мини|десно|250п|Самоиловата базилика „Св. Ахил“. мини|десно|250п|Саркофазите на царевите Самоил, Гаврил Радомир и Јован Владислав Ахил или Аил (, Агиос Ахилиос) — преспанско село во Леринско, Егејска Македонија, денес дел од општината Преспа. на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Сместен е на истоимениот остров Свети Ахил. Населението брои 26 жители (2021), сите Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на истоимениот остров Свети Ахил (или само Ахил) во Малото Преспанско Езеро, поврзан со брегот со понтонски мост. Оддалечено е 50 км западно од градот Лерин и лежи на надморска височина од 960 м.

Топонимија Ова е список на позначајните топоними на островот Ахил и во неговата околина:

Гершојца, Големиот Шатор, Големо Поле, Гољо, Гумната, Дабот, Дева, Икончето, Јаката Круша, Калето, Калиште, Кошот, Крина, Кула, Кусата Горница, Лозјата, Мало Поле, Малото Шаторче, Манастирот, Мачкин Дол, Мрамор, Мусоа Падина, Над Лозја, Над Поле, Опајска Улица, Патои, Перово, Под Лозја, Полето, Поро, Ремата, Рот, Свети Атанас, Свети Ахил, Свети Димитрија, Свети Ѓорѓија, Свети Никола, Селиштата, Селските Нивчина, Спас, Среден Рид, Средната Межда, Тумбата, Фојката, Црвената Горница, Црниците, Черешните, Шиничето.

Историја Среден век На островот се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа со базиликата „Св. Ахил“ во која е погребан Цар Самоил.

Османлиско време Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ахил (Ahil) било мало рибарско село во Ресенската каза со 13 домаќинства и вкупно 36 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89. Според Стефан Верковиќ во 1889 г. Ахил имал 17 домаќинства со вкупно 74 жители, сите Македонци.Стефан Веркович. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. СПб, 1889.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 60 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242. Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Ахил живееле 24 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ахил се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 11 куќи.

Населбата немала услови за пораст поради ограничениот простор на островот, но и тешките услови за живот. Населението претежно се занимавало со рибарство, а многу малку со земјоделство.

Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 92 жители. Во својот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ во Ахил завел 13 македонски куќи. За време на Грчката граѓанска војна селото наполно настрадало, и затоа целото население се иселило. Поголем дел од жителите се преселиле во Р. Македонија и источноевропските земји, а дел се вратил назад.

Според испитување спроведено во 1993 г. македонскиот јазик во Ахил во зачуван на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Население Во 129 извештај во книгата Егејска Македонија во НОБ, селото на 27 декември 1947 година било означено како чиста македонска населба.

Родови Родови во селото биле: Глигоровци, Грујановци или Петковци (доселени од Нивици во 1858 година), Марковци (доселени од Л'нки), Ристовци и Стојановци или Трајковци (доселени од П’пли во 1873 година).

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ахил, во кој спаѓа и селото Винени.

Културни и природни знаменитости Цркви На островот има повеќе цркви, а порано биле уште побројни: Базилика „Св. Ахил“ од X век (урнатини) Црква „Св. Апостоли“ од XI – XII век (урнатини) Црква „Св. Димитриј“ од XIV век (урнатини) Црква „Св. Ѓорѓи“ од XV век Црква „Пресвета Богородица Порфирна“ од XVI век

Археолошки наоѓалишта Кале — акрополата на средновековниот град Преспа

Поврзано Свети Ахил (остров) Мало Преспанско Езеро

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Преспа (општина)