Спанци (, Фанос; до 1926 г. Σπάντσα, Спанца или Σπάντσι, СпанциΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σπάντσα -- Φανός) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 87 жители (2011).
Географија Селото е сместено 32 км југоисточно од Лерин, 7 км западно од Суровичево и 3 км од Горно Врбени. Лежи во областа Сариѓол, во подножјето на планината Вич.
Историја Праисторија На 3 км јустоисточно од селото во месноста Ливада има остатоци од праисториска населба од неолитот и раното бакарно време. На рид половина километар источно од Спанци има и другоаа праисториска населба, исто така од бакарно време. Во месноста Тумба Ливада стојат остатоци од градба од византиско време.
Во Отоманското Царство Во минатото селото било населено исклучиво со Македонци. Кон крајот на XVIII век Али-паша Јанински во Спанци и соседното Гулинци почнал да населува Турци-Јуруци кои со време го истиснале домородното македонско население. На крајот од XIX век Спанци е забележано како турско-ромско муслиманско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанци (Spantzi) имало 25 домаќинства со 67 жители Македонци,„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. што е веројатно погрешен или мошне стар податок, од времето пред иселувањето на Македонците.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ напишал за Спанци:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), Спанци во 1900 г. имало 120 Турци и 60 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250. Во следниот период во селото се доселиле две македонски семејства. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Спанци се состоело од 25 турски и 2 македонски куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спанци се води како мешано македонско-турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 38 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во селото живееле 162 лица, кои во 1920 г. броеле 142. Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Кавказ и Власи од Влашка Блаца, Кајларско. Подоцна во Спанци се доселиле уште македонски семејства од околните села. Во 1926 г. селото е преименувано во Фанос. Така, во 1928 г. Спанци повторно станало мешана населба, овојпат со македонско, влашко и грчко доселеничко население — вкупно 122 жители.
Население
Стопанство Селото произведува жито, тутун и грозје, а делумно и сточарски преработки.
Личности Починати во Спанци Доне Липитков (1875 – 1905) — револуционер
Поврзано Сариѓол
Наводи
Категорија:Суровичево