Сакулево (, Марина; до 1928 г. Σακούλεβο, СакулевоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σακούλεβον -- Μαρίνα) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 58 жители (2011), сочинето од Македонци.
Географија Селото е сместено на десниот брег на Сакулева Река, 16 км североисточно од Лерин и 10 км источно од Долно Клештино. Лежи во северниот крај на Леринското Поле, близу границата со Р Македонија.www.google.bg/maps/
Историја Во Отоманското Царство мини|десно|250п|Селанки во Сакулево за време на Првата светска војна. Селото се јавува во османлиските дефтери на христијанското население од Леринскиот вилает за 1626-27 г. како Сакулова со 28 даночни домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 333 Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович ( „Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Секулево како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта го завел Сакуленио (Sakuljenio) како мешано македонско-албанско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сакулево (Sakoulévo) имало 250 домаќинства со 500 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
На почетокот на XX век Сакулево било мешано македонско-турско село во Леринската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сакулево имало 380 жители Македонци христијани и 80 жители Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249. По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 336 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сакулево се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 42 куќи.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 52 домаќинства, со 37 македонски и 15 турски куќи. Поради успесите на сојузничките сили во Првата балканска војна, Турците од Сакулево пребегале во Лерин.Милојевић, Б. Јужна Македонија. Антропогеографска испитивања. Београд, Државна штампарија. 1920, с.21, 103.
Во Грција мини|250п|Црква во Сакулево за време на Првата светска војна. мини|250п|Мост кај Сакулево за време на Првата светска војна. мини|250п|Војници на Антантата на железничката станица во Сакулево. мини|250п|Селани во Сакулево за време на Првата светска војна. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 230 жители.
При теренската работа во јужна Македонија во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го посетил Сакулево и ги проучил неговите родови, делејќи ги на староседели и доселеници.Милојевић, Б. Јужна Македонија. Антропогеографска испитивања. Београд, Државна штампарија. 1920, с. 99.
Староседелци: Доневци — 4 куќи и Трајче Богое — 1 куќа, Линга — 1 куќа, Бешлиовци — 2 куќи, Бишкаровци — 3 куќи. Доселеници: Ѓулуковци — 2 куќи (дојдени од Совиќ ~ 1837 г.), Коте Азуро - 1 куќа (дојдена од Совиќ ~ 1852 г.), Пуфтевци - 6 куќи (дојдени од Сливица ~ 1857 г.), Таевци - 2 куќи (дојдени од Рамалија ~ 1862 г.), Ристо Неделко - 1 куќа (дојден од Паралово ~ 1867 г.), Параловци - 2 куќи (дојдени од паралово ~ 1882 г.), Кара Јоан - 1 куќа (дојден од Асаново ~ 1887 г.), Стојче Јарик - 1 куќа (дојден од Асаново ~ 1887 г.), Трајко Сербез - 1 куќа (дојден од Пополжани ~ 1892 г.), Васил Марко - 1 куќа (дојден од Асаново ок. 1897 г.), Неделко Рамалиец - 1 куќа (дојден од Рамалија ~ 1902 г.), Кривашија - 4 куќи (дојдени од Асаново ~ 1903 г.), Србин - 1 куќа (дојден од Рамалија ~ 1904 г.), Ричко - 1 куќа (дојден од Асаново ~ 1904 г.), Најдо Цуце - 1 куќа (дојден од Долно Каленик ~ 1914 г.)
Милоевиќ забележал дека селото имало неколку задруги, кои месно се нарекувале друштва. Тоа биле куќите на Кара Јоан, Неделко Рамалиец, Србиновци и една куќа на Ѓулуковци. Спомнува дека куќите во селото се изградени од ќерпич.Милојевић, Б. Јужна Македонија. Антропогеографска испитивања. Београд, Државна штампарија. 1920, с. 47-48, 84, 98.
Во 1920 г. Сакуелво е заведено со 263 жители кои во 1928 г. биле 329. Истата 1928 г. властите го преименувале селото во Марина. Во меѓувоениот период селото значително пораснало, па во 1940 г. во него се попишани 488 лица.
Поради Граѓанската војна 20 семејства и неколку поединци од Сакулево пребегале во Р Македонија, па во 1951 г. селото се намалило на 370 лица. Намалувањето продолжило и во следниот период поради иселување во прекуокеанските земји. По извесни десетлетија устојчивост, на почетокот на XXI век населението на Сакулево се смалило наполу.
Население
Стопанство Селото важи за богато. Се произведува многу жито, компири, грав и бостан.
Личности Илија Страхила — револуционер од МРО Ило Марчев — деец на МРО, војвода на селска чета во Леринско за време на Илинденското востание, дел од одредот на Алексо Џорлев кој дејствувал на КајмакчаланНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 100. Никола Параловски (? – 1909) — деец на МРО, сакулевски селски војводаНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 123. Дељо Атанасов Бешлиев — македонски револуционер од ВМОРО. Леонида Дељо Бешлиев — комунистички деец Ристо Л. Бешлиевски — комунистички деец Пандо Л. Дафовски — комунистички деец Улјан Л. Дафовски — комунистички деец Петре Т. Дафовски — комунистички деец Ламбо Г. Дафовски — комунистички деец Михали Д. Дафовски — комунистички деец Филко Кривошиевски — комунистички деец Менка Кривошиевска — комунистички деец
Поврзано Леринско Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лерин