во текот на XXI век. Брзорастечките западни интереси во исламските региони, преку меѓународните конфликти и глобализација довело до промена на влијанието исламот на светско ниво во XXI векhttp://www.islamonline.net/servlet/Satellite?c=Article_C&cid=1212925100226&pagename=Zone-English-ArtCulture%2FACELayout Milestones of Islamic History.

Потекло и почеток

Според традиционалните погледи, стиховите од Коранот биле напишани во времето на Мухамед. Преданието кажува дека во 610 година, на Мухамед му се јавил Архангел Гаврил. Ова бил и почетокот на Куранот и Исламот Мека била освоена од страна на муслиманите во 630 година. Во прво време, Мухамед проповедал само пред своите најблиски роднини и пријатели, но по три години веќе тој јавно проповедал низ Мека, каде новата вера за првпат ја прифатиле сиромасите. Честопати неговиот настап на Каба доведувало до нередија помеѓу народот. Во 630 година во Мека бил убиен еден муслиманин, а тоа бил и походот Мухамед да започне пресудна војна за Мека.

До војна не ни дошло бидејќи Мухамед ја признал Мека за Свет град, и Каба за светилиште на еден Бог Алах. Голем број од населението ја прифатила новата вера. Од Мека, Мухамед започнал да го шири исламот, а со тоа и исламската држава, прогонувајќи многу немуслимански племиња и народи. Тој постојано сугерирал да неговите сојузници го прифатат исламот. За многу брзо време, цела Арабија била дел од исламската држава. По десет години откако преминал од Мека во Медина, Мухамед заминал на аџилак, учејќи ги своите следбеници за правилата и обичаите на аџилакот. Тој на тоа патување го одржал и својот последен говор (арапски: Khutbat al-Wadaa) советувајќи ги на муслиманите да не живеат со старите туку да ги прифатат новите обичаи. По само неколку месеци од овој говор, Мухамед се разболел и починал во својот дом во Медина на 8 јуни 632 година, без машки потомок. Неговиот гроб се наоѓа на местото на неговата куќа, денешната џамија Месџид ел-Небеви. Џамијата Ал Акса е местото кое се смета дека Мухамед воскреснал кон небото.

Рани калифати

Откако Мухамед починал, во исламската држава се појавиле серија од калифати: Абу Бакр Сидик, Умар, Утман и Али. Овие четири калифати се познати како Праведни калифати на сунитскиот ислам. По Праведниот Калифат биле создадени пголем број на калифати. Секоја калифат развивал свој посебен шариат. Имало моменти на натпревар на тврдењата помеѓу сунитските калифати.

Абасиди

Абасидите се суниитска арапска династија чиишто калифи владееле во периодот од 750 до 1258 година. Името на оваа династија доаѓа од чичкото на Мухамед, Абаси (566-652), кој е всушност основачот на династијата. Искористувајќи го незадоволството во Месопотамија, Абасидите во 748 година дигнале востание против Омејадите убивајќи го владетелот Марван II. По ова била освоена цела Сирија, земја каде престолнина до тогаш бил градот Дамаск. За нов калиф бил прогласен Абул Абас (750 - 754). Неговиот брат и наследник Ал-Менсур (754 - 775) го преместил седиштето на калифатот во новооснованиот град Багдат (762). За време на владеењето на Харун Ал Рашид (786 - 809) и Мамун (813 - 833), калифатот достигнал највисок степен на економски и културен развој. Во времето на Харун Ал Рашид, Багдад бил најбогатиот град во светот, започнал т.н. златен век за науката и уметноста, која брзо се развивала.

thumb|500px|Абасидскиот калифат во 820 година

Империја имала огромна површина, во својот состав ги вклучувала Персија, Египет, Арабија и Блискиот Исток. Со развојот на феудализмот зајакнале партикуларните тенденции. Некои намесници постепено започнале да се одвојуваат. Економските услови станале многу лоши, бидејќи обврските се зголемувале, населението сè повеќе било сиромашно, индустријата замрелаLapidus (1988), p.129. Во 1055 година, селџучкиот хан Тогрул се наметнал за нов калиф и цела моќ била ставена во негови раце. калифатот постоел до 1258 година, односно до инвазијата на Монголците и нивното освојување на Багдад, при кое некои членови на династијата побегнале во Каиро, каде што султанот Баибарс осовал нов абасидски калифат кој се задржал до 1517 година.

Фатимиди

Фатимидскиот калифат произлегува од Тунис, но по освојувањето на Египет во 969 година, нивната престолнина бил преместена во Каиро. Под Фатимидите, Египет станал центар на калифатот, во кој биле вклучени Северна Африка, Сицилија, Палестина, Сирија, Јемен и Хејаз. Во времето на Фатимидите, Египет имал развиено силна трговска мрежа во Средоземното Море и Индискиот Океан.

Династијата била основана од страна на Абдула Ал Махди Билах во 909 година, кој имал директно потомство на Мухамед преку неговата ќерка Фатима и нејзиниот сопруг Имамот Алија (или калиф Али), првиот шиитски имам. Од таму доаѓа ѝ името на Фатимидскиот калифат. Абдула Ал Махди својата власт ја проширил во целата централна област на Магреб, која се состои од Алжир, Мароко, Тунис и Либија. Фатимидскиот калифат во 969 година освоил дел од Египет и Каиро, а во 972 година бил заземен цел Египет. Тие ја покориле Икшидидската династија и го основале денешниот модерен град Каиро. Тие продолжиле со освојувањето на територии, сè додека не ги завладееле териториите од Тунис кон Сирија, преку Средоземното Море до Сицилија. За разлика од другите владетели околу овие области, Фатимидите најголем прилог давале на цивилната служба, а не на културното наследство. Сунитски муслимани се исти како и шиитите да заземаат високи владини позиции. Тие покажувале одредена толеранција кон христијаните и евреите.

right|250px|thumb|Џамија Ал-Хаким, Каиро, Египет

Гувернери на Северна Африка во времето на оваа династија биле Зиридите кои во 1040 година успеале да се оделат од Фатимидите и да прогласат независност. По 1070 година, во составот на овој калифат сѐ уште биле Левант и Сирија, но во исто време тие биле нападнати од страна на селџуците. Веднаш по ова се дошло до објавување на Првата крстоносна војна, па територијата на Фатимидите го опфаќала само во Египет. По распаѓањето на Фатимидската династија, во 1169 година Саладин го зазел Египет, создавајќи ја новата Ајубидска династија.

Освојување на Пиринејскиот Полуостров

Маварското освојување на Пиринејскиот Полуостров (711-718) започнало во времето кога арапските Маври ги нападнале државите на Визиготите, кои се наоѓале на Пиринејскиот Полуостров. Војсководецот Тарик Ибн-Зијад, предводел војска претежно составена од Бербери го преминал протокот од африканската кон европската страна и го освоил Гибралтар. По осум години, Маврите успеале да заземат голем дел од Пиринејскиот Полуостров, освен северозападните региони Астурија и поголем дел од Баскија. Територијата која била освоена била позната под името ел-Андалус.

thumb|Внатрешноста на дворецот Алхамбра во Гранада, Шпанија

Владетелите на ел-Андалус биле доделени на ранг на емирство од Омајадскиот халиф Ал-Валид I во Дамаск. Во текот на нивното постоење, нивната империја станала десетта најголема империја на сите времиња по моќ и територија. Нивната династија била уништена од страна на Абасидската династија кои се преселиле кон Ал Анадулз и каде го основале Кордопскиот калифатHourani, pg.41. Во времето на Ал Хакам II, халифатот успеал да обезбеди мир со христијански царства на северна Иберија, и и истот го искористил за стабилизирање и развој на земјоделството преку изградба на канали за наводнување. Економијата на земјата била во подем, биле градени нови улици и пазари. Кордоба имала 450.000 жители и претставувала еден од најзначајните центри во светот. Халифот во Кордоба основал библиотека која имала 400.000 книги. Калифатот најмногу се ангажирал во преведувањето на старогрчките записи од филозофијата. Ибн Рушд бил оној кој ги “вратил“ делата на Аристотел во Европа. Во Кордоба имало значајни достигнувања во областа на математиката, медицината и астрономијата. Овој период од владеењето на калифатот е познат како разцвет на муслиманското присуство на полуостров.

Кордопскиот халифат се распаднал во 1031 година поради политичките поделби и граѓанските немири во текот на владеењето на Хишам II. Граѓанската војна довела до слабеење на Кордопскиот халифат. Во периодот од 929 до 1008 година владееле само три халифи, а веќе од 1008 до 1031 дури седум халифи. Последен халиф на Кордоба бил Хишам III. По неговата смрт, калифот бил разделен на повеќе мали таифи. Во времето на Реконквистата, овие мали кралства не биле во можност да се спротивстават на христијанските кралства.

Крстоносни војни

Во текот на VIII век, на територијата на Пиринејскиот Полуостров започнала Реконквистата, односно период на протерување на арапските Маври од полуостровот. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години, до 1492 година. На 27 ноември 1095 година, една недела по Црковниот собор во катедралата, папа Урбан II повикал на Света војна кон неверниците со кое дал почеток на првата крстоносна војна.„Темплари-Историјат и митови на легендарниот витешки ред“, Шон Мартин, стр. 18. Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по што им се отворил патот кон Антиохија, која исто така многу брзо паднала. Така било создадено и Ерусалимското Кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи.

Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците пред портите на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.Hallam, Elizabeth. Chronicles of the Crusades: Eye-Witness Accounts of the wars Between Christianity and Islam. London: Weidenfeld and Nicolson, 1989. pp 155-155. Ова бил уште еден повод за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на муслиманите кај европските народи предизвикал многу негативни реакции. Папата Григориј VIII издал наредба за нов крстоносен поход. Владетелите на Германија, Фридрих Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри II на соборот во Мајнц се договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не успеале да го заземат повторно Ерусалим.