Плешевица (, Колхики; до 1928 г. Πλησεβίτσα, Плисевица Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πλησεβίτσα - Κολχική) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 231 жител (2011).

Географија Селото е сместено во Леринското Поле, 7 км југоисточно од Лерин и 3 км јужно од Кучковени. Крај селото тече Негованска Река, која по неколку километри се влева во вештачкото Плешевичко Езеро на север.

Историја Во Отоманското Царство Плешевица првично било македонско село, но подоцна тука се доселиле Албанци кои со време го истиснале домородното население. Од првовремено македонска, кон средината на XIX век селото станало мешана населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 Плешеница (Pléchénitza) било село во Леринската Каза со 200 домаќинства и 405 жители муслимани и 308 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82-83.

До почетокот на XX век албанското население наполно го истиснало македонското. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 700 Арнаути муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Плешовица (Плештевица) се води како чисто албанско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 80 куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 400 жители. Во 1920 г. во Плешевица живееле 532 жители, но во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле Грци од Понд. Во 1928 г. Плешевица била чисто дојденско село со 367 жители (95 семејства).

Во 1940 г. во селото се попишани 530 жители. Плешевица не настрадала во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. имала население од 444 жители. По војната, жителите сè уште немале црква, и за таа цел ја користеле старата турска џамија. Населението се приметно се намалило во 1960-тите и 1970-тите поради иселувања во поголемите градови.

Според истражување од 1993 г. селото е чисто дојденско, и во него понтскиот грчки е зачуван на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Население

Стопанство Населението одгледува жито, тутун и компири, а делумно е застапено и сточарството.

Поврзано Леринско Поле

Наводи

Категорија:Лерин