Борешница (, Палестра; до 1926 г. Μπορέσνιτσα, БоресницаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπορέσνιτσα - Παλαίστρα) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 289 жители (2011), сочинето од Македонци.
Географија Селото е сместнео во Леринското Поле, 10 км источно од Лерин крај на Голема Река (Ресанска), притока на Сакулева Река.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Борешница било село во Леринската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Борешница (Boréchnitza) била село во Леринската Каза со 150 домаќинства од вкупно 375 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Борешница имала 348 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249. Во бугарското училиште во Борешница во 1897/98 г. предавал револуционерот Атанас Шишков од Пателе.Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 134. На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 344 жители, сите Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Борешница се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 43 куќи.
По 1900 г. се засилило иселувањето на жителите на Борешница во Америка, претежно во САД. Според бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев на почетокот на 1904 г. 28 лица од селото занимале на работа во Америка. Во првите месеци на 1905 г. е забележано заминувањето на уште 9 лица.Миграционни движения на българите 1878-1912, т. 1, София 1993, с. 314, 397. Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 40 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 375 жители.. За време на Првата светска војна Борешница била окупирана од бугарската војска, за да биде вратено во Грција по сила на Нејскиот миреовен договор. Во 1926 г. властите го преименувале во Палестра. На пописот од 1928 г. во селото живееле 447 лица.
Во 1940 г. населението на Борешница броело 592 жители. Поради оддалеченоста од воените операции, селото не нстрадало во Граѓанската војна, па затоа од него се иселиле само 5 семејства во Р Македонија и неколку лица во источноевропските земји. Така, во 1951 г. во него се попишани 638 жители. Во 1960-тите населението почнало позначајно да опаѓа поради засиленото иселување во прекуокеанските земји, особено во Австралија.
Цркви Борешница има две цркви:Портал на поранешната Општина Овчарани „Св. Илија“ „Јован Богослов“
Селска слава е Илинден, на 2 август.
Население
Стопанство Селото се смета за богато. Жителите се занимаваат со земјоделство и произведуваат доста житарки и големи количества тутун. Мошне развиени се лозарството и сточарството.
Поврзано Леринско Поле
Личности Атанас Попов (1871 – 1925) — револуционер Ѓорѓи Перикли Баничотов (? – 1947) — комунистички деецElizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009 Јован Филипов (Јоанис Воскопулос; р. 1957) — политичар, градоначалник на Лерин, братучед на леринскиот деец Павле Филипов (Павле Воскопулос) од македонската партија „Виножито“
Надворешни врски Дијалектни текстови од Борешница и Арменово, стр. 114-144
Наводи
Категорија:Лерин