мини|250п|Песочница оддалеку. Песочница (, Амохори; до 1927 г. Πεσόσνιτσα, ПесосницаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πεσόσνιτσα -- Αμμοχώριον) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.250 жители (2011), од кои Македонците се огромно мнозинство.

Географија Селото е сместено во Леринското Поле, околу 6 км источно од Лерин и 4 км северно од Кучковени. Низ Песочница тече Мала Река.

Историја Во Отоманското Царство Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Пешошница како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93. В 1861 г. австрискиот интелектуалец Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја обележал Песочница како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Песочница живееле 850 Македонци христијани и 200 Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Песошница се води како мешано македонско-турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 156 куќи.

Според извештај на бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, на крајот на 1902 г. сета Песочница (село во Леринската околија со 156 куќи) потпаднала под врховенството на Бугарската егзархија и нејзината пропаганда, а претходно била поделена помеѓу егзархијата и Цариградската патријаршија (грчката проаганда).Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX — началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 26.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Песочница живееле 800 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177. Во Песочница работело бугарско училиште со учител Б. Ацев.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 37

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 794 жители, кои во 1920 броеле 796 лица. Во 1920-тите малобројното турско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите доселиле 156 грчки колонисти од Понд. Во 1927 г. селото е преименувано во Амохори, што е грчки превод на македонското име(букв. „песочно село“). Во 1928 г. во Песочница се попишани 1.092 жители, од кои македонските мештани останале огромно мнозинство.

Во 1940 г. населението се зголемило на 1.508 жители. За време на Втората светска војна селото е окупирано од германски војска и во него е отворено бугарско училиште. Селото не настрадало во Грчката граѓанска војна, па затоа во 1951 г. е попишано со 1.582 жители. Во 1961 г. населението броело 1.510 жители, но во 1961 г. се намалил на 1.310 лица поради иселување на извесен број на Македонци во прекуоканските земји, и на грчките доселеници во околните градови. На пописот од 1981 г. Песочница броела 1.362 лица, кои во 1991 г. се зголемиле на 1.600. Во следниот период населението повтороно опаднало, со 1.294 во 2001 и 1.250 во 2011 г.

Цркви мини|десно|250п|Црквата „Св. Ѓорѓи“ (лево) во Песочница. „Св. Атанас“ — изг. во 1910 г. „Св. Никола“ — изг. во 1960 г. „Св. Ѓорѓи“ — изг. во 1980 г.

Селска слава е Ѓурѓовден, на 23 април.Портал на поранешната Општина Кучковени

Население

Стопанство Селото има прилично плодно земјиште. Се одгледуваат жито, тутун, компир и бостан, а делумно е застапено и сточарството.

Личности мини|исправено|Константин Волканов Џим Антон (1944 - 2007) — деец на македонската дијаспора во Австралија Георги Поп Иванчев — револуционер од МРО Димитар Гердев — револуционер Кице Грдечки — револуционер од МРО Коле Маринчев — револуционер од МРО Константин Волканов (1868 – 1927) — просветен и револуционерен деец Наум Петров (1869 – ?) — револуционер Наум Гинков — деец на МРО, учител во битолското село Ѓавато, војвода на песочничката чета во Илинденското ВостаниеНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 34. Никола Маринчев (1884 – 1932) — револуционер Христо Волканов (1874 – 1905) — просветен деец и револуционер

Поврзано Леринско Поле

Наводи

Надворешни врски

Страница за Песочница Народна песна пд Песочница Црквата „Св. Никола“ во Песочница

Категорија:Песочница (село)